Во денештното интервју разговараме со Моника студент на Академијата за дигитален маркетинг која на Академијата се приклучи без предзнаење од дигитален маркетинг. Таа се одлучила за дигиталниот маркетинг бидејќи го смета за креативна професија која е полна со предизвици и во која постојано се учи нешто ново. За Creative Hub се одлучила бидејќи нуди повеќе можности во споредба со другите академии како што е ЕУ сертификат, но и поради одличниот избор на ментори. За менторите вели дека се професионалци во она што го прават и секогаш го даваат својот максимум во пренесувањето на нивното знаење, а како свој омилен проект би го издвоила проектот кој го изработувала по модулот ЅЕО.
Новата група на Академијата за дигитален маркетинг започнува во февруари.
Super Early Bird цената важи до 30 ноември!
Повеќе за искуството на Моника на Академијата за дигитален маркетинг прочитај во интервјуто во прилог.
Креативна и предизвикувачка професија
Creative Hub: Зошто баш дигитален маркетинг? Што Ви се допаѓа највеќе кај оваа професија?
Моника: Дигитален маркетинг затоа што нуди многу можности за креативност и никогаш нема да е монотоно, секогаш има нови предизвици каде што може да се предивикуваме самите себе во врска со нашата креативност, со организациските вештини. Најмногу ми се допаѓа тоа што секогаш има нешто ново за кое може да се дообучиме, не е постојано само едно исто, секогаш има нешто ново предизвикувачко.
Одличен избор на ментори
Creative Hub: Пред да го одберете Creative Hub дали направивте истражување и на понуди од други академии? Што беше пресудно да ја одберете Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub?
Моника: Да, пред да ја одберам Creative Hub Академијата направив истражување на понудите во другите академии кои нудеа Академија за дигитален маркетинг, за мене пресудно беше тоа што Creative Hub нуди повеќе можности од останатите академии, како што е ЕУ сертификатот и изборот на ментори-предавачи во Creative Hub кој е одличен. Секој од менторите максимално се труди да ни го пренесе нивното знаење.
Креативност, организациски вештини и социјални мрежи
Creative Hub: Веќе сте на крај на Академијата, кои клучни вештини за еден дигитален маркетер сметате дека ги стекнавте?
Моника: Стекнав повеќе креативност, можеби и организациски вештини,управување со социјалните мрежи.
Најпредизвикувачкиот проект ми беше и омилен проект
Creative Hub: Можете ли да издвоите некој омилен проект на кој сте работеле на Академијата и што научивте од него?
Моника: Омилен проект не би можела да издвојам еден бидејќи биле повеќе, но меѓутоа мислам дека можам да ги издвојам проектите по Social Media Ads, Google Ads, со тоа што научив како треба да се управува со рекламите на социјалните мрежи, како треба да се поставува буџетот. Најпредизвикувачки проект ми беше проектот по модулот SEO, па можеби и тој би го ставила во омилен проект.
Предавачите секогаш го даваа својот максимум
Creative Hub: Кој предавач Ви остави најголем впечаток и зошто?
Моника: Не можам да издвојам предавач кој ми оставил најголем впечаток бидејќи сите предавачи што ги имавме во текот на Академијата пред се се професионалци предобро и ја познаваат својата тематика која ја работат. Сите се трудеа максимум да извлечат од себеси за да ни пренесат на нас, секогаш се достапни за нас дури и откако модулот завршил, секогаш можеме да ги контактираме доколку не се снајдеме со нешто или имаме потешкотија со проектот.
Академија која не бара предзнаење
Creative Hub: Земајќи го предвид целокупното искуство дали би ја препорачале Академијата за дигитален маркетинг на некој кој сака со нула предзнаење да се преквалификува во дигитален маркетинг?
Моника: Да, секако дека би ја препорачала. Пред се е предобро искуство, нема потреба од предзнаење бидејќи во текот на Академијата ќе научат се што треба за да станат одлични дигитал маркетери.