5 придобивки од сертификат по дигитален маркетинг во 2021

Во изминатите години, а особено со појавата на КОВИД-19, интернетот станува се поприсутен во нашето секојдневие. Бизнисите инвестираат во дигиталниот маркетинг како никогаш до сега.Бројот на работни места за дигитални маркетери расте. Дигиталниот маркетинг е креативен и динамичен, а кариерните можности со големата флексибилност го прават примамлив и возбудлив како кариера.
5 придобивки од сертификат по дигитален маркетинг во 2021
05.06.2021

пишува Христина Велјановска, Академија за дигитален маркетинг.

Во изминатите години, а особено со појавата на КОВИД-19, интернетот станува се поприсутен во нашето секојдневие. Бизнисите инвестираат во дигиталниот маркетинг како никогаш до сега.Бројот на работни места за дигитални маркетери расте. Дигиталниот маркетинг е креативен и динамичен, а кариерните можности со големата флексибилност го прават примамлив и возбудлив како кариера.

Сертификатот по дигитален маркетинг ќе ви овозможи да се стекнете со сет на вештини каде SEO, content writing, email marketing, Google ads се само дел од нив.

Во продолжение прочитајте ги главните придобивки од сертификат за дигитален маркетинг.

Можност за нова кариера и унапредување

Потребата од дигитални маркетери е се поголема, а сепак нема доволно квалификуван кадар за да се исполнат многу од позициите. Тоа го потврдува и извештајот направен во 2019. Според кој побарувачката на дигиталниот маркетинг кај бизнисите изнесува 59%, а понудата e само 19%. Факт е дека вештините на дигиталниот маркетинг се многу барани сега, но што ќе се случи во иднина?

Иако дигиталниот маркетинг веќе постои со години, многу од бизнисите штотуку почнуваат да ја разбираат неговата важност. Тоа ги вклучува новите бизниси кои што се на сам почеток и им треба помош во градењето на нивната репутација. Истото важи и за веќе етаблирани компании кои ја сфаќаат важноста на дигиталното присуство и имаат постојана потреба од добра маркетинг стратегија за да останат на врвот.

Сертификатот за дигитален маркетинг ќе ви овозможи да стекнете вештини и искуство кои и се потребни на секоја компанија за да ги достигне своите цели, сега, како и во иднина.

Напредно знаење на сите сегменти од дигиталниот маркетинг

Можеби еден од најдобрите аспекти на дигиталниот маркетинг е тоа што не е ограничен на едно поле.

Со правилен избор на Академија за дигитален маркетинг, вие ќе се стекнете со знаење и практична работа во сите негови сегменти. Подоцна од нив ќе може да изберете профил што најдобро одговара на вашите склоности и сет на вештини.

Поголема конкурентност на пазарот

Во денешниот свет не е доволно да кажете дека сте добар дигитален маркетер. Зошто регрутерите би ви верувале? За да ги убедите дека сте вистинската личност за работата за која аплицирате, корисно е да имате искуство, но и сертификација. Компаниите бараат комплетен дигитален маркетер кој има знаење од сите сегменти на дигиталниот маркетинг, па така сертификатот ќе покаже дека ги имате соодветните вештини како и дека сте работеле на реални проекти. Но тој кажува и други работи за вас. Здобивањето со ваков сертификат е потфат кој бара многу труд, време и посветеност.

Тоа значи дека сте посветена личност која вложува во себе си и својот развој, а тоа е нешто што е барано и ценето од страна на секоја компанија.

Поголема флексибилност

Голема предност на работата во дигиталниот маркетинг е флексибилното работно време. Бидејќи сите маркетинг концепти се базираат на интернет, физичката локација не е секогаш важна. Професионалците во дигиталниот маркетинг можат да ги завршуваат своите обврски од каде било, под услов да имаат добра интернет конекција. Тоа значи дека може да бидете на било која локција, а сепак ефикасно да си ја извршувате својата работа – нешто што недостасува во пристапот на традиционалниот маркетинг.

Зголемување на професионалната мрежа

Кариерниот развој не подразбира само ново вработување или пак добивање на унапредување; тој вклучува и проширување на вашата професионална мрежа. Вмрежувањето ќе ви овозможи да учите и комуницирате со експерти од својата област, кои ќе ви го пренесат своето искуство и знаење, и дополнително ќе ве инспирираат и мотивираат во врска со вашите идни предизвици. Покрај тоа, ќе се запознаете и со други истомисленици кои сакаат да ја развијат својата кариера, како и со луѓе кои ќе имаат потреба од дигитални маркетери во иднина.

Како да изберам легитимна сертификација?

Сега сте спремни да го направите следниот чекор и да се стекнете со сертификат по дигитален маркетинг, но како да направите вистински избор?

Во продолжение прочитајте ги најважните критериуми кои треба да ги имате во предвид при избор на сертификат по дигитален маркетинг.

Предавачи кои се професионалци во својот домен

Еден од најважните, но честопати занемарени критериуми кога станува збор за избор на курс или академија за дигитален маркетинг, се неговите предавачи. Колку и добро да звучи некој институт, колку и да е добро осмислена наставната програма, доколку предавачите немаат доволно искуство и знаење, се друго ‘паѓа во вода’. Предавачите се најважната алка во синџирот на одлуки што ги носиме за да избереме совршена обука по дигитален маркетинг.

Искуства и препораки

Една од убавините на интернетот е што лесно може да се поврзете со луѓе од целиот свет и да ги споделите своите мислења. Луѓето користат различни платформи за да зборуваат за нешто што го искусиле од прва рака и за да го споделат своето искуство со другите за доброто на сите. Дознајте што е може повеќе за академијата и прочитајте ги коментарите за истата на разни релевантни платформи. Тоа ќе ви даде претстава дали таа вреди. Не мора секогаш да правите грешки за да научите; може многу да се научи и од искуствата на другите, а тоа е уште подобро.

Практична работа, задача и проекти

Треба да обрнете големо внимание на тоа колку добро е структурирана наставната програма. Квалитетната наставна програма ќе има голем обем на практична обука, проекти и примери кои ќе бидат предизвик во вашето учење. Практичната работа ќе ги задржи студентите ангажирани, заинтересирани и љубопитни за темите. На крајот на краиштата, сè би било теоретско знаење, освен ако навистина не извршите практични вежби.

Колку повеќе вежбате, толку повеќе би научиле, а тоа се однесува и за дигиталниот маркетинг. 
Наставен план – Што ќе учите?

Начинот на кој е дизајнирана вашата наставна програма игра важна улога при избор на академија или курс. Треба внимателно да ја разгледате наставната програма за да се осигурате дека сите потребни теми се опфатени. Исто така, треба да знаете колку време и внимание би и се посветило на секоја од темите, како и колку длабоко би се изучувале истите. Според тоа, потребно е да барате одговори на следните прашања:

  • Кои се темите опфатени во наставната програма?
  • Дали темите ги опфаќаат сите важни аспекти на сертификацијата кои се од суштинско значење за вашето учење?
  • Кои сегменти на дигиталниот маркетинг се опфатени во рамките на избраниот сертификат?
  • Дали концептите се базирани на реални проекти и објаснувања?
  • Кои се практичните вежби вклучени во наставната програма?
  • Дали има интеракција и соработка со професионалци во индустријата надвор од предавачите?
  • На какви видови на задачи ќе работите?

За краj, за да бидете успешен професионалец во дигиталниот маркетинг, потребно е постојано да се усовршувате, да го употребувате тоа што го знаете и да барате нови предизвици во работата кои неминовно ќе придонесат кон вашиот раст. Без разлика дали сте во потрага по нова работа, или пак веќе извесно време работите во полето на дигиталниот маркетинг, важно е да ги усовршувате вашите вештини и секогаш да одвојувате време за учење на нови.

Сертификатот за дигитален маркетинг е доказ за вашата посветеност и иницијатива за личниот развој кој ќе ви отвори многу врати во вашата кариера. Инвестирајте во себе уште денес.

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This