fbpx

Ја следам Фаст-Трак програмата од Њу Џерси на Академија за дигитален маркетинг

Дигиталниот маркетинг стана брзорастечко и популарно поле во последните неколку години земајќи го во обзир фактот дека бизнисите од сите големини станаа свесни за важноста на дигиталниот маркетинг и присуството на брендот онлајн. Како резултат на тоа многу индивидуи сакаат да навлезат во ова поле а и да се запишат на специјализирани тренинг програми што […]
дигиталниот маркетинг
03.01.2023

Дигиталниот маркетинг стана брзорастечко и популарно поле во последните неколку години земајќи го во обзир фактот дека бизнисите од сите големини станаа свесни за важноста на дигиталниот маркетинг и присуството на брендот онлајн. Како резултат на тоа многу индивидуи сакаат да навлезат во ова поле а и да се запишат на специјализирани тренинг програми што ќе им помогнат да се стекнат со вештините и знаењето потребни за да успеат. Една таква програма е и Fast-track програмата на Академијата за дигитален маркетинг кој овозможува побрзо градење на вашата експертиза.

Во овој блог пост зборуваме со Александар Драгановски кој е студент на Fast-track програмата на Академијата за дигитален маркетинг. Тој веќе неколку години живее во Америка и работи на позиција како office manager, но се решел да направи преквалификација и да се стекне со нови вештини со цел да започне кариера во дигитален маркетинг. Покрај безбројните опции на академии во Америка тој сепак се одлучи за Creative Hub, а одговорите за неговиот избор ќе ги најдете во текстот.

Од неодмна Александар започна да работи на проект за Google Advertising во Creative Hub Македонија и на проект за Google Analytics во Creative Hub Kосово. Како изгледа неговото патешествие на Академијата прочитајте го прилог.

Во ова интервју ќе можете да слушнете какво е неговото искуство на Академијата, како се одвиваат часовите на Fast-track програмата, што научи тој досега како и зошто се одлучи за Creative Hub. Но и како тој ја спои својата пасија за фотографија со дигиталниот маркетинг?Ако се размислуваш за кариера во дигитален маркетинг или едноставно те интересира какво е искуството на нашите студенти продолжи да читаш. Можеби ова интервју ќе те инспирира, поттикне или охрабри да зачекориш кон нови можности.

 

Creative Hub: Александар, вие сте студент на Забрзаната програма на Академија за дигитален маркетинг. Во моментов работите како работите како office manager во компанија за транспорт и логистика.Земајќи го во предвид фактот дека немате претходно искуство зошто се одлучивте за кариера во дигитален маркетинг? 

Александар: Да, мојата работна позиција во моментот е тоа, овде се среќавам со различни предизвици и би рекол дека дигиталниот маркетинг после одреден временски период учење, сфатив дека би ми бил од голема важност за раст на бизнисот во кој работам моментално доколку се има желба за реклами и правење веб страна. Од друга страна мојата желба за напредок во мојата кариера која за сега не можам уште да си ја дефинирам, ми дава надеж и ми отвора врати каде што си ги осознавам своите потенцијали и способности кои на некој начин се криеле во мене подолг временски период.

Creative Hub: Веќе долги години живеете во Њу Џерси, зошто се одлучивте за Creative Hub? Дали можеби фактот што Creative Hub е во процес на акредитирање на Академиите во САД влијеше на вашата одлука? 

Александар: Да, Америка, поточно Њу Џерси живеам од моја 20 годишна возраст, сам на себе, доста наивно но сепак задоволително. На мои 27 години го одбрав Creative Hub како Академија од неколку причини, но најбитната причина ми беше акредитирањето и сертификат кој би сакал да го искористам тука каде што живеам моментално. 

Creative Hub: Во Creative Hub има три различни програми, Само Академија, ЕУ Сертифицирана и Забрзана програма. Вие сте веќе студент, од оваа перспектива што е различно од Забрзаната програма со останатите?

Александар: Како што напоменав погоре, забрзаната програма нуди сертификат кој е прифатен и во Америка со плус додатните часови што ги имаме со менторите кои подетално влегуваат во материјата која треба да ја обработиме. Давајќи ни реални проблеми за решавање е уште еден плус предизвик за нас како студенти, како би постапиле за да го решиме проблемот или дадеме идеја, што сметам дава голема мотивација ако не повеќе за момент да помислиш дека може некоја одлука баш од тебе зависи како човек кој ќе го изнесе своето мислење или идеја. Морам да признаам дека мене лично ми е малку напорно поради тоа што работам, различна временска зона и плус некои активности што ги завршувам во текот на денот, но на крајот од се, вистина вреди и ако би се прашал пак која програма да ја одберам, со сигурност би ја одбрал Fast-track.

Creative Hub: Досега имате поминато шест модули од регуларната програма, и тоа ПР, Content Marketing, B2B Lead Generation, Account Management, Facebook Ads и WordPress for SEO. Паралелно со неа следите дополнителни предавања од Забрзаната програма, и тоа Google Tag, GA4 & Universal Analytics и Google Ads. Што научивте до сега? Дали може да ни сумирате по една значајна препорака од сите модули?  

Александар: Па вака, сите модули си имаат своја приказна, иако се поврзани еден со друг, сепак од секој модул јас лично научив нешто ново или си го проверив знаењето од тоа што имам сретнато претходно во секојдневниот живот и сум се прашувал, а како се прави ова? Овде само би се надоврзал дека еден од побитните модули за изучување кој многу би користеле во иднина се Google Tag, Google Analytics 4 и Google Ads. Сметам дека основата за истите е веќе помината, од нас сега зависи што понатака. Голема благодарност до менторот Миле Давчевски што се потруди да ни го “соџвака” материјалот за да можеме да го разбереме на поедноставен начин, и уште една многу битна работа секое предавање ни е снимено и дадено да го имаме за нас , што значи во иднина ако се занимаваме со истото секогаш може да се вратиме и да видиме каде правиме грешка доколку не успееме тоа да го решиме сами.

Creative Hub: Многумина ги интересира како се одвива Забрзаната  програма, што се подразбира по практични сесии. Можете ли да ни елаборирате за практичниот дел? 

Александар: Забрзаната програма јас би ја објаснил дека се работи за дооформување на она што веќе го имаме проследено со обичните предавања, каде се дава акцент на практичниот дел, толку домашни задачи мислам немам напишано ниту во средно и основно, исто и на универзитет колку што ги имаме тука, практични работни задачи кои се голем поттик за да нештото го научиме и сфатиме ако не повеќе, да ја имаме основата која е темел за нашата идна професија доколку се одлучиме да станеме идни маркетери во вистинска смисла на зборот.

Creative Hub: Кој ви е планот по завршувањето на Академијата? Дали сметате со ова знаење што го имате денес дека би можеле да аплицирате за работа во агенции за дигитален маркетинг во Њу Џерси?

Александар: Малку тешко прашање за Девица како мене која анализира премногу, но мислам дека по завршувањето на академијата, сумирајќи што имам научено, а сметам дека за сега сум добар, би се впуштил во предизвикот нова кариера или иден дигитален маркетер. Но, сепак и на работната позиција која ја имам моментално би можел да координирам и да допринесам многу повеќе кога веќе станува збор за реклама и презентирање на компанијата во дигиталниот свет. Како за крај, би можел да додадам дека благодарение на оваа академија се чуствувам дека можам да се впуштам во предизвикот правење веб страна каде имам огромна желба да го покажам својот креативен дел, од дизајн до добро напишана мисла. 

 

Дали ти како и Александар живееш во Америка или пак имаш желба и план да работиш во странска компанија и потребна ти е диплома која е светски признаена?

Запиши се на Академија за Дигитален Маркетинг на fast-track програмата сега. Новата група започнува на 10.03.2023.

Што добиваш на fast-track програмата?
  • Пракса и Академија истовремено
  • Индивидуални 1 на 1 часови (менторските часови се одвиваат онлајн, дополнително паралелно со Академијата)
  • 4 часа неделно, 17 недели ( флексибилно време на закажување со менторот
  • Ќе работиш како дел од вистински маркетинг тим
  • Усоврши ги знаењата за Facebook Ads, Google Ads, ПР, Landing Pages, Email Marketing, преку работа на реални проекти за САД и Македонија

За значењето и придобивките од CPD сертификатот во Америка прочитај овде, а за придобивките од CPD сертификатот за работникот и работодавецот прочитај овде

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This