Верувале или не најголемиот предизвик на студентите кои сакаат да работат UX UI е најпрво да разберат што е тоа.Затоа заедно со нашите in-house UX UI дизајнери решивме да ви го објасниме тоа од перспективата на клиент.
Да речеме дека јас сум клиент потребна ми е нова веб страна, доаѓам во вашата маркетинг агенција. Кој е првиот чекор? Најпрво ќе напишете бриф според моите спецификации, ќе се обидете да добиете што е можно повеќе информации за мојата таргет група и целта што сакам да ја постигнам со новата веб страна ( дали е зголемена продажба, дали е веб страна која ќе служи како информации за брендот, дали воопшто ќе има некаква конверзија и сл.)
Тоа е почетокот на процесот на истражување односно UX – User Experience.
Во следните неколку дена веб дизајнерот почнува со истражување на пазарот, дали постојат слични веб страни, каков е нивниот дизајн, кои се добрите,а кои се лошите страни.
Пример на UX UI дизајн изработен од наши студенти за едноставен проект – Landing page за платформа за вработување
Повторно се седнува со клиентот, се прави истражување на елементи од веб страните што му се допаѓаат на клиентот, како и оние кои не му се допаѓаат.
Се исцртуваат мокапи, прототипови, според преференциите на клиентот и самиот UX UI дизајнер добива една поголема слика околку тоа што му е потребно на клиентот.
Повторно се поканува клиентот и се прави презентација, се утврдуваат точки на интерес и на насока. Се потврдува изборот на бои, копчиња, текст, функционалност.
Е потоа се седнува и се работи на дизајнот, се она што е договорено визуелно да се претстави во веб сајт каков што го гледаме ние денес.
Приказ на еден UI дизајн за клиент YachtnGo.co на кој работеа нашите поранешни студенти на UX UI Академијата сега вработени во Creative Hub
Делот на UI – е токму тоа изгледот и функцијата на дизајнот. Времето кое дизајнерот го поминува за да ги направи тие елегантни и кликабилно веб страни што ќе ќе не натераат да речеме дека ова е “wow”.
Најчесто дизајнот може да се работи од 2 недели до 6-8 месеци во зависност од обемноста на проектот ( дизајн за веб страна не е ист со дизајн за софтвер), но можеби една од придобивките на оваа професија е тоа што не постои ниту еден ист проект.
Join us for “UX UI Meet & Deep Dive”
Ние би сакале да Ве поканиме на UX UI meetup во просториите на Creative Hub каде можете да се запознаете со нашите искусни UX UI дизајнери.
Ќе имате можност да поразговарате за професијата и за можностите за вработување и заработка.
Учествувајте во “ UX UI QUEST”
UX UI QUEST e нов проект кој го воведуваме каде секој вторник во 11 часот на нашата Инстаграм страна ќе објавуваме задачи од областа на UX UI. Најдобрите студенти што ќе успеат да ги решат задачите ќе добијат бесплатен пристап до нашата UX UI Community платформа.
Повеќе информации добијте на нашата веб страна
Следната група започнува на 20.10,2021.