Се прашуваш дали Мини Code Академија е за тебе? Еве 7 причини зошто да избереш:
4 неделна спринт програма
4 недели се сосема доволно време за да се совладаат програмските јазици HTML и CSS. Што исто така значи дека 4 недели се сосема доволни да поединец научи да изгради своја статична веб страна. Менторот ќе вложи труд да ве насочи и научи, но само оние кои ќе вложат труд, континуирано и напорно ќе работат на предавањата, но и надвор од нив, ќе можат успешно да направат своја целосно респонзивна веб страна.
100% активно учество
Заборави на слушање предавања и фаќање забелешки, кодирањето се учи преку пишување код. Со активно слушање и учество во наставата, вие ќе бидете подготвени на првиот час да го напишете својот прв код.
Менторски фидбек и насока
Работа со ментор кој постојано е тука за вас. Ментор кој го изодел вашиот пат и затоа е тука, да ве научи и насочи како треба, да ви укаже на грешките и помогне во успешните подвизи.
Почеток на професија со финансиски бенефиции
Ова e една од најбараните професии во последнава деценија, вашата работа е да одговорите на барањата на клиентите со одлични и функционални веб страни, што значи за тоа задоволство тие плаќаат повеќе и од просечна македонска плата.
Целосно практична
Теорија даваат сите, практичната настава е онаа која ви е потребна, а оваа Mini Code Академија на тоа е ставен акцентот. Се што ќе научите, во иднина ќе можете успешно да го примените!
Ќе ја изработиш твојата прва веб страна и ќе бидеш горд на себе!
Крајот на Mini Code Академијата е резервиран за работа на практичен проект, односно секој од вас ќе направи своја статична и целосно респонзивна, на повеќе уреди, веб страна. Вашето првенче во оваа кариера, ќе биде посебна гордост штом сами го изградите.
Ќе се стекнеш со Европски признаен сертификат!
Оние студенти кои ќе изберат да се стекнат со Европски признаен сертификат, ќе имаат вклучено дополнителни 5 часа со менторот.
Искористете ја Early Bird понудата која трае до 10ти јуни и запишете се на Мини Code Академија по цена пониска од регуларната.
Пријавувањето е на 071 214 849 или закажете онлајн состанок со нашиот Creative Hub координатор Стојанчо на следниот линк.