fbpx

Само Академија? Не, добивме многу повеќе!

Мислев дека тоа ќе биде само академија!! Како љубопитна sales личност сакав да присоберам малку искуство од дигиталниот маркетинг. Но Creative Hub не нуделе само Академија, имале многу поголеми планови за нас студентите. Иако целиот живот се занимавам со соработка и комуникација со луѓе, на академијава научив како сето тоа може да биде многу подлабоко […]
само Академија
02.28.2023

Мислев дека тоа ќе биде само академија!!

Како љубопитна sales личност сакав да присоберам малку искуство од дигиталниот маркетинг. Но Creative Hub не нуделе само Академија, имале многу поголеми планови за нас студентите.

Иако целиот живот се занимавам со соработка и комуникација со луѓе, на академијава научив како сето тоа може да биде многу подлабоко и поискрено. Најквалитетното нешто е што постојано се вмрежуваме и конектираме со личности со исти интереси и цели. Многу често преку меѓусебна соработка несебично ги споделуваме своите знаења и искуства. А менторите, менторите се посебна приказна. Тоа не се професори што само ти ја предале лекцијата. Тоа се успешни луѓе во својата кариера што градат пријателства со нас и не поттикнуваат да се изградиме на професионално поле.
Нивната помош и едукација ни е понудена и по завршувањето на академијата, тие едноставно не учат како да станеме подобра верзија од самите себе на многу природен и народен начин.

На изненадувањата им нема крај

Бидејќи од самиот почеток мисијата на Creative Hub е да ни ги прошири видиците на настан од нивна страна беше поканет Кирил Дамески. А Кирил Дамески ни помалку ни повеќе е маркетинг директор во Influencers Club, кој без филтер со нас споделуваше како е да си дел од стартап бизнис. Од самите почетоци без ниту еден клиент па се до светски успех.

Настанот се одвиваше во една многу опуштена атмосфера во просториите на Creative Hub каде што владееше голема синергија.

 

Зошто приказната на Кирил е посебена

Кирил Дамески е само обично македонско дете кое растело на истите улици како и сите ние, млад човек кој се борел со истите стравови и предизвици, но ги поместува границите само поради тоа што се не се откажувал кога било тешко и невозможно.

Кирил Дамески по дипломирањето на Економскиот Факултет својата кариера ја започнал како практикант во маркетинг агенција. По четири месеци се вработува како SDR Support потоа преминува во друга агенција. Таму го запознава Миле Давчевски кој има големо влијание врз неговата кариера. Исто и ние имаме голема среќа да го запознаеме Миле Давчевски кој и нас ни предава по модулот Google Ads и SEO. Го земал сето знаење од него што може да се земе и се изградил во експерт во дигиталниот маркетинг.

Вештините и умешноста на Кирил не останале незабележани од основачот на Influencers Club Никола Соколовски кој се трудел без буџет да го крене на нозе неговиот стартап бизнис и за многу кратко време со здружени сили да резултираат со успех на светско ниво.

Тајната на големите мајстори

Тие знаат дека работите во бизнисот не се секогаш црно-бели, но на нив останува да ги креираат нијансите. Маркетинг стратегијата ја делат на два дела. Канали што им носат бенефит на краток рок и канали што им носат бенефит на долг рок.

Со нас ја сподели и препорачаа тајната на нивниот успех ,,градење на добар бренд, собирање на соодветна дата и добро SEO’’.

Исто така не советуваше и охрабруваше како да се изградиме на моментално најактуелната бизнис платформна Linkedin што на нас како почетници и те како ни беше од помош. Нивните достигнувања се толку многу големи што е невозможно да ги слеам во неколку реченици за нив, но морам да ја издвојам нивната соработка со Gary Vaynerchuk.

Долго време го следам Gary Vee и многу ми се допаѓа неговиот начин на комуникација и како тој ги прави нештата. Кога Кирил ни покажа фотографија со него и Никола, јас си помислив ова не е можно да ми се случува мене. Верувам дека сите имате по некој таков лик што го следите на некои од социјалните медиуми без разлика од која гранка и да е. Е сега замислете го моментот, ваш ментор има соработувано со него. Неверојатно нели?

Како доста актуелна тема дискутиравме и за ChatGpt на што Кирил истакна дека ,,доколку сме квалитетни маркетери не постои таква алатка што може да ни ја одземе, замени или намали работата’’ напротив може да ја искористиме во наша полза.

Исто така разговаравме и за тоа дека после ИТ најплатена професија е Дигиталниот Маркетинг и дека македонските фирми треба многу повеќе да инвестираат и да се покриваат со маркетинг ако сакаат во иднина да опстанат и да се издвојуваат на пазараот.

Стремење кон целта

При дискусија дојдовме до заклучок дека на нас Македонците во нашата подсвест е да бидеме мали, ситни и незабележителни. Доколку го скршиме тој кафез од ниска самодоверба како што го правеле дечките од Influencers Club многу лесно ќе можеме на светот да им ги покажиме нашите таленти и дарови.

Јас лично мислам дека најголема улога во нивниот успех има одиграно моментот што тие од самиот почеток си ја поставиле високо својата цел и потоа се стремеле како да ја достигнат без
да размислуваат на средствата, последиците и можните неуспеси. Не се плашеле од адреналинот од неизвесноста тука биле рака под рака со него.

Секој млад човек во Македонија а и на Балканот што мисли дека може повеќе од тоа што системот и околностите ни го нудат треба да го слушне тоа што Кирил Дамески има да го каже.

Како главни поуки од оваа предавање можам да ги издвојам:

-Важноста од вмрежување со вистинските личности. Кои ти се ментори, кој ти помага да се изградиш и на кој се огледуваш

-Да си поставиме висока цел и потоа да бараме решенија кои се неконвенционални, храбри и специфични исто како на ролеркостер

Ги затвараме очите, го пуштаме гласот и дозволуваме да се случи.

 

Овој блог е напишан од Јасмина Камчева, студент на Академијата за дигитален маркетинг. Во него таа го споделува своето искуство од настанот со Кирил и што се таа научи во врска со маркетингот од овој настан, како приказната на македонскиот стартап Influencers.Club и ја промени перспективата, но и за нејзиното искуство со Creative Hub.

Нашата цел во Creative Hub е да им овозможиме на студентите да учат од реални искуства и преку работа на реални проекти па за таа цел организираме работилници, хакатони и настани. Но од оваа година студентите ќе бидат дел и од програмата за вработување каде ќе ги подготвиме и научиме како да стигнат до нивната работа од соништата.

Со цел да задоволиме сечии потреби и барања на понуда имаме 3 типа на Академија:

  • Само Академија
  • ЕУ Сертифицирана Академија
  • Fast-Track Академија

Ако посакуваш да започнеш кариера во светот на маркетингот приклучи се на следната група на Академијата за дигитален маркетинг која започнува на 10.03.2023.

Запиши се со пополување на формата на нашиот веб сајт овде или јави се на 071 214 849.

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This