Среда среќен ден – Доделивме и втор ваучер од 200 ЕУР за одличен предлог дизајн

Среда – среќен ден! Бидејќи ептен беше тесен изборот за најдобро идејно решение на предизвикот, ние одлучивме да избереме двајца победници.  Му честитаме и на Игор Митевски за одлично сработеното предлог-решение. Решението на Игор точно и концизно одговара на задачата којашто ја поставивме. Поради тоа, неговиот дизајн е исто така победник на првиот ux/ui quest […]
Дел од решението на предизвикот
10.27.2021

Среда – среќен ден!

Бидејќи ептен беше тесен изборот за најдобро идејно решение на предизвикот, ние одлучивме да избереме двајца победници. 

Му честитаме и на Игор Митевски за одлично сработеното предлог-решение. Решението на Игор точно и концизно одговара на задачата којашто ја поставивме. Поради тоа, неговиот дизајн е исто така победник на првиот ux/ui quest на Creative Hub!

Како резултат на тоа и Игор е добитник на ваучер од 200евра којшто ќе може да го искористи како попуст при запишување на нашата UX/UI Академија. 

Подолу, следуваат фотографии и краток осврт за дизајнот.

Она што ни се допадна

Дизајнот е точно она што се бараше во предизвикот. Игор ги има опфатено потребните елементи коишто очекувавме да се појават и разработени се сценаријата на користење, односно повеќе скринови и чекори што следат при одредени клик и селекција, што укажува на посветеност и логичко размислување при поставување на дизајнот. Одлично замислено пред сè!

Исто така за пофалба е и моментот дека сите елементи се доведени до она што се нарекува high-fidelity решение. Односно, освен идејната скица-решение графички е решен сајтот со бои, фонт и лого. Не може а да не го пофалиме изборот на фонт, којшто има големо влијание за читливоста и разбирливоста на еден сајт или апликација.

Решение од предизвикотРешение од предизвикотРешение од предизвикот

Совети за во иднина

Она што нам ни ‘фати за око‘ е прекумерно и можеби несоодветно користење на црвена боја на копчињата, коешто на моменти е неоправдано, може да е збунувачко од аспект на корисник и да доведе до погрешни одлуки при користењето на апликацијата. Пример за ова е моментот кадешто користиш иста боја на копче и за “Add multiple items” И за “Cancel” И за “Confirm & pay”. Внимавај дека црвена боја најчесто се користи кога некоја акција е невалидна или треба да се понишни (пр. Cancel). Но и во случај да не е црвена боја генералната боја на страницата (како во случајот), треба да се внимава да не се дефокусира корисникот со копчиња само во една боја бидејќи со тоа се нарушува лесното и интуитивно користење на страницата / апликацијата. Пример, доколку копчето “Confirm & pay” е обоено жолто или зелено (или некоја друга боја) веднаш станува јасно дека тоа копче нè води чекор понатаму. Истото важи и за “Add multiple items”. 

Исто така, во однос на истиот скрин, Product name & Prize даваат чувство дека се копчиња кои треба да се кликнат, а во принцип се наслови на секција. Најчесто, попрепорачливо е насловите да се обработат поразлично од копчиња со цел да не дадат лажен ефект на корисникот (да пробува да ги кликне и да чека да се случи некаква интеракција).

Дел од решението на предизвикот Дел од решението на предизвикот

Бонус препорака:

Секогаш внимавајте на граматиката и на печатните грешки при изработка на идејни решенија бидејќи и тоа исто така ќе даде до знаење дека дополнително сте се потрудиле да го направите продуктот подобар. Пр. во случајот: Declaine.

Payment Решение Payment Решение

Suma sumarum, Игор, продолжи со работа и труд и понатаму! Сосем е очиглено е дека имаш око за детали и дека ‘те бива‘ за дизајн.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This