Соработката ја гледам како можност за работа и црпење идеи од млади креативни луѓе

Ние сме мала бутик компанија којашто го работи она што со едно име се вика Интегрирани маркетинг комуникации. Односно, за нашите ценети клиенти управуваме со процеси и активности на обединети маркетинг комуниукациски елементи, како што се односи со јавност, дигитален маркетинг, креирање и графички дизајн, создавање на аудио и видео содржини, веб дизајн, рекламирање и […]
11.29.2021

Ние сме мала бутик компанија којашто го работи она што со едно име се вика Интегрирани маркетинг комуникации. Односно, за нашите ценети клиенти управуваме со процеси и активности на обединети маркетинг комуниукациски елементи, како што се односи со јавност, дигитален маркетинг, креирање и графички дизајн, создавање на аудио и видео содржини, веб дизајн, рекламирање и закуп на рекламен простор, анализа и мерења и слични поврзани активности, преточени преку цврст бренд идентитет низ сите респективни медија канали.

Идејата произлезе од искуството во сите овие изминати години, при што потенцијалните клиенти бараа tailor made услуги спакувани на едно место, што истовремено значи и воспоставување на взаемна доверба на едно друго вредносно повисоко ниво.

Меѓутоа, исто така, идејата е вткаена и во компаниската политика, во нашата мисија и визија, на пазарот да понудиме малку поинаква перспектива и свежа идеја во градење и одржување на репутациската вредност на клиентот, на брендот. Кога долгогодишното искуство ќе се спои со неоптоварениот агол на гледање на младите и амбициозни професионалци, го извлекувате најдоброто за вашиот клиент.

Соработката со Creative Hub ја гледаме токму како таква можност: да го добиме свежиот поглед на младите студенти во решавање на сејдневните задачи. Нас нѐ интересира таа необременета перспектива на младите креативци, без оглед дали станува збор за специјалисти за социјални медиуми или за графички дизајнери.

Од наша страна, тие кај нас ќе ја добиваат можноста да работат зад вистински проект, за реален бренд и клиент, во реално време.

Од друга страна, ние сакаме да ја добиеме таа “свежа крв”; таа младешка борба за секој дизајн, за секој напишан ред; сакаме да го гледаме тој израз на среќа и ентузијазам зад секој мал прогрес; таа – само навидум – наивност на неискуството… Воопштено, сакаме да одговараме на нивните интереси и прашања. Знаете, нели, нема глупави прашања, има само глупави одговори.

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This