

Фонд на знаење е едукациска бенефиција
која компанијата ја дава на вработениот за да го задржи,
мотивира и да ги зголеми дигиталните вештини.
Преку нашиот систем компанијата инвестира средства
на име на вработениот, кои во период од една година
може да ги искористи за лична едукација или
пак за едукација на членови од неговото семејство.
Вредноста на едукациската бенефиција варира од 100 - 300 ЕУР по избор на компанијата. Оваа вредност се дава на 1 вработен.
Вработениот може да ја искористи во текот од 1 година за своја лична едукација или за едукација на членови од семејството.
Вработениот може да избере некоја од обуките кои Creative Hub ги нуди во областа на дигитализација и да ја искористи едукациската бенефиција како ваучер за намалување на цената на обуката.
Вработениот се обврзува да партиципира во остатокот на цената на обуката.
Со овој принцип компаниите го делат трошокот и заедно инвестираат во унапредување на знаењата на вработените. Вработените превземаат дел од трошокот како одговорност и обврска дека треба да се посветат за да стекнат вештини.
Со ова се демистифицира стигмата на компаниите "Што ако инвестирам, кога утре може да си замине?" Реалноста е дека не постои договор кој може да го обврзе вработениот доживотно да работи за некоја компанија, но преку нашиот фонд на знаење компаниите воведуваат иновација со овозможување на едукациски бенефиции во пакетот за бенефиции кои ги нуди компанијата.
Со воведување на едукациски бенефиции компанијата не само што го зацврствува односот со вработените туку и се позиционира како пример на пазарот за развој на вработени.
Компаниска култура на постојано учење поради тоа што постојано учење води кон поголема конкурентност,
отпорност на промени, поголем приход.
Вработените ќе можат да ги поддржуваат одлуките или да сугерираат стратешки и иновативни решенија.
Вработените ќе имаат можност да се стекнат со вештини што ќе можат да ѝ дадат компетитивен раст
споредено со другите компании.
Ќе има среќни вработени кои ќе чуствуваат дека компанијата се грижи за нив.
Компанијата ќе се позиционира како иновативен лидер во начин на вложување во вработените.
Ќе има вработени кои ќе имаат вештини што ќе можат да и дадат компетитивен раст споредено со другите
компании.
100 €
Годишен учинок по вработен
Ваучер во вредност од 100 ЕУР кој вработениот може да го искористи во текот на една година
Спонзорирана објава на нашите социјални медиуми
200 €
Годишен учинок по вработен
Ваучер во вредност од 200 ЕУР кој вработениот може да го искористи во текот на една година
Спонзорирана објава на нашите социјални медиуми
1 консултантска сесија во времетраење од 1 час на тема Employer Branding стратегија
300 €
Годишен учинок по вработен
Ваучер во вредност од 300 ЕУР кој вработениот може да го искористи во текот на една година
ПР поддршка за 1 година
3 консултантски сесии за Employer Branding стратегија на компанијата
Спонзорирана објава
Приватен евент за членки
Месечен текст за развој на вработените
Поделба на инвестицијата - инвестира вработениот, инвестира и компанијата преку доделување на едукациска бенефиција.
Кога компанијата ја плаќа целосната програма на Академијата најчесто тоа го прави за 1 или 2 вработени. Со тој систем се занемаруваат другите вработени. Со моделот на едукациска бенефиција компанијата субвенционира еднаков дел од сумата за секој вработен и сите имаат еднаква шанса за развој.
Со овој модел компанијата поставува систем на континуирано учење.
На овој начин се внесува систем на награда кој вреди многу повеќе од само една платена обука.
Компанијата вложува во нови - дигитални вештини кои ќе дадат стратешки придонес за компанијата.
Средствата коишто се вложени никогаш не се изгубени - може да се искористат во следната година.
Пренаменување на средства - ако еден вработен си даде отказ, компанијата може да ги пренасочи на друг.
Компанијата вложува во средства кои ќе го подобрат учинокот на вработениот на работното место.
Се поставува систем на градација и мотивираност, односно ако не се искористат компанијата може да одлучи и да ги дуплира.
Компанијата го избира пакетот.
Јавете се на 071 214 849 и закажете информативен разговор.
.1Изберете пакет и број на вработени.
.2Информирајте ги вашите вработени за новите едукациски бенефиции кои ги воведувате.
.3По завршувањето на Академијата вработените ќе можат да кодираат веб страни за компанијата со одредени функционалности и според однапред утврден респонзивен дизајн.