fbpx

Успешната приказна на нашиот нов партнер Honey Badger

соработката со Creative Hub ја гледаме како можност за подигнување на брендот на повисоко ниво и со соодветни знаења и алатки од студентите да го прошириме пазарот на делување
10.06.2021

Вие сте…
…целосно македонски бренд за активна облека и опрема за подобрување на физичката
подготвеност кој своите почетоци ги бележи од 2018 година кога одлучивме да започнеме со
проект наречен Honey Badger, по истоименото животно кое е синоним за бестрашност, смелост,
храброст, издржливост и пожртвуваност.

Вашата мисија е...
…оттука е јасна и нашата мисија која за нас претставува императив: Нашите производи да
изградат силни луѓе кои никогаш не се откажуваат во животот и спортот. Еден од
фундаментите при основање на брендот беше и останува целото производство на брендот Honey
Badger да биде македонско, а со тоа секој купувач на производите директно да влијае кон повисока
цел за подобрување на економската состојба на држвата. Honey Badger е и секогаш ќе биде
насочен кон активниот начин на живот, спортот и физичкото здравје.

Вашата визија е…
… нашата визија за брендот Honey Badger е тој да биде лидер на Балканот во иновативност за
активна облека и опрема за вежбање, а неговата препознатливост да биде во светски рамки.
Нашиот тим го одликуваат луѓе кои знаат дека невозможното не постои, луѓе кои деноноќно
работат на зададената мисија и дефинитивно луѓе со фанатична визија кон проектот што е
започнат. Ние веруваме дека спортската подготвеност, како и подготвеноста да се одговори на
секојдневните животни предизвици е резултат на времето поминато во работа на себе. Honey
Badger секогаш ќе биде насочен кон активниот начин на живот, спортот и физичкото здравје.

Идејата произлезе од…
…идејата произлезе од секојдневните предизвици со кои се соочувавме низ нашите работни
обврски кои вклучуваа многу напор и пот. Нашите физички активности некогаш беа од 16 до 30
часови без можност да промениш гардероба, оттука ни дојде идејата дека на физички активните
луѓе навистина им е од голема важност секогаш со себе да имаат повеќе парчиња чиста облека за
спортување и активности која брзо ќе се суши и ќе биде изработена од материјал кој не ја
задржува влагата на телото. Тоа беше доволно за да почнеме со акција и да создадеме еден бренд
кој преминува во цело движење кое шири здрави навики и здрав дух.

 

 

 

 

 

 

 

Соработката со Creative Hub…
…соработката со Creative Hub ја гледаме како можност за подигнување на брендот на повисоко
ниво и со соодветни знаења и алатки од студентите да го прошириме пазарот на делување. Ние
константно работиме на иновации и нови производи така што на студентите, како и нам, сигурно
ќе им биде забавно да градат стратегии за маркетинг, планови за реализација и да обезбедуваат
содржина која лесно ќе се пробива низ каналите за маркетинг.
Најпрво ќе им ја дадеме довербата и можност да работат за нашите два нови производи кои ги
очекуваме набрзо. Справа за вежбање која за првпат ќе се произведува во Европа и активна блуза
за студено време со технологија за брзо сушење.

За понатаму да работиме како на тековни проекти, така и на иновации, да ги разбиеме бариерите и
да заедно се пробиваме на нашиот пазар и надвор од границите.

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This