fbpx

12 работи што ги научив за време на моето прво работно искуство како UX/UI дизајнер по завршување на Академија

Додека сè уште се приближував до крајот на мојата UX/UI академија при Creative Hub, ја добив мојата прва работа за академијата. Сè се случи одеднаш и неочекувано. Сè што знам е дека доколку имате посветеност  и страст за одредена работа, нештата секогаш ќе успеат на крајот. На кратко да ја раскажам својата приказна.  Се запишав на […]
02.09.2023

Додека сè уште се приближував до крајот на мојата UX/UI академија при Creative Hub, ја добив мојата прва работа за академијата. Сè се случи одеднаш и неочекувано. Сè што знам е дека доколку имате посветеност  и страст за одредена работа, нештата секогаш ќе успеат на крајот.

На кратко да ја раскажам својата приказна. 

Се запишав на академијата за UX/UI  во февруари 2022 и можам со сигурност да кажам дека тоа беше една од најдобрите одлуки на мојот живот.  По професија сум професор по Филозофија и филозофијата засекогаш ќе биде мојата прва љубов, но не ја гледав својата иднина како професор па затоа решив да сменам професија. Запознавањето со дизајн светот ми одеше одлично, но дефинитивно нешто ми недостасуваше.  Читав многу статии за UX, прочитав многу книги за дизајн, гледав видеа на YouTube и купив курсеви од Udemy. Но, ми недостигаше самодовербата дека еден ден навистина ќе успеам како UX дизајнер. 

Притоа случајно наидов на Creative Hub. Всушност, сè започна со бесплатниот курс што го понуди Академијата. Преку тој курс го направив мојот прв проект и се запознав со мојот ментор Александра и професор Иле. После курсот ми беше јасно дека сакам да учам од овие луѓе  и тоа беше клучниот момент да се запишам токму на оваа академија. Истотака нешто што ми помогна да ја донесам одлуката беше тоа што академијата ми понуди попуст бидејќи уште на курсот ја препознаа и валидираа мојата страст за дизајн и мојот стремеж да успеам во дизајн светот. И штом ме примија на Академијата, сè напредуваше брзо, со бројни предизвици, лекции и проекти на патот. Не беше лесно, ќе бидам искрена. Но тоа се однесува за секој што ја менува својата кариера, се разбира, особено за некој што е комплетно нов во светот на дизајнот. Но, бидејќи сум човек што сака предизвици тоа беше предизвикот што го прифатив и успеав да завршам како еден од најдобрите студенти, со работа во академијата.

Пријави се тука

Се заљубив во оваа Академија и нивниот стил на работа како резултат на учењето од мојата менторка Александра и увидов колку таа се грижи за нас студентите. Сакав да соработувам со нив и потајно се надевав на тоа. И всушност, тоа се случи. Да бидам искрена, се ми дојде неочекувано.

Мојот ментор и професор беа тие што ме препорачаа на Аријана како една од најдобрите студенти на академијата иако сè уште немав портфолио за да се покажам и докажам колку всушност знам.Меѓутоа кога работам и учам, се трудам да бидам најдобра што можам. Тоа се мои принципи и стандарди. Едноставно тоа сум јас. А токму тоа го забележаа мојот професор и ментор на академијата а подоцна и Аријана. Токму и тоа ми помогна да ја добијам својата прва работа како UX дизајнер. 

Ова се 12те работи што ги научив од моето прво дво месечно искуство како UX UI дизајнер:

1. Работа на реален проект

Навистина ја согледав работата и разликата од тоа да работиш на реален проект со реални последици во однос на домашните задачи што ги изработував за Академијата. Како прво секојдневно соработував со Аријана и добивав совети и корекции од неа за подобрување на контентот на проектите што ги работев. Тоа беше нешто ново за мене и одлично искуство. Комуникацијата ни се одвиваше без никаков проблем и успеа да ме води низ целото мое прво вистинско искуство како дизајнер.

2. Работа со Девелопер

Откако ја завршив мојата првична задача – велам завршена со резерва бидејќи ништо во процесот на корисничко искуство никогаш не е навистина завршено –  соработував со Никола, девелоперот на Creative Hub. И покрај тоа што несомнено направив многу грешки , тој беше доста трпелив со мене. Нормално, направив грешки затоа што тоа беше мојата прва задача, но набрзо сфатив дека ова е најдобриот начин да се научи – преку правење грешки и нивно поправање. Сепак, јас бев исто така многу внимателена на рокот и работев толку брзо што грешките во оваа околност беа очекувани.

Ја научив и таа лекција. Не брзајте бидејќи после тоа ќе ви треба двојно повеќе време за да ги поправите некои ваши недостатоци. И Никола всушност ми го даде тој совет. Бидејќи ова ни беше прв пат да работиме заедно, тој тврдеше дека сè поминало без проблеми.

3. Итерации, итерации, итерации

И самата бев свесна дека ниеден UX проект не е финален продукт. Тоа е повеќе како жива материја што постојано претрпува промени и врз основа на безбројни истражувања и тестирања се доаѓа до некоја прва верзија што понатаму оди кон кодирање.

Пријави се тука

4. Секој проект е уникатен

Дефинитивно во UX светот нема ништо линеарно. На еден проект го работев само визуелниот процес, на друг проект соработував со мојот ментор Александра, а имав и проект што го завршив во еден ден бидејќи беше потребен како мокап за потенцијален клиент. На целото ова бев веќе спремна бидејќи беше укажано на Академијата но многу е поразлично искуството кога со вакво нешто се соочуваш за реални проекти.

5. Знам дека многу работи не знам

Мислам дека ова е мое мото уште од моите студентски денови. По професија сум Професор по Филозофија и буквално Сократовата реченица ми е нешто по што се водам и не ми е срам да признаам дека многу работи не знам. Тоа е всушност доблест којашто секој треба да ја поседува. Зошто дури откако ќе си признаеш и осознаеш дека не знаеш многу работи, само тогаш ќе можеш и ќе си спремен да научиш.

6. Усовршување на своите UI вештини

Благодарение на ова мое прво работно искуство моите визуелни вештини се надоградија многу. Тоа се должеше на секојдневното гледање веб страници, работа со други дизајнери, пробување на тоа што може да функционира, а што не за мојот проект. Дефинитивно забележав изострување на моето дизајнерско око и надоградување на мојот креативен ум.

7. Многу истражување

Истражување е нешто без коешто ниеден проект не може да пројде. И тоа се зборуваше уште од првиот ден на академијата. Ниеден проект не започнува со седнување и директно дизајнирање во Фигма.

8. Working with deadlines

Сите сме свесни за ова но понекогаш е добро доколку се осети на своја кожа. Јас обожавам рокови и ми помагаат да си ја одржам својата дисциплина при избработка на било што, но понекогаш не е возможно да се изработи се во дадениот рок и тоа е сосема во ред. Сепак дизајнот е процес што навистина си бара време, размислување и истражување.

9. Носење брзи одлуки

Нешто што го забележав како голема промена и раст при моето дизајнерско унапредување е моментот кога почнав да носам брзи одлуки. На почетокот на академијата бев толку несигурна и буквално тоа ме спречуваше да почнам да дизајнирам. Со текот на времето станував се посигурна и сфатив дека не е грешно доколку донесам некоја одлука и потоа ја сменам. Всушност тоа е и самиот дизајн и благодарение на оваа работа, таа самодоверба во мене уште повеќе се зацврсти.

Пријави се тука

10. Комуникација и многу состаноци

За добро изработен проект е потребно секојдневна и јасна комункација. Тоа го имав со сите колеги во Creative hub, со Аријана како проект менаџер, со Никола како девелопер и со Александра мојот ментор. Речиси е невозможно да се изработи било што без притоа да се има јасна и концизна комуникација.

11. Working as a solo designer

Имав задачa уште од мојот прв работен ден. Аријана ми понуди краток бриф за  задача со рок од една недела заедно со план за цел месец. 

Една од првите лекции што ги научив во мојата работа е дека е речиси невозможно да се заврши задачата до наведениот рок, бидејќи работата е непредвидлива и вклучува толку многу прилагодувања и измени на патот.

Задачата беше за: Online Recruitment website. To create a custom website for companies that want to hire vetted (carefully examined) junior developers/marketers/designers/UX UI/data scientists/recruiters from Eastern Europe. Сама ја работев оваа задача, а Аријана беше таа што ми ја даде содржината. Имавме и дневни состаноци за да разговараме за мојата работа пред крајот на секој ден. Работата се одвиваше со истражување што прават другите веб-страни и бизниси во врска со мојата тема за да добијам идеи како да ја структурирам мојата веб-страница. 

Проектот претрпе и многу промени, од кои секоја првично изгледаше малку поинаква, но на крајот направив навистина чист и професионален финален производ. Еве линк до мојот прв  UI/UX проект  – Jatto.

12. Working with my mentor Aleksandra

Откако ја завршив таа задача,  соработував со Александра, мојот ментор на академијата. Таа е фантастичен дизајнер и уште подобра колешка, па бев нестрплива да соработувам со неа! Заедно со неа ја подобривме сегашната веб-страница на Академијата за Америка. Моето прво работно искуство со мојот ментор и колега беше неверојатно! Направивме неколку итерации и некои нови компоненти и стилови. Гледајќи како таа работи на реален проект, научив уште повеќе и тоа беше клучниот момент што ми помогна да разберам  како е да се работи под менторство на Senior  Designer.

Морам да признаам дека моето прво работно искуство како помлад дизајнер беше интересно, непредвидливо, предизвикувачко и дефинитивно научив многу работи со прекрасен тим од луѓе. 

Уписите за новата група на Академијата за UX UI се во тек. Регистрирај се тука.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This