Предности на кариера во Data Science

Возбудата за data science веќе подолго време постои насекаде низ светот. Науката за податоци ги поттикна другите технологии да ги поместат границите на футуристичката технологија подалеку отколку што можеме да замислиме. Можностите за оваа професија која е една од најбараните на денешницата, се зголемуваат секојдневно, а тоа е резултат на експоненционалното зголемување на бројот на […]
blog post
11.12.2021

Возбудата за data science веќе подолго време постои насекаде низ светот. Науката за податоци ги поттикна другите технологии да ги поместат границите на футуристичката технологија подалеку отколку што можеме да замислиме.

Можностите за оваа професија која е една од најбараните на денешницата, се зголемуваат секојдневно, а тоа е резултат на експоненционалното зголемување на бројот на податоци кои секојдневно се генерираат и се повеќе е потребна нивна анализа.

 Со цел да решат значајни бизнис проблеми компаниите се почесто вработуваат data scientist. Поради се поголемата достапност на огромниот број на податоци, освен големите компании во денешно време и малите компании имаат се поголема потреба од data scientist.

Доколку се размислуваш да започнеш кариера како data scientist, одговорот е доста едноставен – да. Data science како вештина им помага на останатите технологии да се надминат и да донесат резултати кои секој лидер би ги посакал.

Предности на кариера во Data Science

  • Ќе работиш во доста интересен сектор

Преставува доста интересна област што ќе ти даде можност да ги видиш работите од сосем поинаква перспектива и ќе почнеш да здогледуваш работи кои порано не си ги приметувал.

Ти ќе бидеш оној што ќе прави клучни одлуки за да спречи нешто да се случи, или пак ќе ја поттикнеш можноста за остварување на посакуваната цел. Со избирање на порофесија во овој оддел ќе имаш голем потенцијал за напредок и можност да учиш нови работи секој ден.

  •  Брзо растечки сектор

Како што спомнавме и погоре, поради зголемениот број на податоци и нивната потреба за генерирање побарувачката за data scientist e се поголема. Тоа е една од причините што овој сектор постојано расте.  Едно истражување кое било спроведено од IBM пред 3 години, предвидело дека во 2020 година побарувачката за data scientist на пазарот ќе се зголеми за 28%. Поради тоа data science го менува начинот на кој го гледаме деловниот свет.

  • Добра плата

Иако големината на платата во овој сектор зависи од годините на искуство што ги имаш стекнато, но дури и почетните позиции во овој оддел се доста добро платени.

Според едно истражување кое било направено од професорите на Универзитетот во Висконсин, најплатените data scientist работат за компании од САД.

  • Oддел на можности

Една од работите што оваа наука ја прави доста интересна е нејзината разновидност. Луѓе од различни професии кои сакаат да сменат кариера се почесто се одлучуваат за работа во оваа област. Поради тоа не е неопходно да имаш универзитетска диплома по математика или компјитерски науки за да изградиш кариера во полето. Секој што сака да научи да работи во овој сектор, го може тоа доколку желбата и мотивацијата за учење и инвестирање во себе му се на прво место.

Можеме да заклучиме градење на кариера во овој сектор носи многу бенефиции. Постојат многу можности кои ќе ти помогнат да се усовршиш во овој сектор, без разлика дали почнуваш од почеток. 

Creative Hub со својата прилагодена програма за почетници ќе ти помогне да ги стекнеш потребните знаења и вештини за да започнеш кариера како data scientist и ќе те поддржи во понатамошниот процес за апликација за пракса или вработување во некоја од компаниите соработници со кои заедно ќе работиш на реални проекти.

Побрзајте уписите се во тек. Аплицирај тука.

 

 

 

 

 

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This