fbpx
Јава Академија

Оваа програма е вистински избор, независно дали имате основни познавања или пак сте почетник.

Програмата опфаќа основи на Java и веб апликации со користење на Java и Spring Boot. Академијата е насочена кон Java Backend/ Web со мал фокус на front-end програмирање. На самата Академијата студентите ќе изработат enterprise app. Исто така можатда изработат storage app или друга интернет апликација,по нивен избор. Реалните проекти кои ќе ги изработат на Академијата ќе бидат дел од нивното портфолио.

Истите ќе им овозможат подобро да го прикажат нивното знаење кога ќе аплицираат за работа.

Академијата е насочена на веб девелопмент со Јавa и со Ангулар framework кој се користи за изработка на front-end апикации. Овие апликации се познати под името “single page” апликации. Секоја апликација се состои од повеќе Javascript фајлови кои го генерираат кодот. На крајот ќе ја видите вашата изработена апликација на веб.

 

Како да смениме професија и да станеме веб девелопер?

  • Фокусот не е голем на теорија. Можеме да земеме книга за Spring Boot да ја прочитаме, но нема да можеме да кажеме дека сме Јава девелопер.
  • Во програмирањето праксата е многу позначајна.
  • Теоријата во програмирањето е секогаш практично изводлива.
  • Односно се што читаме во книгата, напишано за јазикот и за framework-от, би требало да можеме да го изведеме практично.
  • Теоретскиот дел е кога проектот ќе се осмисли, да знае како да се одбере вистинскиот framework, да знаеме да препознаеме грешки, да знаеме како да се чита “конзолата”.
  • Девелоперот константно треба да учи.
  • Златно правило е дека сѐ треба да биде доволно добро! Да не биде “Eј сеа, ме мрзи вака ќе го пуштам кодот.

 

Значајни факти за оваа професија?

  • Секогаш ќе има “багови” во проектите, нема совршен проект.
  • Соофтверот никогаш нема крај, една апликација секогаш може да биде надоградувана и поправана.
  • Секогаш клиентот ќе има приговори, пофалби или поплаки.Прифатете ги како корекции или како конструктивна критика. Може да се случи да имате клиенти кои ќе бидат поагресивни, доколку работите На Академијата ќе учиме како да менаџираме со ова.
  • Секогаш кога работиме нов проект или пак кога додаваме нова функционалност, треба да се започне од нај апстрактното. Ова значи дека треба да му пристапиме на проектот од птичја перспектива и да ги видиме најголемите компоненти кои што ги има тој проект. Прво ги правиме нив како генерална шема односно “wireframe” и потоа навлегуваме во детали.
  • За решавање на проблем, немора да го знаеме програмскиот јазик во детали односно да седнеме и да учиме сѐ за Јава.Најчесто нема да користите ни 50% од она што го нуди самиот јазик. Истото важи за “framework“и за “библиотека”. Framework во овој случај би бил Spring Boot, а библиотека би била некоја помошна библиотека која нуди готови функционалности кои ни требаат за нашиот проект.
  • Најпрво ќе направиме неколку проекти на Академијата. Потоа ќе видиме како со помош на Google или Stack Оverflow, можеме да навлеземе повеќе во деталите на јазикот, framework-от или оние библиотеки кои што ќе ги користиме.

 

Што значи да се биде доволно добар веб девелопер

  • Да ти биде “гајле” за проектот!
  • Да бидеш професионален додека работиш на проектот и покрај тоа што ќе има делови од работата кои ќе бидат досадни. Ова значи да напишеме“requirements”, да напишеме и документација за проектот. Можеби некогаш треба да се направат автоматски тестови за кодот што го пишуваме. Генерално ова е подосаден дел за почетници, бидејќи сите генерално се што сакаат да направат е да напишат многу код. Но, правилото кај пишување код е дека треба да размислуваме малку повеќе отколку што пишуваме. Фокусот секогаш треба да биде на тоа кој проблем се решава, а не само да се заврши работата и да се премине на следната задача.
  • Да пишуваш код кој што и другите после тебе ќе можат лесно да го одржат и да го надоградуваат.
  • Да се читаат книги за почетници, сениори, девелопери на различни нивоа. Едни од тие книги се “Pragmatic Programmer”, “Clean Code”, “The Clean Coder” и други кои исто така ќе ги добиете и на Академијата. На Академија ќе пробате и да го имплементирате она што сте го прочитале.
  • Секогаш да го изработуваш она што се бара или понекогаш и малку повеќе од тоа. Ова најчесто е кога сакаме да го направиме клиентот среќен, или кога сакаме да се докажеме на некој начин.
  • Никогаш не престанувај да учиш! Ова не значи дека треба 24 часа во денот да читаме за програмирање или пак да бидеме на сајтови за програмирање. Но, барем еднаш или два пати во денот да посетите разни сајтови и да дознаете многу новости од многу луѓе кои експериментираат на најразлични начини. Овие ќе Ви дадат нови идеи, кои сами не би ги добиле. Најтешката работа во една професија е кога не си сигурен што незнаеш. Тука е поентата на Академијата и на менторот. Да Ви го скрати патот и времето и грешките кои би ги направиле кога самите би тргнале да учите да бидете девелопери. На Академијата ќе добиете и листа со сајтови кои е добро да ги следите секојдневно.
  • Несебично споделувај знаење со другите. Добро е кога почнуваш да учиш, да пробаш да го пренесеш тоа на други преку свој блог. Така ќе разбереш каде ти се недостатоците во знаењето и ќе пробаш да ги пополниш. На тој начин, ги учиш другите, го споделуваш знаењето и во исто време се учиш и самиот.

 

Она на кое што ретко се обрнува внимание, а ќе го учиме на Јава Академија

  • “Soft skills” или како да имаме добра и квалитетна комуникација и изразување на идеи. На Академијата ќе се учи комуникација и изразување на идеи. Ова е посебно значајно кога разговарате со сениор девелопери бидејќи тие веќе го “поминале патот” и знаат некогаш да ве “блокираат” само затоашто не сте се изразиле добро.
  • Како да знаеме да се снаоѓаме кога нешто што не сме го виделе претходно ќе ни стане проблем.
  • Како правилно да пребаруваме на Google, Stack Overflow. Ова иако звучи смешно, но е многу значајно.
  • Нема глупави идеи, прашања или конструктивни критики. Се што не Ви е јасно треба да се прашува.
  • Поголемото искуство на некој, не му дава за право секогаш да биде во право. Секогаш биди сигурен во себе и размислувај со своја глава.
  • Ќе учиме принципите како Solid и начин на работа како Kiss ( Keep it simple & stupid) и Односно колку е нешто поедноставно, толку е полесно да се сфати и да се надогради во иднина.
  • Треба да ги следиме овие принципи, но не по секоја цена. Добар дел од програмерите кога ќе слушнат некој принцип како Solid, Kiss, Dry поради тоа што го кажал некој со милион следбеници сметаат дека тоа мора се запише како ново животно правило. Но тоа не е така. За секој проблем има решение, и како добри девелопери треба да го бараме соодветното решение.
  • Кодот секогаш треба да биде доволно добар, не совршен! Совршенство само по себе никој неможе да го изведе. Се што можеме да направиме е баланс.Она што можеме да го направиме е нештото да е доволно добро, да е оптимизирано, ако имаме буџет, добра волја. Секогаш стреми се кон совршенство, но не пробувај да го имплементираш.

 

Што НЕМА да добиете од Јава Академија?

  • Нема автоматски и гарантирано да добиете вработување. Ова не постои во ниту една професија. Ниту по завршувањето на Факултет, ниту по завршувањето на Академија, нити пак курс, никој не Ви гарантира работа. Затоашто работата ќе Ви биде гарантирана, само ако Вие се потрудите и не изгубите никогаш волја. И ако сте доволно упорни. Упорноста се исплаќа секогаш , но не секогаш ќе биде толку брзо колку што очекуваме. Во секоја работа треба да влезете со балансирани очекувања, затоашто само на тој начин можете да добиете повеќе. Знаењето се стекнува, но карактерот, волјата и желбата да знаете повеќе е многу позначајна.
  • Нема да бидете експерти во веб програмирање.
  • Нема да може да направите КОПИЈА на Facebook, Twitter или Instagram апликации затоашто тие апликации се премногу комплицирани. Имаат огромен систем, архитектура и инфраструктура позади нив. Исто така на нивно развивање и одржување работат неколку илјадници девелопери. Она што може да се направи е нешто поедноставно на што ќе може да се логираме, да ставаме постови, слика, видео, да биде слично на Facebook, но никогаш нема да биде исто како Facebook, Twitter или Instagram. Кој и да Ви го нуди тоа, Ве лаже!
  • Нема да може да направите една апликација и да бидете милионери. Барем не веднаш, бидејќи не е толку едноставно. Има повеќе аспекти кои треба да се земат во обзир, како истражување на пазарот, техничка спрема да ја направите апликацијата, да научите да го изведете тоа што го бараат корисниците итн. Техничкиот и комуникацискиот дел би го добиле на Академијата, но идејата за милион долари апликација треба да добиете Вие сами.

 

Што ќе добиеш од Јава Академија?

  • Основа за реално веб програмирање, кои ретко би ги добиле на друга Академијата. Зошто? Затоашто има големи групи и повеќе ментори се задолжени за различни делови на Академијата. Во Creative Hub преку искуството на предавачот ќе научите како реално се работи во една фирма, и работа во тимови. Бидејќи во реална компанија никогаш нема да Ви речат, ти заврши вчера веб програмирање во Creative Hub, имаш направено 2-3 апликации и сега ќе ти го дадеме цел проект кој трае 5 години кој вреди 500.000 ЕУР. Она што реално ќе се случи, ќе бидете ставени во тим со други девелопери. Тимот ќе има барем еден сениор кој ќе ве движи во правилна насока на проектот.
  • Ќе можеш да се снајдеш сам со нови технологии. Доколку во проектот се сретнете со нова технологија која не сте ја виделе претходно, да знаете кои се чекорите кои треба да ги следите за да научите доволно добро, за да може да го решите проблемот. Секако и проектот да се изработи во најкус можен период.
  • Да знаете да генерирате идеи за нови проблеми. Вашата професија не е пишување код, туку е развој на добри идеи кои потоа се изразуваат преку пишување код. Тие идеи ќе Ви донесат утре многу повеќе поени.
  • Да знаете како да комуницирате со тимот. Интерната комуникација е многу значајна затоашто не секогаш ќе имате луѓе со кои ќе Ви биде одлично, и ќе одите на пиво секој ден. Во тимот има различни карактери, различни луѓе и генерално треба да знаеме како да се справиме со нив и како да менаџираме со конфликт. Затоашто конфликти секогаш ќе има.
  • Ќе знаеш да напишеш доволно добар код. Но не совршен код!
  • Да стекнете вистинско работно искуство на реални проекти. Не само што ќе имате тимови на Академијата ќе имаме и интерконектирани тимови. Односно големи тимови создадени како backend тим и тим од Андроид Академијата. Вие ќе треба да изработите веб апликација со веб API. Додека студентите на Андроид Академијата ќе треба да го конзумираат Вашето Ќе научите како да имате документација за Api, што е тоа документација и како се прави едно RESTful API.  Ќе научите и голем број други работи кои ќе Ви бидат многу значајни за едно почетничко искуство и кои ќе Ве издвојат од другите кандидати.
  • Како да дојдете најбрзо до работа и како да се истакнете.
  • Мала група на студенти значи поголемо внимание од менторот.

 

Интерактивна онлајн програма или настава во нашите простории

Програмата е достапна онлајн. За интерактивна онлајн програма, студентите добиваат линк за секое предавање. Онлајн програмата може да ја следите каде и да сте. Досега сме имале учесници од САД, како и од други градови кои немаат можност три пати во неделата да бидат во Скопје, но преку нашата платформа ја следат програмата без проблем. Добра страна при изучување на програмата е што по завршувањето на секое предавање добивате снимен видео материјал кој можете одново да го прегледате.

 

Загарантирано знаење

Доколку во текот на Академијата од оправдани причини пропуштите некое предавање или пак некој предмет ќе Ви овозможиме повторно да го слушате истиот со следна група. Во “Creative Hub” гарантираме дека нема да постои студент кој ќе каже дека не научил. Доколку Ви е потребно повеќе да пати да слушате некој предмет ќе Ви го овозможиме тоа со друга група. Не постои студент што ќе каже “тука не научив”! Ова е нашата гаранција за квалитет!

 

Мојата идна професија

Junior Java Developer.

 

Партнерства и настани

Целта на Креатив Хаб не е само да го сподели знаењето на искусните предавачи туку и да ве поврзе со колеги во ICT индустријата. Ние сме заедница на ICT професионалци, а вие сте дел од неа. Таа вклучува, активно организирање на настани, визитинг предавања, платформи итн.

  • Basics Java (classes, objects, variables, access, scopes, etc.)
  • Basics OOP (encapsulation, abstraction, inheritance, polymorphism)
  • PostgreSQL installation and setup
  • Basics of SQL (CRUD operations + more advanced queries)
  • Version Control Systems (history and today’s usage of Git)
  • Overview of the Spring ecosystem and using core Spring features
  • Spring Boot (Spring Data JPA, Spring Web) – Making Web APIs
  • Using the Maven build tool
  • Additional tools for web development usage (Postman, Putty, PgAdmi, etc.)
  • Debugging
  • Basics of Frontend for Backend developers (Bootstrap, Css, Javascript, Angular)
  • Clean code best practices (books, blogs, and design patterns)
  • Intro to Agile methodologies
  • Basics of various architecture styles and principles for the backend (SOLID, KISS, DRY, Onion architecture, Hexagon architecture, etc.)
  • Lots of projects, samples, and algorithm implementation

На Македонски јазик

 

• Ице Царев in

Сениор Full Stack Java Developer во Swisscom, Rotterdam, The Netherlands.

Искусен Java full-stack веб девелопер со големо искуство во целиот циклус на градење и активирање на веб апликации во тим и самостојно.

Повеќе од 10 години искуство во IT, телекомуникација и CMS/EMS индустријата. Стекнати вештини претежно во Java/Spring екосистемот со најмалку 4 годишно имплементирање и на front-end од веб апликациите со Angular, како и поставување на back-end, front-end, database architecture и deployments.

 

Real-life story

Во првата компанија започнав како Junior програмер веднаш по завршувањето на Факултет и немав некое практично искуство. Во мојата глава како и во поголемиот дел од junior” програмерите имаше поинаква замисла на тоа “како е да се биде Јава веб девелопер?” и “што значи тоа да се биде програмер?”. Мислев дека поради тоа што имам направено две три апликации на Факултет дека знам доволно добро.

Дека сум супер. Кога ќе почнам да работам сите ќе мислат дека сум многу добар, сите ќе ми викаат:“Браво!  Како го направи тоа?” Но, реалноста е малку поинаква. Кодот што го пишуваме како почетници, не е баш толку добар. И тоа е најнормална работа.Поради тоа што во тој период на почетници, тоа е нашиот круг на знаење кое што го имаме и кое што еоптимално ниво. Самото знаење доаѓа со текот на времето, со многу работа и многу пракса.

Голем дел од колегите кои ги запознав низ текот имаа преголеми очекувања. Имаше и такви кои имаа премали очекувања.

 

Други проблеми од наше искуство кои можат да Ви излезат на работа

Може да налетате на “лоши” колеги и да ви го наметнат синдромот на натрапник. Што значи тоа? Вие мислите дека не знаете доволно, дека на среќа сте ја изработиле апликацијата. Сте ископирале од Google голем дел од работите или од Stack Overflow и дека така сте ја направиле апликацијата и всушност Вас не ве бива. Што не е точно!

Затоашто колку и да имаш среќа, за да направиш една апликација, ти треба нешто повеќе од среќа.

Една работа што џуниорите си ја наметнуваат и си ствараат психички терет.

Она што можам да Ви го дадам како совет е дека треба да процените дали фирмата каде ќе почнете да работите Ви одговара. Да бидете искрени самите со себе и со компанијата.

Да бидете транспарентни колку што може повеќе.

 

Први проекти и први грешки

Првите проекти ми беа премногу лоши.

Едно нешто што ми остана во сеќавање е кога го открив клучниот збор “static”. Тоа е едно од нештата кои ќе ги учиме на Академијата. Со тоа можат да се направат различни функционалности на апликацијата, но тие не се доволно добри. Причината е што не се одржливи, и не се лесни за средување ако произлезат “багови” и да се додадат нови функционалности. Меѓутоа во тоа време тоа беше најдоброто нешто што го имав откриено. За тие година две, колку што бев на Факултет, и успеав да направам една апликација. Тогаш мислев дека тоа е тоа, јас научив да програмирам, спремен сум за било што.

И тогаш сфатив дека има уште многу за учење, со тоа сфаќање седнав и си го загреав столчето. Направив уште некои други проекти, дел од нив беа веб апликации со C Sharp и .NET Framework.

Причината беше бидејќи беше многу едноставно да се работи со нив, но на крајот имаш апликација која 90% незнаеш како работи и зошто работи. Едноставно самиот framework кој се користеше ти го дава тоа, меѓутоа ти ги крие голем дел од деталите кои му се потребни на еден програмер да ги знае кога работи како девелопер.

На моето прво работно место почнав да работам со програмскиот јазик Јава и оттогаш го немам променето, иако во текот на годините имав проекти со работа со PHP  и front-end.

И во самиот front-end може да се направи грешка доколку незнаеме како да го избереме вистинскиот framework. Тоа е нешто што ќе го научиме на Академијата, како да знаете кога да го изберете правилното нешто и зошто да го изберете тоа. Не само заради тоа што некој кажал некаде на некое предавање, курс или пак на Youtube видео.

Програмирањето како и сите други професии нуди милион начини за да изведете едно нешто. Но, многу е значајно да се разбере како да се направи нештото одржливо. Поради тоа што во иднина наместо да ни требаат 5 дена за да решиме некој “баг” ќе ни треба пола саат.

Да земеме друг пример, кога сакаме да додадеме нова функционалност како нов екран, ново копче. Исто така може некоја нова функционалност да се експортира во Excel, pdf итн. Наместо да ни требаат многу денови поради “лошиот” код, “лошата” архитектура,  “лошо” одбран framework, нас би ни требало многу помалку време.

Овие работи се учат со тек на време, и се работи на кои џуниорите многу малку обрнуваат внимание. Исто така и менторите многу малку го објаснуваат тоа. Поради тоа што менторот смета дека треба да Ви ја предаде технологијата што во нашиот случај би било Јава со Spring Boot и Angular.

Но тоа не е баш така, поради тоа што има некои многу значајни работи и позначајни навики кои треба да ги створиме ако сакаме да бидеме навистина добри девелопери. Да добиеме почит од нашите колеги и да добиеме поголема плата, бонуси и сл. Како и да добиеме самодоверба дека сме на правиле нештошто е навистина добро, што може да издржи повеќе години, повеќе корисници итн.

Тоа е она што треба да го научите на Академијата.

Извадок од вебинарот со Ице Царев. Целосниот вебинар погледни го тука.

Сакате да се запишете, но не сте сигурни?

Бидете ни гостин на едно предавање, запознајте го предавачот и неговиот стил. Како и слушнете ги искуствата на студентите.

Аплицирајте на линкот во прилог и ќе Ви испратиме линк за приклучување доколку има активна група во моментот. Доколку нема, ќе Ви испратиме бесплатен видео запис од нашите предавања и вебинари.

Пријави се и биди гостин на час

Пријава

Достапни во јуни 2021.

јава академија

€1,790

8 месеци (185 работни часа)

Плати на 15, 24, 36 или 50 рати

w

Македонски јазик

Z

Период за онлајн подготовка

Z

Меѓународен сертификат + Додаток на диплома со ЕКТС кредити

Z

Помош при вработување по Aкадемијата

          Pin It on Pinterest