Заврши и предизвик број 2: Благодарни сме за одличните креативци!

Уште еден доказ колку креативни умови има кај нас! Навистина нè радува кога ќе ни испратите решенија коишто пленат со својот изглед и се гледа посветеноста во нив <3 . И овој пат детално ги проанализиравме сите испратени решенија, сите добија фидбек, а Елена Петревска си ‘ќари‘ и 200 Еур попуст при упис на нашата […]
Дел од проектот на студентот

Уште еден доказ колку креативни умови има кај нас!

Навистина нè радува кога ќе ни испратите решенија коишто пленат со својот изглед и се гледа посветеноста во нив <3 .

И овој пат детално ги проанализиравме сите испратени решенија, сите добија фидбек, а Елена Петревска си ‘ќари‘ и 200 Еур попуст при упис на нашата UX/UI Академија. Елена, честитки!

Подолу, краток осврт на нејзиниот дизајн

Дел од проектот на студентот Дел од проектот на студентот

Дел од проектот на студентот Дел од проектот на студентот Дел од проектот на студентот

Она што ни се допадна:

Не може, а да не се забележи дека е посветено доста внимание и е направено соодветно истражување на зададената задача. Одличниот избор на бои и нивната контраст е супер и совршено оди со dark mode-от на апликацијата. Фонтот е читлив и јасен. На самиот дизајн многу му додаваат на вредност реалните фотографии, коишто се паметно избрани во истиот колоритет како и главните бои на копчињата и насловите на апликацијата.

Нѝ се допаднаа и воведните скринови во апликацијата, како и логичноста и содржината на менито. Апликацијата ги има сите елементи кои беа очекувани да се појават и елементите се одлично естетски обработени.

Дел од проектот на студентот Дел од проектот на студентот Дел од проектот на студентот Дел од проектот на студентот Дел од проектот на студентот

Совети за во иднина:

Решението е глобално добро конципирано, со неколку замерки. 

Генерално, треба да се внимава кога се користат текстуални описи врз слика, бидејќи често може текстот да е тешко читлив што носи до потешкотии при разбирањето на содржината (посочено на слики 1, 2 и 3).

Дел од проектот на студентот Дел од проектот на студентот

Како што веќе споменавме, реалните фотографии влеваат добро чувство при користењето на одредена апликација, но треба да се внимава на нивната пропорција и форма и дали фотографијата ја доловува суштината на она што треба да го прикаже. Конкретно во овој случај фотографиите маскирани во заротирани квадрати се одличен начин за избегнување на генеричната подреденост, но таа форма поствувањето на фотографии знае да е предизвик само по себе и некогаш да не го прикаже посакуваниот продукт или резултат. 

Во однос на навигацијата кај воведните сркинови, нема потреба од две обележја за навигирање. Секако, подобро е да го има отколку воопшто да го нема, но треба да се внимава премногу вакви елементи да не го доведат корисникот до збунување (слика 5).

Дел од проектот на студентот Дел од проектот на студентот

Уште една работа која нѝ фати око е порамнување. Конкретно тука, станува збор за хоризонталното мени. Поточно, кога повеќе елементи се подредени во ист ред, се препорачува истите да зафаќаат исто простор по ширина (во случајов иконки и текст) поради доследност на дизајнот. Тоа е така бидејќи малните недостатоци најчесто најмно влијаат при лесното користење на одреден дизајн, а не сакаме корисниците да имаат ‘нервози‘ при користењето на дизајнот. Исто така треба да се обрне внимание на порамнувањето на текстот со иконите и текстот доколку доаѓа во повеќе зборови, да зафаќа соодвено повеќе редови (слика 6). Сите овие аспекти на подредување додаваат на лесно и интуитивно согледување на информациите и лесно читање на текстуалните описи.

Дел од проектот на студентот Дел од проектот на студентот Дел од проектот на студентот

Бонус препорака:

Внимавај на контраста на позадината на која се наоѓа текстот, со бојата на текстот. Без разлика дали е тоа позадина во форма на фотографија или чист обоен елемент, читливоста на текстот е еден од најважните аспекти при користењето на апликациите или веб сајтовите.

                                                .

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This