Структура на една маркетинг агенција

Бројката на вработените во секој бизнис, компанија или пак агенција не е мерило за успешноста на истата. Структурата е секогаш клучниот фактор за напредувањето и растењето бидејќи директно влијае на продуктивноста, квалитетот и културата. Тоа е така бидејќи структурата е одговорна за успешноста на внатрешната комуникација. Секако и за решавањето на проблемите и резултатите од […]
Структура на една маркетинг агенција
04.28.2021

Бројката на вработените во секој бизнис, компанија или пак агенција не е мерило за успешноста на истата. Структурата е секогаш клучниот фактор за напредувањето и растењето бидејќи директно влијае на продуктивноста, квалитетот и културата.

Тоа е така бидејќи структурата е одговорна за успешноста на внатрешната комуникација. Секако и за решавањето на проблемите и резултатите од зададените задачи.

Денес зборуваме за маркетинг агенции и нивните структури. Односно, се фокусираме на добрата организациона структура на една маркетинг агенција.

Во суштина структурата на маркетинг агенцијата е мошне едноставна. Различни оддели работат заедно за да допринесат во остварување на посакуваниот и планираниот резултат за клиентот. Потребата на клиентот е онаа која треба да се сфати и низ процесот на креирање на стратегијата да се воспостави организација која ќе им служи на тимовите инволвирани во проектот. 

Зошто организацијата е најбитен дел од структурата на една маркетинг агенција?

Организациската структура е значајна за растот на агенцијата бидејќи обезбедува јасност и насоки за различни задачи и потенцијални проблеми. Јасно го обележува патот низ кој агенцијата треба да се движи и ги истакнува важните задачи кои навремено треба да бидат извршени. 

Низ организациската структура вработените се водат и го известуваат работниот процес и решаваат проблем со поддршка понудена од одделот за кој работат (креативен оддел, оддел за продажба и слично).

Маркетинг агенциите кои се конструирани со добра структура секогаш успеваат да еволвираат и да им понудат многу повеќе од доволно на нивните клиенти. Освен добра организација како што напоменавме погоре, тие се поделени во различни сектори кои на крај составуваат една добра приказна. 

Главните сектори кои означуваат идеална структура се: креативниот тим, тимот одговорен за социјални медиуми и тимот одговорен за клиентите и воспоставување контакт со нив.

Креативен тим

Креативниот тим е група на лица кои се одговорни за развивањето на маркетинг материјалот. Клиентите обично се во потрага по маркетинг агенции кои ќе им овозможат целосно рекламирање на својот производ или услуга па затоа тие имаат потреба од различни креативни луѓе кои се способни да им понудат се што тие сакаат. Креативниот тим треба да ја трансформира идејата на клиентот во реалност и да ја претстави на најдобар можен начин. 

Тим одговорен за социјалните медиуми

Овој тим е одговорен за пласирањето на клиентот на социјалните мрежи. Секој клиент е различен и секој производ или услуга што тој го нуди е различен. Тимот има за задача да открие која социјална мрежа е најдобра за пласирање и како ќе се надмине конкуренцијата на пазарот. 

Акаунт тимот (кој е одговорен за клиентите)

Тимот кој е одговорен за клиентите воспоставува контакт со нив и гради врска во полза на агенцијата. Секако, прави се што е можно да ги задоволи и задржи досегашните клиенти но истовремено носи нови. 

Често, планирањето на стратегија е втората одговорност која овој тим ја има. При планирањето се вклучува клиентот со информациите и идеите кои веќе ги има но, се врши и темелно истражување на пазарот.

Валон Ибраими, директор на одделот за дигитален маркетинг во New Moment New Ideas Company и предавач по ПР на Академијата за дигитален маркетинг, низ разговор проговори и за оваа тема. 

Што според него, низ неколку реченици претставува струкура на една маркетинг агенција?

Принципите на кои се заснова успешно работење на маркетинг агенциите пред се и над се е односот кон клиентот. За да се изработи и изврши успешен проект, потребен е квалитетен бриф. Маркетинг агенцијата да ја сфати потребата на клиентот и низ процесот на брифинг со истиот да ги дефинира насоките и главните пораки на кампањата.

Процесот почнува со вклучување на Акаунт менаџерот, кој што директно комуницира и го води клиентот и ги пренесува нивните замисли до креативниот тим (креативен директор, копирајтери,дизајнери..). Низ процес на brainstorming, инклузивен за сите, се добиваат и филтрираат најквалитетните идеи и од нив произвлегуваат и финалните креативи и пораки. Тука зависно од потребите, се вклучува и ПР тимот.  Тој допринесува за подобро прикажување на кампањата и работата во јавноста преку медиумите и другите преносители на пораки. Составен дел од секоја маркетинг агенција е и mедиа тимот. Тој го прави планот на објави на кампањата во медиумите со цел подобар распоред и видливост на кампањата/проектот.

 

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This