fbpx
Андроид Академија

Ако сакате да научите како да изградите Play Store апликации, ова е Академијата за Вас. Не е потребно претходно знаење, но ако имате познавање од Јава тоа ќе биде во Ваша корист. Академијата е целосно практична, затоа што сите студенти во текот на истата, заедно работат на три мобилни апликации: апликација за зачувување на звук, апликација за временска прогноза и оптимизатор за веб страна како Android апликација. Звучи забавно? Пред завршувањето на програмата ќе имате што да прикажете во Вашето портфолио.

 

Real-life Story

Многу често се среќавам со луѓе кои што сакаат да сменат кариера, но незнаат дали тоа ќе им се исплати за воиднина. Кој е процесот што треба да гопоминат и како потоа да се позиционираат на пазарот за труд?

Размислете, “ Зошто луѓето се одлучуваат да сменат кариера во ИТ? ” ( h3)

Најчестите причини кои ги среќавам:

  • Стресот! Непостои работа која не е стресна, но доколку имате констентен стрес на работното место тоа влијае во сите сфери од животот;
  • Ограничување! Достигнуваш еден степен до кој напредуваш, и потоа не чуствуваш дека можеш да растеш професионално. Ограничен си, имаш желба да напредуваш, но гледаш дека неможеш. Што не е случајво ИТ сферата.
  • Парични средства! Не си задоволен со месечните примања. Сакаш да заработуваш повеќе. ИТ девелоперите се вбројуваат во едни од најплатените професии.
  • Нови предизвици! Самата област “Андроид девелопер” е предизвик. Имa повеќе причини меѓу кои, никогаш неможеш да кажеш дека сѐ си научил. Постојано се соочуваш со нови предизвици и нови работи кои се учат. Работиш со нови технологии и се ова те насочува да се подобруваш и самиот.

 

Зошто кариера како “Андроид девелопер”?

  • Како што знаеме сите, во последно време смартфоните се дел од нашиот живот. Ги користиме секаде, дома, наулица, кога сме излезени…
  • Во светот постојат 2,7 милиони смартфон корисници
  • 40% од луѓето пребаруваат само на смартфон! Голем број веќе не ни користат компјутери и лаптопи, освен за работа.
  • Според “user experience” корисниците повеќе сакаат да користат апликации отколку да посетуваат веб страни кои што се
  • Овие статистики ни кажуват дека потребата од Android девелопери на пазарот се повеќе ќе се зголемува и се повеќе ќе бидат потребни во иднина.

 

Што е потребно за да станеш Android Developer

  • Лаптоп или смартфон;
  • Соодветен ментор. Aко немаш никакво познавање од програмирање, а посетуваш бесплатни онлајн курсеви, ќе нема ко јда ти објасни што се ти е потребно. Процесот на учење не е толку едноставен и брз. Онлајн курсевите не се соодветни за почнување од 0, туку за надоградување.
  • Вложување на многу време за програмирање. Кога работите треба да имате во предвид дека не треба да брзате, бидејки се што правите на брзина не е доволно добро. Многу е значајно кодот што го пишувате добро да го разберете. Исто така треба да имате во предвид дека треба да вложите константен напор.
  • Луѓето кои почнуваат со девелопмент, имаат проблем бидејќи мислат дека ако го ископираат решението/кодот ќе го решат проблемот. Но, не е така! Кога ќе аплицирате за работа во ИТ компанија, никој нема да ја “симне” апликацијата за да види дали работи, туку ќе го види кодот кој е напишан.
  • Трпение, без откажување бидејки на секој му се случува да “заглави” на проблем кој не се решава ни со саати.

 

Бенефити во работа со Андроид

  • Кога знаете да програмирате можете да создадете апликации какви што посакувате. Исто, можете да развиете идеjа и да ја имплементирате. Апликацијата во финална верзија не се “прави” за еден до два месеци, но сепак може да се направи почетна верзија која понатаму ќе се надоградува.
  • Ќе имате можност да работите работа која ќе Ви причинува предизвик бидејќи ќе решавате проблеми и ќе барате решенија. Но исто така преку апликациите можете да решите проблем и во другите сфери во животот. Пример, да разивете апликација која во точно време ќе покажува во колку часот точно стига автобусот, за кој сте платиле карта преку апликацијата.
  • Чуство на исполнетост дека сте изградиле апликација која ќе му помогне на некој и ќе го подобри општеството или процесите.
  • Можност за работа од дома;
  • Високи плати;

 

Никогаш не било полесно да направите промена на кариера!

Без разлика дали имате искуство или не, дали сте адвокат или економист, ако сакате да ја промените вашата кариера и да започнете нова, направете го првиот чекор денес. Во делот на предавачи ќе прочитате за реални приказни кои промениле кариера со помош на нашите ментори.

Возможно е и зависи само од вас!

 

Загарантирана пракса

Со оваа програма имате загарантирана пракса, што може да трае од 1 до 3 месеци по договор. Ќе работите со ментор на одреден проект и ќе се стекнете со самодоверба сами да изградите апликација. За повеќе информации за праксата побарајте ги нашите координатори.

 

Загарантирано знаење

Ако поради ‘X” причина пропуштите час, менторите Ви се достапни за да Ви помогнат. Нашето ветување е дека : Ниеден студент нема да каже „Јас не научив овде ништо.“. Ви гарантираме!

 

Мојата идна професија

Android Developer .

 

Партнерства

Целта на Креатив Хаб не е само да го сподели знаењето на искусните предавачи туку и да ве поврзе со професионалци во Android Development. Неретко организираме настани со визитинг предавачи или “live coding” за колеги од ИТ компаниите да го оценат Вашиот напредок. Искористете го ова за да најдете потенцијален работодавач. Ние сме заедница во која соработуваме со голем број компании, не само ICT школа.

 

Помош при развивање на личен продукт

Ако Вашата цел не е да се вработите, туку да ги изградите ваш app store бизнис и Ви е потребен ви е партнер или финансирање, можеме да Ве насочиме како да започнете со Ваш бизнис или ко-основачи.

  • Преглед на програмскиот јазик Java
  • Android Studio IDE
  • Вовед во Android оперативен систем и апликации
  • Структура на апликацијата и UI дизајн
  • Компоненти на апликацијата
  • Gradle build tool
  • Git version-control system
  • Networking API, databases/data storage
  • Debugging
  • Dependency injection
  • Reactive Programming
  • Architecture considerations и patterns
  • Нотификации
  • Практични совети за градење Android апликации

На Македонски јазик

 

• Зорица Царева in

Зорица е senior iOS и Android девелопер во HASELT со големо искуство како тим лидер и ментор. Зорица има повеќе од 5 години искуство воразвој, одржување и лансирање на мобилни апликации за Play Store & App Store.

Success stories

Во прилог прочитајте за искуствата на студентите менторирани од Зорица

“Се преорентирав и сменив кариера комплетно од корен. Претходно бев 9 години во правната дејност, од кои 8 и пол во извршување. Во еден момент сфатив дека можам многу повеќе да бидам во животот, отколку што сум во таа професија во која бев 9 години. Дојдов до моментот кадешто немаше повеќе предизвици или лично развивање и не напредував повеќе.Знаев дека можам да направам повеќе на кариерен план, а и во професијата во која бев не ми се допаѓаше како се одвиваа некои работи во нашата држава. Трета работа која ми помогна да се преориентирам е тоа што имам голема пасија за технички работи. Така и се пронајдов во тоа бидејки од секогаш ме интересирало каков е процесот на правење и модификација на една апликација.

Од правото одам во инженерство и секој ден се соочувам со нови предизвици.На почетокот беше сосема непознато, но со добар ментор како Зорица јас успеав да направам еден добар чекор во мојот живот, односно да сменам професија.Топло и искрено Ви препорачувам на сите да го изберете овој пат бидејќи ќе Ви отвори многу перспективи во животот. Знаењето кое ќе го стекнете не мора да значи дека ќе го искористите само во “development”, туку и во приватниот живот. Исто така бенефитите кои оваа професија ги носи зависат и од тоа колку си ТИ посветен на она што го работиш и колку се трудиш да ја заслужиш својата позиција.На почетокот почнав да учам од курсеви но сето тоа не беше ни далеку приближно на она знаење кое го добив од Зорица како ментор за Android Development.”

Виктор Јовановски, андроид девелопер во Хаселт

 

“Сакам да ви кажам дека јас слично како Виктор, доаѓам од сосема непрограмерска област. Пред да се одлучам да сменам професија бев адвокат. Немав никакво познавање од програмирање, и Ви кажувам дека доколку имате желба и трпение да смените професија, тоа е можно. Со соодветен ментор како Зорица која ми е ментор уште од првиот ден, можете да научите доволно за да можете да се занимавате со оваа професија.Во оваа дејност, за разлика од тоа што го работев претходно, нивото на стрес е многу помало.ИТ секторот е паралелен универзум и во него ќе се изненадите колку луѓето сакаат да ви помогнат да одите напред и да учите.

Ако мислите дека е доцна, јас почнав на 34 години да учам програмирање, без никаков контакт претходно.Значи, воопшто не е доцна само треба да имате вистинска желба.Ако започнете со туторијали, тоа се многу општи работи кои не можат да ви објаснат како детално да ја сфатите работата.“

Александар Гулевски, андроид девелопер во Хаселт

 

На Албански јазик

 

• Вулнет Лимани in

Вулнет е Android девелопер со повеќе од 5 години работно искуство во Native Android Mobile App Development. Моментално е девелопер во Gold Finger и е фокусиран на application UI.

Погледнете го целиот вебинар со Вулнет каде објаснува подетално за Академијата тука.

Сакате да се запишете, но не сте сигурни?

Бидете ни гостин на едно предавање, запознајте ги предавачите и нивниот стил. Како и слушнете ги искуствата на студентите.

Аплицирајте на линкот во прилог и ќе Ви испратиме линк за приклучување доколку има активна група во моментот. Доколку нема, ќе Ви испратиме бесплатен видео запис од нашите предавања и вебинари.
Пријави се и биди гостин на час

Пријава

За да ги погледнете сите реални проекти во Андроид групата на проф. Вулнет Лимани на албански јазик кликнете на следниот линк.

https://youtu.be/WYDoWkHEBig

 

Првиот проект на студентите на Андроид Академијата кај професор Вулнет Лимани.

Студентите од групата на албански јазик изработија “English Dictionary”. На видеото во прилог можете да погледнете дека студентите користеле:

  • модерен и минималистички дизајн ;
  • SQL датабазакаде се сторирани зборовите ;
  • Апликацијата има добра навигација и user experience ;
  • Лесно може да се пребаруваат зборовите, синонимите и примерите ;
  • Студентите имплементирале анимации ;
  • На апликацијата има додадено и звук односно “ pronunciation” на зборовите ;
  • Можете да користите Google TTS и да видите како се изговараат зборовите.

 

https://www.youtube.com/watch?v=bbdkF-4CB7Y&feature=youtu.be

Академиите се во тек. Дополнување на оваа страна со проекти очекувајте во мај.

€2,100

150 часа (5-7 месеци, 2-3 пати неделно)

Плати на 15, 24, 36 или 50 рати

w

Македонски и Албански јазик

Z

Период за онлајн подготовка

Z

Меѓународен сертификат + Додаток на диплома со ЕКТС кредити

Z

Помош при вработување по Aкадемијата

          Pin It on Pinterest