fbpx

UX UI Академија

За да може еден дизајнер да креира апликација или веб сајт соодветен за корисникот, прво треба да ја разбере суштината на бизнисот. Да ги постави правилните прашања, да ја дефинира личноста на корисникот и да пронајде стратегија за тоа како визуелно ќе ги претстави идеите преку прототип за својот клиент. Тоа вклучува истражување и внимателно планирање, поставување цели и постепена соработка со клиентот. Ова е нешто повеќе од дизајн; самата работа претставува процес на визуелно спроведување на стратегијата а тоа ја прави оваа професија уникатна.

Во Creative Hub ќе научиш и UX и UI и основи на front-end бидејќи едноставно сметаме дека за средствата кои ги вложуваш треба да добиеш максимум знаење кое ќе го примениш. А во прилог ќе ги објасниме се што треба да знаеш!

 

Целта на Академијата е преку работа на проекти да се научат процесите. И истите понатаму да се користат и да им овозможат на студентите да изградат кариера.

 

Што да очекуваш од Академијата?

  • Стави се во улога на “user” и научи да размислуваш логично и да донесуваш бизнис одлуки. Луѓето се суштества со навики, а на Академијата ќе научиш да ги анализираш тие навики и да ги ставиш во функција на дизајнот.
  • Ќе научиш и основи на front-end програмирање бидејќи во 100% од апликациите за работа е плус да го знаеш и тоа.
  • Ќе почнеш да работиш како UX Product Designer или да работиш на принцип на спринтови.
  • Ќе научиш како да бидеш спремен кога ќе добиеш работно место каде што постои product накој работел некој дизајнер пред тебе. Како да му пристапиш и како да гов алидираш.
  • Ќе работиш conversion rate-design за целни групи.
  • Ќе научиш да користиш“ data analysis “.
  • Ќе работиш со A/B Testing, User Feedback. User Stories, User Personas, Wireframes.
  • Ќе научиш да правиш clickable prototype со Adobe XD, InVision…
  • Ќе изработиш реални проекти низ Академијата

 

Да ги разјасниме UX & UI?    

Зошто постојат веб дизајн, а зошто UX & UI дизајн Академии?

  • UX делот е насочен кон тоа дизајнот не само да изгледа убаво, туку и да е насочен кон одредена целна група. Истражување на целната група и анализа на конкуренција е токму она што ќе го правиш. Во овој процес ќе се ставиш во улога на user, ќе научиш да поставиш дури и до 50 прашања се со цел да стигнеш до што повеќе информации за клиентот.
  • Во UX ќе направите и дата анализа – колку луѓе кликаат на апликацијата, колку луѓе ја симнале апликацијата, колку се регистрирале, колку ја “напуштиле” апликацијата на старт, дали постои проблем поради визуелниот момент?”
  • UX вклучува и User Feedback , User Stories, User Personas, User Flow, Clickable Prototype, Wireframes, UX writer, архитектура на информации…
  • UI делот односно “ User Interface ” е начинот на кој клиентот комуницира со апликацијата или вебсајтот.Елементите на UI се распоредени еден таканаречен “Design System”. На Академијата ќе научите да работите со UI Kit System од графички елементи кои можат да се користат одново и одново и да се подобруваат.
  • Во делот на UI ќе научиме како да пишуваме Design документација.
  • Порано постоеше само веб дизајн. Веб дизајнот колку е сличен, толку е и различен од UX UI.
  • Разликата е во тоа што од веб дизајнер се бара да има познавање од front-end технологии ( HTML,CSS, JavaScript), покрај познавањето на кој и да е design software.
  • Кога ќе видите отворена позицијана UX UI designer, на огласот може се бара, но и да не се бара познавање од HTML и CSS. Но во 100% од случаите и е добро за Вас да имате познавање од HTML и CSS.
  • Веб дизајн е област каде што дизајнерите креираат кориснично искуство, кориснички interface и прават структура на една веб страна. Во минатото оваа област беше повеќе концентрирана на desktop, сега се повеќе се прават дизајни за мобилен и таблет. Ако ги погледнеме статистиките, но и ако тргнеме од самите нас, се повеќе седиме на мобилен телефон. Кога зборуваме за значењето на добра стурктура размислете дали Ви се случило да симнете апликација од Play Store и да неможете да се снајдете. На крај ќе направите “ Uninstall “.
  • Кога работите за некој клиент, треба да ги знаете неговите потреби, но и треба да ги знаете потребите и на луѓето кои ќе ја посетуваат веб страната/апликацијата. Целта е преку вашиот дизајн да ги направите работите наједноставни и најлесни.
  • Да направите добра структура, кога некој ќе влезе на страната, да знае каде да кликне за да стигне до информацијата и лесно да се снајде. Тоа е поентата на веб дизајнот.
  • Еден веб дизајнер е потребно да знае да одбере добри фотографии, да знае да одбере добар и читлив фонт. Исто така да знае да го осмисли менито на тој начин што ќе биде наједноставно за корисникот, а воедно и да биде естетски убаво и функционално.

 

Како ќе ми се одвива еден работен ден како UX & UI дизајнер?

Работа на спринтови или на продукт?

  • Во UX UI Design најчесто се работи на спринтови. Пример за ова е да земеме дека работите во компанија која има 25 клиенти. Секој ден имате различни задачи( tasks ). Оваа недела имате клиент, завршувате со него, следната недела одите на друг. Тоа е работа на “спринтови”.
  • Неретко, може да видите отворена работна позиција за “Product Designer “ . Ова значи дека аплицирате во компанија која има свој продукт, пример Airbnb има свој product. Целта на работата како Product Designer е многу едноставна, подобрување на продуктот со текот на времето во неколку итерации.
  • Facebook е дигитален Па сега размислете “ Што би работеле 10 години како UX Designer во Facebook? “

 

Кои се областите кои треба да ги знаетеи ќе ги изучите во текот на Академијата?

  • UX – Research, Plan, Explore, Communication, Feedback, Analysis, Delight; Competitive Analysis;
  • UI
  • Графички дизајн преку предметите Adobe Photoshop & Adobe Illustrator. Преку овие предмети ќе изучите како да изберете бои, фотографии, типографија, layout поставеност на елементи.
  • Но исто така потребно е добро да навлезете во психологијата и во однесувањето на луѓето.
  • Добро да размислите како некој корисник ќе ја користи веб страната или мобилната апликација.
  • Добро да знаете маркетинг и комуникација.
  • Да научите основи на кодирање. Тука најчесто се јавува прашањето: “ Ако земеме дека веб дизајнот е само за да ја составите идејата за веб страната и нејзиниот изглед.Односно целосната структура, веб програмерот е тој што ќе ја изпрограмира, зошто нас ни е потребен кодот? “ За да го разберете подобро ќе Ви го дадам следниот пример. Вие сте музичар, ја пишувате музиката, а некој друг да ја искомпонира? Или пак работите како архитект, ја цртате зградата, но незнаете од каков материјал треба да се состави. Ако не знаете точно како функционираат работите, многу тешко дека ќе излезе добар продукт од тоа.
  • Веб програмирањето има повеќе јазици како HTML & CSS, JavaScript, Ruby, PHP, Pyton …
  • Front-end програмерите вашиот визуелен приказ ќе го преточат во код, додека back-end девелоперите се оние кои ја прават целосната функционалност и поврзувањето со базата на податоци. Оние кои работат со веб дизајн, генерално не се занимаваат многу со back-end бидејќи нема многу потреба. Но е потребно да знаат основи наfront-end програмирање односно HTML, CSS, JavaScript.
  • На Академијата ќе изучите и Accessibility, односно страните кои ќе ги дизајнирате да бидат достапни и за лица со попречености. Пример. Да не користите бои кои далтонистите не би ги препознавале итн.

 

Кариера како веб дизајнер или веб девелопер?

Разлика помеѓу front-end и back-end девелопер

  • Што е client, што е server?

Кога пристапувате до некоја веб страна како YouTube или Facebook Вие пристапувате до некој ресурс што се наоѓа на друг компјутер.Тој компјутер се нарекува server, а до него има и програма наречена server што опслужува барања од најразлични клиенти. Вие кога седите пред Вашиот компјутер сте client, и барате нешто од некој server. И клиентот и серверот се софтвери меѓутоа во зависност од тоа каква улога имаат така и ќе ги наречеме.

Сите програмери кои работат backend, работат работи поврзани со серверот, односно превземање податоци од базата на податоци итн.

Додека front-end  програмерите се задолжени на делот на клиентската страна. Што значи тоа? Кога ќе напишете “Youtube.com “Вашиот browser Google, Safari или Opera испраќа барање до server-от. Откако ќе го испрати барањето, server-от пристапува до некоја база на податоци, во конкретниот случај со YouTube база на податоци на видеа. Потоа серверот ги превзема тие податоци, го креира првичниот изглед, ги лепи тие податоци видеа, коментари, постови, од реални луѓе, и ги препраќа кај Вас во вашиот browser за Вие да можете да ги видите.

Целиот тој изглед е всушност front-end development, додека back-end е всушност спојувањето со базата на податоци и ставање на работи во база на податоци.

 

Дали на Академија за UX UI се учи кодирање?

Откако заклучивме дека:

  • Front-end Developer е оној кој го програмира визуелниот приказ на веб страната.
  • Back-End Developer e оној кој ја прави целата функционалност и поврзување со базата на податоци.

 

Сакаме да објасниме нешто повеќе за делот на основи на програмирање.

На Академијата се изучува HTML, CSS & JavaScript. Да ги објасниме подобро.

  • Се што гледаме на интернет е HTML & CSS.
    • HTML -Структурата на веб страната (текст), input полиња, check box, buttons, табели.

Порано кога се започнало со користење на интернетот, HTML се користел само за испраќање на текстови. Како што поминува времето се создавале и нови HTML елементи. CSS е креиран за да имаме поубави дизајни и интерфејси, бидејки со HTML сеуште не тоа не е возможно.

  • CSS- Шминката (дизајнот) на веб страната (боја на текст, големина итн.). Исто така анимации се прават во CSS.

JavaScript –И овозможува на страната да има поголема интерактивност, односно да не е статична. Овозможува подобри интерфејси, помалку интеракција со серверот. Може да се направат мини игри, валидација доколку некој сака да се регистрира на некој вебсајт итн.

 

Реални проекти

Сите студенти работат на проект во текот на сите предмети на Академијата.

 

Многу лесно може да ја промените професијата

Без разлика од која бранша сте или колку години имате, ако имате страст за оваа професија, преку нашата Академија ќе го добиете потребното знаење за да започнете кариера.

 

Интерактивна онлајн програма или во живо  

Програмата е достапна онлајн и во живо. За интерактивна онлајн програма, студентите добиваат линк за секое предавање. Онлајн програмата може да ја следите каде и да сте. По завршувањето на секое

 

Мојата идна професија

UX UI Designer/ Product Designer .

Adobe Photoshop за Web

  • Поставување на workspaces и artboards
  • Користење libraries
  • Responsive design совети и трикови
  • Поставување breakpoints
  • Креирање навигациски елементи
  • Креирање текстура и позадина
  • Вградување или поврзување smart objects
  • Правење темплејти
  • Креирање UI елементи за повторно користење
  • Зачувување и експортирање за страната
  • Користење Generator

 

HTML & CSS

  • HTML, CSS
  • Сите HTML тагови
  • Сите CSS properties
  • Планирање на дизајн за веб сајт
  • Семантика на сајтот
  • Images & hyperlinks
  • Работење со структура на сајтот
  • Дизајнирање на изглед на сајтот и планирање
  • Градење форми со валидација
  • Градење на комплетен веб сајт

 

UX

  • Истражување
  • Стратегија за производот
  • Креирање user stories
  • Информација за архитектура
  • Креирање графикони
  • Wireframes

 

Adobe Illustrator за Web

  • Креирање wireframe
  • Дизајн на лого
  • Mockups на веб страната
  • SVGs
  • Save for the web

 

UI

  • Figma
  • Moodboards
  • Креирање visual layout design
  • Креирање graphic assets
  • High-fidelity mockups
  • Clickable prototypes
  • Документација и предавање

На Македонски јазик

 

• Иле Петрушев in

Искусен дизајнер со работно искуство во адвертајзинг и дизајн индустријата. Искуство во Branding, User Interface, Advertising, Web Design и Typography. Дипломирал на дизајн и визелни комуникации.

 

• Маја Цветкова

Сертифициран Adobe предавач за Adobe Photoshop.Повеќе од 20 години искуство како предавач за графички дизајн во повеќе Академии и тренинг центри. Сертифициран Adobe експерт за Adobe Illustrator, сертифициран Adobe експерт за Adobe InDesign.

 

• Павлина Буческа in

Full Stack програмер со повеќе од 8 години искуство во ICT индустријата. Со големо искуство како предавач и ментор во повеќе академии.

 

• Илија Бошков in

Software инженер во Code Chemistry со повеќе од 5 години искуство вообласта на software development.

 

На Албански јазик

 

• Риард Реџепи in

Основач и креативен директор во Elunas Marketing. Повеќе од 8 години искуство во областа на визуелен дизајн.

 

• Димал Стубла in

Димал е искусен UI/UX дизајнер и front-end девелопер. Неговите дизајни може да се погледнат онлајн на повеќе од 100 различни интернет страници во светот. Повеќе од 20 меѓународни компании работат со негов дизајн и брендинг.

 

• Агон Цецелиа in

Агон Цецелиа има долгогодишно искуство како девелопер во повеќе компании. Првите кодови ги испишал кога имал само 13 години и создал веб сајтови, блогови и работел на бројни хакатони. Сега е ко-основач на NeoX LLC и освен тоа што егенерален менаџер, тој е и Software Architect во истата компанија.

 

• Арван Бериша in

Арван Бериша работи како графички дизајнер, motion дизајнер и илустратор во адвертајзинг индустријата за водечки креативни агенции.

 

• Меритон Пула in

Меритон Пула е Front-End девелопер и ко-основач на Egothix Creative Studio. Со повеќегодишно работно искуство, тој има стекнато вештина да ги претвора проблемите во едноставни, прекрасни и интуитивни интерфејс дизајни.

Сакате да се запишете, но не сте сигурни?

Бидете ни гостин на едно предавање, запознајте ги предавачите и нивниот стил. Како и слушнете ги искуствата на студентите.

Аплицирајте на линкот во прилог и ќе Ви испратиме линк за приклучување доколку има активна група во моментот. Доколку нема, ќе Ви испратиме бесплатен видео запис од нашите предавања и вебинари.
Пријави се и биди гостин на час

Пријава

Проект: Веб страна на Creative Hub

Студентите од Академијата за веб дизајн ја редизајнираа страната на Creative Hub.

 

Проект: Creathon 2019, ре-дизајн на 5 компании

 

На 10ти декември им посакавме добредојде на гостите-предавачи Барбара Продан и Јуре Миклавцод Универзитетот за применети уметности од Љубљана. Заедно со нив организиравме четири часовна работилница на која студентите од Академиите за Веб дизајн и Графички дизајн ги презентираа проектитеи учествуваа на design thinking workshop кој што се одржа во Innofeit.

На 11ти декември, 2019 година ја имавме финалната презентација на проектот “Creathon”што се одржа во Europe House. На настанот се претставија 5 проекти на 15 студенти од Академијата за графички дизајн и од Академијата за веб дизајн на Creative Hub. Студентите работеа заедно поделени во групи и со ментори од Академиите. Презентации за проектот одржаа Барбара Продан и Јуре Миклавц од Универзитетот за применети уметности од Љубљана, амбасадорот на Словенија, Милан Јазбец и Евро-амбасадоротСамуел Жбогар.

За време на 45-дневниот “Creathon”, 15 студенти од Creative Hub заедно со 5 студенти од Универзитетот за информатичка технологија и 10 ментори од Creative Hub работеа на тоа да им помогнат на 5 компании да ја подобрат својата веб страна, маркетинг и дизајн.

Студентите работеа на подобрување на дизајнот, логото, веб страната, бредирањето и целокупниот дизајн на компаниите. Ова како и финалните продукти, беа презентирани на финалниот настан.

Овој проект беше претставен и пред Министерскиот Самит17+1 како успешен пример на Билатералната соработка помеѓу Амбасадата на Словенија, Универзитетот за применети уметности од Љубљана Министерството за надворешни работи на Словенија и Creative Hub.

https://youtu.be/1mA8SC4kXU0

https://youtu.be/oWVvU32_1sM

Често покануваме регрутери да одржат визитинг предавање и да објаснат што бараат кај апликантите когавработуваат UX UI дизајнери. Марија Лалчевска,регрутер одFrontwise Group ни беше гостин на едно од тие сесии.

Марија е дипломиран студент од Академијата за човечки ресурси.

 

Пракса во Креатив Хаб

Две студентки, Добринка Младеновска и Александра Јакшовска по завршувањето на Академијата продолжија на пракса во Creative Hub.

 

Саем за вработување

Компании како Next Sense, CodeAart, Cylindoи A1 Македонија се претставија на Саемот за вработување во Хотел Парк. Овој настан беше организиран од Creative Hub ексклузивно за студентите кои дипломираа во декември 2019 година. Саемот за вработување е од особено значење за студентите на Академиите бидејќи имаат прилика да го претстават своето портфолио и да аплициираат директно во компаниите.

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=creativehubmacedonia&set=a.750917762070942

 

Сесии за поврзување со регрутери

Често покануваме регрутери да одржат визитинг предавање и да објаснат што бараат кај апликантите когавработуваат UX UI дизајнери. Марија Лалчевска,регрутер од Frontwise Group ни беше гостин на едно од тие сесии.

Марија е дипломиран студент од Академијата за човечки ресурси.

Академијата започнува на 23-ти Март

Рокот за пријавување на апликации истекува заклучно со 18-ти Март

1,500 EUR

7 Месеци

Плати на 15, 24, 36 или 50 рати

w

Македонски и Албански јазик

Z

Период за онлајн подготовка

Z

Помош при вработување по Aкадемијата

Z

Меѓународен сертификат + Додаток на диплома со ЕКТС кредити

          ДОБИЈ 10% ПОПУСТ

          ДОБИЈ 10% ПОПУСТ

          АПЛИЦИРАЈ СЕГА

          Пријавата е успешна. Ви благодариме!

          Pin It on Pinterest