Преку соработката ќе овозможиме отворање на работно место за студентите

Вие сте… … ATG Macedonia(Athletic Truth Group, @athletictruthgroup), односно сала за вежбање според систем што е создаден од страна на Бен Патрик (@kneesovertoesguy) од Америка којшто моментално прави револуција во фитнес индустријата по пат на методите кои ги применува во вежбањето. Во овој систем се вежба на зајакнување на телото и зголемување на неговата мобилност […]
11.12.2021

Вие сте…

… ATG Macedonia(Athletic Truth Group, @athletictruthgroup), односно сала за вежбање според систем што е создаден од страна на Бен Патрик (@kneesovertoesguy) од Америка којшто моментално прави револуција во фитнес индустријата по пат на методите кои ги применува во вежбањето. Во овој систем се вежба на зајакнување на телото и зголемување на неговата мобилност за да стане што поотпорно на повреди и болки и зголемување на физичкиот перформанс неколкукратно.

Вашата мисија е…

…што повеќе луѓе да можат да го вежбаат овој систем за да им помогне за нивната физичка и здравствена состојба. Се’ со цел да помогнеме да го прават тоа што го сакаат без болка во телото, и без телото да ги спречува, преку зголемување на физичката способност.

Идејата произлезе од…

… желбата да се отвори сала за вежбање каде што ќе може да се комбинираат овие програми со целосната опрема потребна за нив, бидејќи повеќето од вежбите се нетрадиционални и бараат посебна опрема која што ја нема во повеќето теретани и места за вежбање.

Соработката со Creative Hub

…соработката со Creative Hub ја гледаме како можност за обострана придобивка каде што ние ќе  ги користиме нивните познавања од делот на дигитален маркетинг, графички дизајн итн. за да постигнеме поголема промоција на салата, а со тоа овозможуваме отворање на работно место за некој од студентите, и секако можност за продолжување на соработката преку практична работа на студентите, хонорарно или целосно најмување за некој од нашите следни проекти.

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This