fbpx
Академија за графички дизајн

Академијата за графички дизајн е правилниот избор за оние кои сакаат да ја изразат својата креативност! Оваа програма не нуди само техничка спрема во програмите на Adobe, туку и развој на креативната мисла, flow of concept и thinking “outside-of-the-box”. Сето тоа студентите го преточуваат низ голем број кампањи на кои работат во текот на Академијата. Ние сме тука за да Ве насочиме да размислувате како креативци. Да размислувате од каде и како ќе црпите инспирација и како да го преточите тоа решение во реклама за “Кански Лав”. За оние кои незнаат, Канскиот Фествал на креативноста е најпрестижниот фестивал во светот, место каде сите  агенции и креативци се стремат барем еднаш да освојат награда.

Нашата Академија е во партнерство со најдобрата школа за дизајн во светот Miami Ad School. Горди сме дека нашиот студент Тамара Чуриќ по завршувањето на Академијата го продолжи своето школување таму и денес работи и живее во Берлин. Но не е само Тамара успешна приказна на која сме горди, Елена Цветановска по завршувањето на Академијата се запиша на пост дипломски студии на Факултетот за применети уметности во Љубљана. Миа Вујадиновиќ доби стипендија на Факултетот за графички дизајн при ФОН Универзитетот. Андреј Лазаревски продолжи на пост дипломски студии на Digital & Interactive Design на  Politecnico di Milano.

Тамара Јовановска се вработи во Публицис на Саемот за вработување кој го организиравме. Јована Томовска работи во Creative Hub, а сите успешни приказни можете да ги прочитате во делот на студенти.

Она што сакаме да го истакнеме е дека, по завршувањето на Академијата, треба да излезете со едно портфолио кои ќе Ви ги отвори можностите за работа. Ова е најкреативната професија во светот.

Не постои подобро чуство од тоа да си го видите сопствениот дизајн на билборд.

 

Реални проекти

Сите студенти работат на проект во текот на сите предмети на Академијата. Но и по завршувањето на Академијата студентите добиваат задачи да изработат платени или волонтерски проекти. Дел од нив вклучуваат “Ре-брендирање на Струмка”, “Ре-брендирање на Здравје Радовo”, “Дизајн на лого и брендинг за Винарија Попови”, “Кампања против насилство на жени” во соработка со Интермецо, “Кампања за безбедност во сообраќајот” итн.

 

Многу лесно може да ја промените професијата

Без разлика од која бранша сте или колку години имате, ако имате страст за оваа професија, преку нашата Академија ќе го добиете потребното знаење за да започнете кариера.

 

Интерактивна онлајн програма или во живо

Програмата е достапна онлајн и во живо. За интерактивна онлајн програма, студентите добиваат линк за секое предавање. Онлајн програмата може да ја следите каде и да сте. По завршувањето на секое предавање ќе добиете снимен видео материјал кој можете одново да го прегледате.

Мојата идна професија

Graphic Designer, но се надеваме дека ќе стигнете до Art Director или Креативен Директор.

 

Партнерства и настани

Нашата цел не е само да Ви дадеме вештини од нашиот тим на искусни предавачи туку и да Ве поврземе со колеги од адвертајзинг индустријата. Аплицирајте за Голден Драм, Канск Лав или други адвертајзнг фестивали.

Ние сме заедница од артисти и сакаме да Ве поврземе со светот.

Фотографија

  • Добри и лоши примери за фотографија
  • Добри и лоши примери за едитирање на фотографија со локални артисти
  • Кратка историја на фотографијата
  • Анатомија на камерата
  • Температура, сатурација, боја и сл.
  • Елементи на фото студио
  • Мобилна фотографија
  • Организација на просторот на фотографијата
  • Креирање ефекти на „длабочина“во фотографија
  • Креирање на ефект на „движење“во фотографија
  • Поедноставување на позадината со фокус на предмет/модел
  • Портрет фотографија– совети и трикови заподобра портрет фотографија
  • Сликање во студио – практичен дел
  • Анализа на домашната задача и сликање фотографии

 

Adobe Photoshop

  • Основни елементи и поими во графички дизајн
  • Развој на финално дизајнерско портфолио
  • Учење на art board во Adobe Photoshop
  • Работење со layers
  • Корекција и подобрување на дигиталната фотографија
  • Маски и канали
  • Техники на векторско цртање
  • Компјутерска анимација
  • Креирање портфолио

 

Adobe Illustrator

  • Изучување на art board во Adobe Illustrator
  • Техники за избор на векторски графики
  • Креација и редизајн на форми и објекти
  • Трансформација на објекти
  • Бои и палети
  • Типографски дизајн
  • Работа со layers
  • Имплементација на елементи и стилови

 

Adobe InDesign

  • Учење типови на хартија
  • Анализа на списанија со различни теми и концепти
  • Дефинирање на почетни параментри за нов документ
  • Учење на art board и алатки за Adobe InDesign
  • Layouts
  • Master pages
  • Вметнување текст и графика
  • Работа со графикони
  • Стилови на текст и параграфи
  • Избирање на палета бои
  • Користење текст
  • Техники за цртање
  • Ефекти
  • Интерактивни алатки
  • Експорт на документ
  • Напредни функции на печат
  • Напредни функции на онлајн објавување
  • Портфолио

 

Адвертајзинг * Само за наставата на македонски јазик

  • Развивање идеи и нивен концепт на различни медиуми
  • Анализа на познати реклами од адвертајзинг настани
  • Анализа на концепти од Cannes Lions
  • Формирање концепт и развивање креативна идеја
  • Стручни контакти
  • Читање брифови
  • Претставување на адвертајзинг идеи и вежби за тоа какотреба да изгледа „creative pitch“
  • Сруктура на адвертајзинг агенција
  • Копирајтинг и креативно портфолио

 

UX UI дизајн * Само за наставата на македонски јазик

  • Вовед во UX & UI
  • Учење преку дизајн во програма Adobe XD
  • UX Design Activities – креирање свое UX портфолио
  • „Easy to use“ – мерење на корисничко искуство
  • Структура на веб сајт и навигација – “ finding is the new doing “
  • Дизајн на интеракција: едноставни правила за дизајнирање едноставни страни
  • Дизајн на мобилна апликација
  • Прототип
  • Експорт
  • Handoff
  • Вежби и финален проект

 

Брендинг * Само за наставата на македонски јазик

  • Вовед во брендинг
  • Откритија и преглед на анализа
  • Мисија, визија и вредност на брендот
  • Позиционирање на брендот
  • Персонализирање на брендот
  • Проект, презентација: „Која е твојата цел?“

 

Типографија *Само за наставата на македонски јазик

  • Историја на типографија
  • Креирање на својот прв фонт
  • Објавување на својот прв фонт
  • Работа со Extensive Suite

 

Припрема за печат * Само за наставата на македонски јазик

  • Вовед и основи на печат
  • Учење различни техники за печат
  • Фази пред принтање, производство иработа
  • Pantone бои
  • Најчести грешки кога се креираат фајлови за принт
  • Учење различни видови материјал и нивна употреба
  • Посета на принт студио и принтање реални проекти

 

After Effects * Само за наставата на албански јазик

  • Започнување со After Effects
  • Креирање основна анимација со користење ефекти
  • Анимација на текст
  • Работење со форми
  • Работење со маски
  • Анимација со мултимедијална презентација
  • Анимација на layers
  • Puppet алатка
  • Roto Brush алатка
  • Корекција на боја
  • Користење 3D функции
  • Работа со 3D Camera Tracker
  • Визуализација и финализација
  • Проект

Adobe Premiere Pro * Само за наставата на албански јазик

  • Започнување со Premiere Pro CC
  • Конфигурација на проект
  • Вметнување медија
  • Организирање на медија
  • Основи на видео едитирање
  • Работа со клипови и маркери
  • Напредни техники за едитирање на видео
  • Клипови во движење
  • Видео едитирање со повеќе камери
  • Додавање видео ефекти
  • Корекција на бои и користење на Speed Grade
  • Креирање titles
  • Проектен менаџмент
  • Експортирање слики, клипови и секвенци
  • Финален проект

 

Social Media

  • Facebook advertising
  • Objectives
  • Таргетирање
  • Креирање реклама

На Македонски јазик

 

• Иле Петрушев in

Искусен дизајнер со големо работно искуство во областа на адвертајзинг и дизајн. Искусен во Branding, User Interface, Advertising, Web Design и типографија. Дипломирал на дизајн и комуникации.

 

• Маја Цветкова

Сертифициран Adobe предавач за Adobe Photoshop.Повеќе од 20 години искуство како предавач за Графички дизајн во повеќе Академии. Сертифициран Adobe експерт за Adobe Illustrator, сертифициран Adobe експерт за Adobe InDesign.

 

• Мирослав Славковски in

Digital Marketing менаџер со повеќе од 5 години искуство и работа со Facebook Advertising во повеќе агенции.

 

• Владимир Лазороски

Art Director воSaatchi & Saatchi со повеќе од 10 години искуство во адвертајзинг.

 

• Радмила Павловска in

Искусен Brand Manager со повеќе од 20 години работно искуство работејќи со брендови како Smirnoff, Johnnie Walker, JB, Ballantaine’s, и сл.

 

• Мартин Трајановски

Моден фотограф со повеќе од 7 години работно искуство работејќи со артисти како Тамара Тодевска. Официјален фотограф на Eurovision Song Contest и фотограф на многу модни брендови вклучувајќи и Fashion Group.

 

На Албански Јазик

 

• Риард Реџепи in

Основач и Creative Director во Elunas Marketing. Повеќе од 8 години искуство во индустријата за визуелен дизајн.

 

• Аниса Цета in

CEO наDigital Head во Тирана, повеќе од 8 години искуство во индустријата на дигитален маркетинг.

 

• Вулнет Лимани in

Основач на GoldFinger, Android Developer, видео продуцент и визуалист.

 

• Бесар Илјази in

CEO воKUBIKS, искусен со анимации, илустриран дизајн и визуелно брендирање.

 

• Грамоз Бошњаку in

Грамоз Бошњаку е моментално вработен во компанијата Zero Positive, дел од Publicis Group на позиција Digital Artistic Director. Со повеќе од  12 години работно искуство во полето на дигитална креативност.

Сакате да се запишете, но не сте сигурни?

Бидете ни гостин на едно предавање, запознајте ги предавачите и нивниот стил. Како и слушнете ги искуствата на студентите.

Аплицирајте на линкот во прилог и ќе Ви испратиме линк за приклучување доколку има активна група во моментот. Доколку нема, ќе Ви испратиме бесплатен видео запис од нашите предавања и вебинари.
Пријави се и биди гостин на час

Пријава

Успешни приказни

veronija angelkovska student na akademija za graficki dizajn frosina trajanovska student na akademija za graficki dizajn marijana cvetkovska student na akademija za graficki dizajn

sandra naumova akademija za graficki dizajn bojan ristovski akademija za graficki dizajn

 

Кампања за безбедност во сообраќајот , декември 2020

На студентите им беше понудено да работат за бриф на кампања за безбедност во сообраќајот. Во прилог погледнете ги финалните решенија на кои сме особено горди

Марија Спировска

Александра Јаневска

 

Кампања “Против насилство на жените” – Студентски проект на Академијата за графички дизајн, ноември 2020 година

Кампањата беше направена заедно со Intermezzo Music Bar, Magna Sken Print, Женски магазин и PowerAD. Студентите, под менторство на предавачот Мартин Трајановски, ја креираа кампањата. Кампањата беше објавена на социјалните мрежи, дигитални портали како и на билборд пред Intermezzo Music Bar.

→ Прочитај повеќе

Изложба со NLB Bank, во NLB Галерија, октомври 2019 година

Job fair organized for our students, an event for networking with companies. Our student Tamara Donkova was hired by Publicis Groupe at this fair.

Прочитај повеќе

 

Exhibition, Javna Soba, February 2020

Exhibition with the students of the Graphic Design Academy.

→ Прочитај повеќе

Студентите направија “Црно-бела” изложба на фотографии во NLB галеријата под менторство на Мартин Трајановски.

→ Прочитај повеќе

 

Саем за вработување, декември 2019 година

Саемот за вработување имаше за цел да ги поврзе студентите со компаниите. Нашата студентка Тамара Јовановска на овој саем се вработи во Publicis Groupe.

→ Прочитај повеќе

 

Изложба, Јавна соба, февруари 2020 година

Изложба со студентите од Академијата за графички дизајн.

→ Прочитај повеќе

 

Гостинско предавање, Ана Хоџа, Art Director во Ogilvy TIrana

 

Мастер предавање со Алесандро Капочиа, фотограф за Vogue Italia, Скопје 2019 година

На покана на Creative Hub,италијанскиот моден фотограф Алесандро Капоча имаше еднодневно предавање пред студентите од Академијата за графички дизајн. Сите студенти презентираа фотографии на која работеа на Академијата и добија фидбек за истите.

 

Изложба на студентите во Кинотека на Македонија, мај 2019 година

Студентите ги претставија своите портфолија и финалните дизајни за време на завршната изложба.

→ Прочитај повеќе

 

Посета на Polyesterday Print & Graphic Center

Посета на Polyesterday Print & Graphic Center

→ Прочитај повеќе

 

Гостинско предавање, Павле Миролајски, Одговорен за принт воPolyesterday, март 2020 година

 

Гостинско предавање,Акаш Мехта, Digital Marketing Director во Dior, мај 2020 година

 

Тамара Чуриќ, прв студент примен на Miami Ad School

Тамара Чуриќ е млада девојка од Куманово која, за време на последната година од средно школо паралелно ја посетуваше и Академијата за графички дизајн. Преку партнерството што го имаме со Miami Ad School, таа успеа да стане дел од програмата за Art Director и сега живее во Берли и работи на нејзината кариера како art director со брендови како Facebook, Google, и Tesla.

 

Јоана Донкова, Interned Remotely за Aunt Flow, New York, Forbes Under 30 Company

Преку Forbes Under 30 мрежа на партнерства, успеавме да им дадеме можност на нашите студенти да посетуваат пракса во меѓународни компании.

 

Елена Цветановска го продолжи своето образование на Факултетот за применети уметности во Словенија по завршувањето на Академијата за графички дизајн во Креатив Хаб

Проект: Creathon 2019, ре-дизајн на 5 компании

На 10ти декември им посакавме добредојде на гостите-предавачи Барбара Продан и Јуре Миклавц од Универзитетот за применети уметности од Љубљана. Заедно со нив организиравме четири часовна работилница на која студентите од Академиите за Веб дизајн и Графички дизајн ги презентираа проектитеи учествуваа на design thinking workshop кој што се одржа во Innofeit.

На 11ти декември, 2019 година ја имавме финалната презентација на проектот “Creathon”што се одржа во Europe House. На настанот се претставија 5 проекти на 15 студенти од Академијата за графички дизајн и од Академијата за веб дизајн на Creative Hub. Студентите работеа заедно поделени во групи и со ментори од Академиите. Презентации за проектот одржаа Барбара Продан и Јуре Миклавц од Универзитетот за применети уметности од Љубљана, амбасадорот на Словенија, Милан Јазбец и Евро-амбасадоротСамуел Жбогар.

За време на 45-дневниот “Creathon”, 15 студенти од Creative Hub заедно со 5 студенти од Универзитетот за информатичка технологија и 10 ментори од Creative Hub работеа на тоа да им помогнат на 5 компании да ја подобрат својата веб страна, маркетинг и дизајн.

Студентите работеа на подобрување на дизајнот, логото, веб страната, бредирањето и целокупниот дизајн на компаниите. Ова како и финалните продукти, беа презентирани на финалниот настан. Овој проект беше претставен и пред Министерскиот Самит17+1 како успешен пример на Билатералната соработка помеѓу Амбасадата на Словенија, Универзитетот за применети уметности од Љубљана Министерството за надворешни работи на Словенија иCreative Hub.

→ Линк 1

→ Линк 2

→ Линк 3

 

Миа Вујадиновиќ посетуваше пракса во Creative Hub

 

Јована Томовска работи во Creative Hub како помлад графички дизајнер по завршувањето на Академијата

Академијата започнува на 10-ти Март

Рокот за пријавување на апликации истекува заклучно со 5-ти Март

1500 EUR

Аплицирај за ваучер тука

7 месеци (160 работни часа)

Плати на 15, 24, 36 или 50 рати

w

Македонски и Албански јазик

Z

Период за онлајн подготовка

Z

Меѓународен сертификат + Додаток на диплома со ЕКТС кредити

Z

Помош при вработување по Aкадемијата

          Pin It on Pinterest