Неопходни чекори при избирање на Академија за дигитален маркетинг

пишува Александра Левајковска, Академија за дигитален маркетинг Во денешно време дигиталниот маркетинг претставува една од најинтересните вештини што еден млад човек треба да ги поседува. Секако тоа е така поради брзото ширење на дигитализацијата во нашиот живот. Брзото ширење на интернетот направи секој сопственик на бизнис својата промоција да ја врши преку најразлични дигитални алатки. […]
7 неопходни чекори при избирање на Академија
05.27.2021

пишува Александра Левајковска, Академија за дигитален маркетинг

Во денешно време дигиталниот маркетинг претставува една од најинтересните вештини што еден млад човек треба да ги поседува. Секако тоа е така поради брзото ширење на дигитализацијата во нашиот живот.

Брзото ширење на интернетот направи секој сопственик на бизнис својата промоција да ја врши преку најразлични дигитални алатки. Поради тоа, овој блог пост има за цел да им помогне на сите оние кои бараат кариера во дигиталниот свет, но поради големиот избор се збунети.  Кој чекор треба да го направите и како да се одлучите? Дали можеби ви се потребни неколку чекори?

Секој прво се запрашува – дали Академија која трае подолго и чини повеќе или пак брз онлајн курс кој чини помалку и трае пократко. Според мене, секогаш Академија. Зошто? Во продолжение ви откривам 7 неопходните чекори кои мене ми помогнаа да се одлучам за Академијата за дигитален маркетинг во Creative Hub.

7 неопходни чекори при избирање на Академија за дигитален маркетинг

Јасно дефинирана цел

Пред да се одлучиш да запишеш академија за Дигитален Маркетинг, мој совет е да направиш листа со причини зашто баш тоа сакаш да го учиш.

Постави си ги следниве прашања:

  • Зашто сакам да учам Дигитален Маркетинг?
  • Дали би учел Дигитален Маркетинг за да имам една вештина плус, или сакам да градам кариера на ова поле?
  • Дали сакам да ја земам цела академија, или сакам да завршам пократок курс и да се насочам кон одреден модул?

Откако јасно ќе си ги поставиш целите, насочи се кон онаа цел што ти е приоритетна. На пример, ако работиш social media за некоја компанија и сакаш да се усовршиш во тоа поле, можеш да земеш некој курс што е поврзан со маркетинг и социјални медиуми. Но, ако сакаш целосна промена на твојата кариера во областа на Дигиталниот Маркетинг како што беше во мојот случај, тогаш неколкумесечна академија би била правилен избор.

Детално разгледај ги модулите што ќе ги учиш

Отакако ќе се одлучиш да запишеш академија, следен многу важен чекор е да ја разгледаш програмата што ќе ја изучуваш. 

Провери дали академијата што си ја избрал ги нуди следиве работи:

  • Работа на реални проекти 
  • Пристап до специјализирана платформа за учење и добивање домашни задачи по секој предмет
  • Учење преку практична работа 
  • Дали по завршувањето на академијата те поврзуваат со компании кои имаат потреба од дигитални маркетери

Како и секоја област, така и дигиталниот маркетинг е поле кое што бара доста искуство, а искуство најдобро се стекнува преку практична работа и реални проекти. За мене овие неколку точки кои беа клучни во изборот за упис на академија.

Види од кого е креирана програмата

На веб сајтот на речиси секоја академија има дел со информации за предавачите. Истражи ја областа која ја предаваат и разгледај го нивното искуство во истата. Ова е многу важно, бидејќи тоа се луѓето кои најдобро ќе ти го пренесат знаењето и праксата, а дел од нив и искуствата од работа во странски компании. 

Посети бесплатен демо час

За да имаш идеја како се одвиваат предавањата на академијата би требало да присуствуваш на макар едно или пак две бесплатни предавања или пак вебинари. Ова е еден од најважните неопходни чекори кои треба да се направат пред запишување. Пријави се за демо час и откриј ги своите можности.

Откако ќе го земеш часот, размисли дали часот ги исполнил следниве очекувања:

  • Дали предавањето е интерактивно?
  • Дали научи нешто ново?
  • Дали часот ти беше предизвик за да учиш уште?
  • Дали темпото на учење одговараше на твоето темпо?

Ако твојот одговор е да, тогаш нема да погрешиш ако се одлучиш да се запишеш на таа академија. Покрај ова, можеш да се јавиш во академијата, да го контактираш нивниот координатор и да прашаш се што те интересира дополнително.

Земи краток курс за Дигитален Маркетинг

Ако покрај демо часот, се уште не си сигурен во одлуката, можеш да посетиш краток курс кој можеби ќе ти помогне да дознаеш што точно те интересира од областа на маркетингот. Можеби ќе те заинтригира да сакаш да научиш повеќе и ќе ти помогне да бидеш сигурен дека сакаш да запишеш неколкумесечна академија.

Провери дали академијата има светски акредитиран сертификат

Ова според мене е еден од најважните чекори при одбирање на академија. Посебно е важно дали сертификатот е признаен во Европа, ако твојата цел по завршувањто на курсот е да бараш работа во странство. 

Услови за добивање на сертификатот:

  • Присуство на 90% од часовите
  • Сите домашни задачи да бидат изработени на време
  • Завршен проект – Изработка на целосна маркетинг стратегија

Овие неколку точки се исто така многу важни, така ќе знаеш дека се работи за сериозна академија и дека сертификатот не може да го земе секој без притоа да вложи труд за истиот.

Истражи дали дали академијата што сакаш да ја посетуваш одговара на финансиите со кои располагаш и со твојот дневен распоред

Пред да се одлучиш за Академија и да ги направиш останатите неопходни чекори размисли добро колку пари можеш да одвоиш за неа. Потоа распрашај се кога се одвиваат часовите и види дали термините одговараат на твојот дневен распоред. Без разлика дали си студент или работиш, многу е важно добро да си го организираш денот. Пред да се одлучиш за упис, гледај на него како на инвестиција што ја правиш за својата индина и како тоа еден ден ќе се исплати за подобра кариера.

Зошто Creative Hub беше мојот избор?

Овие неопходни чекори ќе ти помогнат да одлучиш дали академија за дигитален маркетинг е вистински избор за твојата кариера. Јас се водев по нив кога размислував кој да биде мојот следен чекор и каде да се запишам, соочена со голем избор на курсеви и академии. Сега верувам дека направив правилна одлука што се запишав на Академијата за дигитален маркетинг во Creative Hub.

За Creative Hub дознав од блиска другарка. Таа беше претходен студент на академијата и беше многу задоволна од истата. По нејзината препорака, ги разгледав убаво предметите, предавачите и што се програмата нуди. Ми се допадна сеопфатноста на програмата и видов огромен потенцијал за личен раст.

Сметам дека неформалното образование може да ти помогне да ги усовршиш твоите вештини. Практичната работа е многу важна при градење на професионална кариера. Доколку сакаш да работиш на реални проекти и да учиш од вистински професионалци, Creative Hub e вистинскиот избор за тебе.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This