fbpx

4 години ментор на UX UI Академија

Денешниот текст сакаме да го посветиме на нашиот предавач и ментор Иле Петрушев, со кого соработуваме веќе 4 години на UX UI Академија.  Пренесувајќи го своето знаење Иле им помогна на 4 групи студенти да стекнат вештини и да ја трансформираат својата кариера во UX UI дизајнери. Дел од нив денес работат во компании како […]
ментор
02.28.2023

Денешниот текст сакаме да го посветиме на нашиот предавач и ментор Иле Петрушев, со кого соработуваме веќе 4 години на UX UI Академија

Пренесувајќи го своето знаење Иле им помогна на 4 групи студенти да стекнат вештини и да ја трансформираат својата кариера во UX UI дизајнери.

Дел од нив денес работат во компании како Deloitte, ScaleFocus, Grey Group Worldwide, Креативна Мисла, Creative Hub и други.

Преку 9 месечната програма студентите стекнуваат вештини во областите на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, UX & UI доволно за да работат на реални проекти и да изградат Case Studies кои можат да ги прикачат на Behance. 

Но, она што уште позначајно е дека Иле не им го пренесува само знаењето туку и искуството, односно она со што тој самиот се соочувал додека го градел својот UX UI кариерен пат. 

Иако во моментот работи во софтверска компанија, своето портфолио го градел како графички дизајнер со работа во дел од поголемите маркетинг агенции како Меккен Скопје, Футура 2/2, Codeart и други. 

Во декември 2019та година под менторство на Иле тогашните студенти учествуваа на 45-дневен Креатон каде редизајнираа веб страни на 5 македонски компании во соработка со Владата на Република Словенија и Амбасадата на Република Словенија. 

Последната група студенти, дипломираше со одлични Behance портфолија, а за најдобрите 5 прочитајте тука.

Иле, 

Од се срце ние во Creative Hub ти симнуваме капа за се што направи и ти благодариме за целото знаење што им го пренесуваш на студентите !  “

Уписите за новата група се во тек. Доколку сакате да ја погледнете програмата на Академијата кликнете тука

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This