8 совети кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот дигитален маркетинг пристап кон тинејџери

пишува Фросина Петровска, Академија за дигитален маркетинг Сте забележале ли дека има голема бројка на успешни реклами за возрасни, но кога станува збор за тинејџери се јавува проблем со задржување на нивното внимание, мислите дека ви требаат неколку совети околу тоа? Ако да, тогаш клучот дефинитивно е во водечките трендови и технологијата но има детали […]
совети за пристап кон тинејџери
05.14.2021

пишува Фросина Петровска, Академија за дигитален маркетинг

Сте забележале ли дека има голема бројка на успешни реклами за возрасни, но кога станува збор за тинејџери се јавува проблем со задржување на нивното внимание, мислите дека ви требаат неколку совети околу тоа? Ако да, тогаш клучот дефинитивно е во водечките трендови и технологијата но има детали што јас како тинејџер ќе ги споделам со тебе.

Следуваат неколку теми/ совети на кои треба да размислиш кога правиш дигитален маркетинг кон оваа специфична целна група.

Направете истражување за целната група 

Групата на тинејџери е доста голема и со најразлични стилови и деца кои во тие години го пронаоѓаат своето јас. Што треба да направиш прво? Еве неколку совети кои ќе ти бидат корисни.

Прво ти е потребно истражување кон која специфична целна група се обраќаш и која е пораката која треба да ја испратиш до нив. Истата порака треба да се разгледа дали ќе биде испратена кон нивните родители или самите тинејџери.

Бидете на мрежи каде што се активни

2.80 билиони корисници месечно го користат својот Facebook профил, дел од нив се тинејџери. На социјалните мрежи секој се појавува со различна цел и потреба. Тинејџерите не се најавуваат на фејзбук за да погледнат што има ново да се купи  или за да ги погледнат брендовите. За нив социјалните мрежи се место за забава, инспирација и комуникација.

Тогаш каде да ги бараме за да допреме до нив? 

Тинејџерите можат да поминат сааати гледајќи видеа. Snapchat на пример е местото каде се задржуваат најмногу. Тие тука чуствуваат слој на приватност и единствена причина зошто се тука е забаавна комуникација со пријателите. Според едно истражување кое истовремено се посвети и да подели неколку совети за ова група, во Америка Snapchat е најпопуларна мрежа меѓу младите. Оваа апликација завзема  34% од нивната активност на социјалните мрежи.  Значи, оди каде што они се среќни и активни со краток и персонализиран контент. 

Ако станува збор за деца од 13, 14 и 15 години 80% од маркетингот се однесува кон нивните родители. За  возрасти од 16,17, 18  години  кога почнуваат да се осамоставуваат потребна е комуникација директно со тинејџерот.

Контент што сите тинејџери ќе сакаат да го споделат

Најчесто младите ја креваат гледаноста на социјалните мрежи. Доколку направиш објава која ќе биде примамлива за тинејџерите,  интересна и кратка каде читателите ќе можат да се пронајдат и поврзат тие ќе сакаат да го споделат тоа. 

Кога еден тинејџер ќе сподели некоја содржина,истото ќе го направат и илјадници други, пореди постојаната меѓусебна комуникација и споделување на интересни содржини.

Потребно е нивното внимание 

Главна цел во дигиталниот маркетинг кон тинејџери е да го привлечеш нивното внимание а не да се да се обидуваш да им продадеш одреден  производ. Младите имаат аверзија кон агресивното рекламирање. Најдобар начин да го задржите нивното внимание е со следење на најновите трендови.

Избегнувајте наметнување содржини, тоа ќе ги оддалечи

Денешните тинејџери растат паралелно со интернетот. Уште од најмала возрастдецата се соочени со најразлични реклами и промоции за кои можат  да проценат што е вештачко или лажно.  Клучен фактор во објавите наменети за тинејџерите е да бидат кратки и  искрени. Форсирањето на кампања на социјалните мрежи која со еден збор е “премногу”  може само да ја намали заинтересираноста кај сите и да стане досадна за гледање. Бидете автентични.

Воспоставете интеракција за да им докажете дека се важни 

Тинејџерите сакаат да го дадат своето мислење на социјалните мрежи или да бидат вклучени во најразлични активности. Доколку им  поставите прашање,  или квиз голем број на тинејџери со задоволство ќе учествуваат.  Подоцна ги споделуваат своите искуства со околината.

Поттикнете интеракција со нив и покажете дека се грижиш за нивните потреби со одговарање на пораки и коментари или споделување на нивните постови. Тоа прави да се чуствуваат важни.

McDonald’s  има  позната кампања на Snapchat каде што ги вклучува помладите и со користење на филтер со капче,  секој може  да каже зошто сака да работи во McDonald’s. Имаат и други филтери на Snapchat  кои не само младите, нив ги користат сите потрошувачи од најразлични локации.

Знај ги непишаните правила

Кога сакаме да се обраќаме кон помладата публика треба  да внимаваме: 

  • Кога се обраќате кон тинејџерите тука исто така се подразбира и обраќање кон нивните родители. Пред овие две групи треба да пристапите со, интересен производ со прифатлива цена.
  • При ваков тип на маркетинг се нагласува точноста на информациите и автентичноста на брендот. Секојдневно се соочуваме со лажни профили кои што пробуваат да не намамат да купиме нешто. Тинејџерите како и сите други купувачи се доста претпазливи на оваа тема и ги избегнуваат сомнителните бизниси. За да го избегнеш, користете веродостојни информации за бизнисот. 
  • Една од целите при маркетингот за тинејџери е да се добие нивната лојалност. Доколку еден потрошувач го направите среќен додека е млад, тој задоволен редовно ќе се враќа кај  вас и во неговите постари години.
  • Тинејџери не се идентични. Кога се обраќате кон целната група- тинејџери всушност се ораќате на многу различни профили со унокатни потреби. Сепак,  едно нешто ги спојува нивните разлики.  Забавата . Доколку една реклама измами насмевка, послижи како инспирација и поттик, таа реклама се смета за успешна.

Тинејџер можеш да најдеш на социјалните мрежи со водечките трендови. Од сите совети погоре споменати, важно е да пристапете кон нив искрено. Така, ќе го привлечете нивното  внимание и да остварите комуникација со нив. Еве неколку текстови креирани од тимот на Creative Hub кои можат да ти помогнат да дознаеш нешто плус:

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This