fbpx

Академија за човечки ресурси

Најдобро да се претстави програмата на Академијата за човечки ресурси е токму преку реалната примена на истата.

Ме прашаа вчера зошто некој би се запишал на Академија за човечки ресурси?

 

Мојот одговор беше дека секој еден што сака да раководи бизнис или да раководи со луѓе,  треба да ја помине програмата. Ќе најде примена во сите бизнис процеси за кои не знаел доволно почнувајќи од финансиски аспекти, правни аспекти, организациска структура, систем на мерење на перформансот на вработените, план за нови вработени, onboarding, тренирање, бизнис психологија итн.

Академија наменета за:

  • Луѓе кои сакаат да променат професија и да работат во човечки ресурси
  • Менаџери
  • Правници
  • Регрутери
  • Психолози
  • Секој еден што сака да работи со луѓе
  • Адимистративци

Ова е Академија за луѓе што сакаат личен развој. Ова е Академија за луѓе што работат во call-центар и сакаат нешто повеќе од себе. Ова е Академија за луѓе што формирале сопствен бизнис и сакаат професионално да се надоградат за успешно да го менаџираат истиот. Ова е Академија за луѓе кои сакаат да ја променат кариерата. Ова е Академија и за луѓе кои се среќни со кариерата, но сакаат да научат стратешки како да ги менаџираат односите со луѓето.

Оваа Академија е спој на бизнис, психологија и стратегија.

Колкави се платите на лицата кои работат на позиции во човечки ресурси?

Според податоците на агрегаторот mojaplata.mk опсегот на платата за лице што работи во Македонија во Човечки Ресурси вообичаено се движи од 22.040,00 MKD (минимална плата) до 49.799,00 MKD (највисок просек, вистинската максимална плата е повисока).

Што ќе знаеш по завршувањето на Академијата?

  • На Академијата ќе научите сѐ за организациски животен циклус и во кој од нив се наоѓа Вашата компанија.
  • Ќе направите планирање на човечките ресурси во корелација со тоа каде компанијата се движи.
  • Ќе го определите влијанието на HR во организацијата.
  • Ќе поставите систем на финансиски и нефинансиски компензации.
  • Ќе работите примери со буџетирање, извештај и анализа.
  • Ќе дознаете за различни видови на правни договори и кој одговара на различен тип на вработување;
  • Ќе научите различни техники на регрутација и селекција на кадри;
  • Ќе изработите стратегија за развој на вработените;
  • Ќе им поставите таргети и ќе го измерите нивниот перфроманс;
  • Ќе научите како да изградите Employer Branding стратегија
  • Академијата вклучува ексклузивни елементи од НЛП ( невролингвистичко програмирање) тренинг и методологија
  • Подготвителна програма со материјали од Harvard Business Review

Периодот на Подготвителна програма со материјали од Harvard Business Review

Пред почетокот на Академијата за секој студент ќе бидат обезбедени низа на студии на случај и книги од областа на човечки ресурси. Овие ќе Ви овозможат да развиете критичко мислење.

  • Human Resources Management at a Startup
  • Harvard Case Study: Give Your Colleague the Rating He Deserves or the One he wants?
  • Harvard Case Study: Was this Harassment?
  • Harvard Book on Coaching
  • HR Analytics Applied to Employee Retention and Well-Being Issues
  • Human Resources Policies for Sales Personnel
  • Implementing a Human Resources Balanced Scorecard

 

Интерактивна онлајн програма или во живо

Програмата во моментов се одвива онлјан поради пандемијата. .Сите студенти добиваат линк до предавањата. По завршувањето на предавањата добивате видео материјал и можете повторно да го прегледате.

 

Загарантирано знаење

Нашата гаранција за квалитет се состои токму во она што доколку поради работни обврски пропуштите некој предмет можете повторно да го слушате со друга група. Бесплатно!

Исто така во текот на Академијата ќе добиете пристап на платформа за домашни задачи и проекти. По секој предмет ќе изработувате анализи и стратегии кои ќе го докажат Вашето знаење и ќе Ви ја дадат потребната самодоверба кога ќе аплицирате за работа.

 

Мојата идна професија

Специјалист за човечки ресурси, регрутер или соработник за човечки ресурси.

 

Партнерства и настани

Во текот на Академијата организираме бројни настани за студентите кои имаат за цел да ги поврзат со колеги од индустријата. Сакаме да го поттикнеме и поддржиме развојот на оваа област во нашата земја. Соработуваме со “HR World” – најголемата HR организација од Србија, а ги организиравме и “ HR Transformation Summit, HR Сабота “ …

Правни аспекти на човечки ресурси

  • Основни на правни аспекти во човечки ресурси
  • Вовед во основните поими и применливи правни рамки на Законот за работни односи
  • Вработување на странци, права и обврски на работникот
  • Права и обврски на работодавачот, месечни примања, задолжителен социјален придонес, месечен надомест и други плаќања
  • Прекин на работен однос, синдикати и работодавци, инспекција. Најчести прекршоци и висина на одредени казни

 

 

Финансиски и стратешки аспекти на човечки ресурси

  • HR активности во секоја фаза од организацискиот животен циклус
  • Планирање на човечките ресурси (процеси и значење)
  • Како HR-от влијае на развојот на организацијата
  • Креирање на стратегиска мапа (Strategic map) – Клучни индикатори на перформанс (KPIs)
  • Финансиска и нефинансиска компензација
  • Буџетирање во одделот на човечки ресурси, извештаи и анализа – интерактивно учење

 

Регрутирање и селекција

  • Стратешко планирање на работните процеси денес и во иднина
  • Иднината на работните позиции и стратегии на менаџирање на таленти
  • Поврзаноста меѓу регрутација и други практики во менаџирање на вработените
  • Што е она што ќе те направи одличен регрутер?
  • Начини за градење на “ Employer Branding “
  • Искуство на вработените и алатки за вработување

 

Процес на управување со перформанси ( Performance Management Process)

  • Како се развивал процесот на управување со учинокот на вработените
  • Основи на перформанс менаџмент процесот
  • Елементи на перформанс менаџмент
  • “KPI’s”и “OKR’s”

 

Бизнис психологија за човечки ресурси

  • Што значи инклузија на вработените?
  • Холистички пристап во HR професијата
  • Тимот претставува група од луѓе, но не секоја група е тим
  • Колективна интелигенција
  • Коучинг
  • Основи на НЛП – Невролингвистичко програмирање

 

Тренинг и развој

  • Вовед во развојот на HR секторот
  • Организациско учење
  • Ориентација на вработените ( Onboarding ) и управување со таленти
  • Фидбек
  • Тренинг на вработените и фасилитатори на процесите
  • Развој на менацментот
  • Континуирано менторство и “career path” тренинг

 

Employer Branding

  • Изградба на дигитален бренд на компанијата
  • Основи на аплицирање за работна позиција на Facebook
  • LinkedIn Recruiter
  • LinkedIn алатки за мотивирање и промовирање на вработените какко најзначајната вредност на компанијата

На Македонски јазик

 

• Стефан Јовановски in

Директор на човечки ресурси во A1 Македонија.Спикер на повеќе настани, добитник на наградата „HR Директорна годината“, експерт и предавач на голем број Академии. Повеќе од 20 години работно искуство во менаџирање со ресурси во телекомуникацската индустрија.

 

• Елка Јошевска in

HR Бизнис партнерво А1 Македонија. Повеќе од 11 години работно искуство во телекомуникациската индустрија.

 

• Дејан Маџоски in

Менаџер за организациски развој и развој на таленти во Пивара Скопје. Поседува големо искуство во полето на менаџирање со ресурси. Универзитетски предавач. Автор на повеќе трудови и книги со повеќе од 15 години практично искуство во полето на Човечки ресурси, организациска култура и лидерски развој.

 

• Аријана Коскарова in

Маркетинг директор, MBA, претприемач, основач на тренинг центарот кој во 2019 се најде на листата на магазинот Форбес “Creative Hub”.

 

• Кристина Томашевска in

Адвокат. Во моментов работи за интернационалната правна фирма “Odi Law”.

 

На Албански јазик

 

• Арта Кока Груби in

Раководител на Човечки ресурси и развој во “IPKO Telecommunications”, со повеќе од 15 години искуство во полето на човечки ресурси и развој. Предавач на повеќе Универзитети, спикер и ментор.

 

• Арта Целина in

Раководител на човечки ресурси и тренинг во “Raiffeisen Bank”. Директор на секторот за Човечки ресурси во “KBA”, Директор на секторот за Човечки ресурси при Американската стопанска комора, спикер, предавач на неколку универзитети.

 

• Адријан Реџа in

Менаџер на правен сектор во “Deloitte”Албанија и Косово. Големо искуство во корпоративно управување,трговско и право, трудовоправо и судскиспорови.

 

• Хана Гаши in

Менаџер во човечки ресурси во “Devolli Corporation”, со големо искуство во работата со електронската индустрија, FMCG и банкарската индустрија. Поседува вештини во менаџирање со промени, предвидување на човечки ресурси и стратешко организациско планирање, односи со вработени, организациски развој и регрутација.

Сакате да се запишете, но не сте сигурни?

Бидете ни гостин на едно предавање, запознајте ги предавачите и нивниот стил. Како и слушнете ги искуствата на студентите.

Аплицирајте на линкот во прилог и ќе Ви испратиме линк за приклучување доколку има активна група во моментот. Доколку нема, ќе Ви испратиме бесплатен видео запис од нашите предавања и вебинари.
Пријави се и биди гостин на час

Пријава

Свечено доделување дипломи на Академијата за човечки ресурси во Приштина, Косово

Свечено доделување на дипломи

 

Саем за вработување, декември 2019 година

Саем за вработување организиран за нашите студенти, настан за поврзување со компании

 

HR Transformation Summit, август 2020 година

https://hrsummit.app.virtualsummits.com/

Ова лето го одржавме првиот “HR Transformation Summit”. Овој еднодневен самит со пет сесии имаше за гости спикери од голем број светски и домашни компании како “General Electric”, “Santander Bank”, “Banca Intesa”, “Endava” и друг.

По завршувањето на настанот сесите беа достапни екслузивно за слушатели на HR Академијата.

 

Гостин-предавач,Невена Станисавлјевиќ, Основач на HR World, Србија, април 2020 година

 

Гостин-предавач,Норик Селими, Основач на Kariera.mk

 

Церемонија за дипломирање. Академија за човечки ресурси

Официјална церемонија за дипломирање и прослава во Хотел Парк  

 

HR настан, “ Entry& Exit Interview ”, декември 2019 година

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=creativehubmacedonia&set=a.768660970296621

Настан со психологот, Марија Конеска, поранешен студент на Академијата за човечки ресурси, за психолошките тактики што треба да се употребат во процесот на регрутирање.

Заедно со Марија Конеска дипл. Психолог и алумни на Академијата за човечки ресурси одржавме еднодневен настан во Europe House. Тема на настанот беа психолошките тактики што се употребуваат во процесот на регрутација и селекција.

 

HR настан, “Презентација на стратегија за човечки ресурси” и Прво доделување на дипломи на Академијата за HR

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=creativehubmacedonia&set=a.628897260939660

Во Кинотека на Македонија го одржавме првиот настан со завршна презентација и дипломирање на групата на студенти на HR Академијата. Пред бројна публика студентите презентираа различни аспекти на оваа професија и се она што го стекнале како знаење на Академијата.

 

“ HR Сабота “, настан за HR индустријата, ноември 2018 година

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=creativehubmacedonia&set=a.499987390497315

Во хотел Парк се одржа првиот еднодневен настан со HR професионалци – “ HR Сабота “. Настанот беше во организација на Академијата за човечки ресурси на Creative Hub.

Уписите се во тек!

1,600 EUR

5 месеци (72 работни часа)

Плати на 15, 24, 36 или 50 рати

w

Македонски и Aлбански јазик

Z

Период за онлајн подготовка

Z

Помош при вработување по Aкадемијата

Z

Меѓународен сертификат + Додаток на диплома со ЕКТС кредити

          ДОБИЈ 10% ПОПУСТ

          ДОБИЈ 10% ПОПУСТ

          АПЛИЦИРАЈ СЕГА

          Пријавата е успешна. Ви благодариме!

          Pin It on Pinterest