fbpx

Академија наместо факултет бидејќи има посовремена програма

Денес ќе зборуваме со Мартин Костадинов студент на Академијата за дигитален маркетинг. Тој се запишал на Економски Факултет во Скопје на департманот маркетинг, но после извесно време сфатил дека тоа не е патот по кој тој сака да чекори. Одлучил да го стави факултетот во мирување за да може да се посвети на нешто друго, […]
03.28.2023

Денес ќе зборуваме со Мартин Костадинов студент на Академијата за дигитален маркетинг. Тој се запишал на Економски Факултет во Скопје на департманот маркетинг, но после извесно време сфатил дека тоа не е патот по кој тој сака да чекори. Одлучил да го стави факултетот во мирување за да може да се посвети на нешто друго, затоа се запишал на Академија во Creative Hub. Тој сметал дека е подобро да одбере Академија бидејќи за 9 месеци ќе го научи она за кое на факултет би му требале 4 години.

„За многу кратко време научив многу повеќе од академијата во споредба со факултетот.“ – вели Мартин.

Дали можеби и ти не се пронаоѓаш во тоа што го учиш или работиш моментално? Доколку сакаш да чекориш по нов пат или си заинтересиран/а за дигитален маркетинг, тогаш искористи попуст од 200€!

⚠️ Потсетување: Новата група студенти на Академијата за дигитален маркетинг започнуваат на 23.05.2023⚠️

    Аплицирај за 200€ попуст овде 📌

200 eur popust

Во прилог прочитајте го интервјуто со Мартин.

Creative Hub: Кажете ни повеќе за Вашиот background, односно повеќе за Вас како индивидуа!

Мартин: Се занимавам со пеење, имам завршено четири годишно средно образование како Угостителски-Туристички-Техничар, по завршување на средното училиште веднаш се запишав на Економскиот Факултет Кирил и Методиј смер маркетинг. Студирав една година и моментално факултетот ми е на мирување, па одлучив да се пренасочам и да се запишам на Академија за дигитален маркетинг во Creative Hub.

Creative Hub: Зошто конкретно се одлучивте да се запишете на Академијата за дигитален маркетинг?

Мартин: Пред да се запишам на Академијата студирав Економски Факултет – Маркетинг, на факултет се сретнав со многу повеќе проблеми и непотребни обврски и едноставно не се чувствував исполнето и сфатив дека ако се запишам на Академија тие 4 години материјал од факултетот можам да ги научам за 9 месеци. Истиот тој материјал е посовремен за разлика од материјалот на факултет, а која е поентата да правиме нешто во животот ако тоа нешто не не’ исполнува и не ни е корисно?

Creative Hub: Пред да го изберете Creative Hub, дали направивте истражување за сите избори на академии и колку време Ви одзеде самиот процес?

Мартин: Направив едно добро истражување од еден месец каде што се распрашав насекаде, па добив многу позитивни коментари и пофалби за Creative Hub.

Creative Hub: Веќе 5 месеци сте дел од Академијата, што успеавте да научите до сега, кој модул Ви е омилен?

Мартин: Гледам од секој предмет да научам по нешто ново, но кога би морал да бирам искрено би го избрал предметот Content Marketing.

Creative Hub: Кој предавач Ви остави најголем впечаток и зошто?

Мартин: Секој професор си е посебен на свој начин, сите се едуцирани и се луѓе од кои можеме да научиме многу работи во областа на дигиталниот маркетинг. За мене најголем впечаток остави предавачот Катерина Попова којашто ни го предаваше модулот ,,Content Marketing”. Зошто? – Затоа што најмногу се пронајдов во тој модул, имавме и многу интересни домашни задачи кои со мерак едвај чекав да ги изработам. Исто така начинот на кој предаваше Катерина беше многу интересен, ако едно предавање траеше 2 часа таа без никаков проблем знаеше како да го задржи нашето внимание.

Creative Hub: До сега работевте на 3 реални проекти. Првиот беше Мастерклас кој траеше 2 дена и на кој научивте како да пишувате блог пост, а вториот ден беше ориентиран кон користење на Ads copy Framework. Како ви се допадна практичниот дел од овој настан со менторот од Забрзаната програма, Аријана Коскарова?

Мартин: Среќен сум што со помош на Аријана успеавме да го надоградиме нашето знаење со практичен дел каде што научивме многу повеќе работи за како да пишуваме блог пост и како да користиме Ads copy Framework.

Creative Hub: Пред неколку недели организиравме и визитинг предавање со Кирил од македонскиот стартап Influeners.Club. Целта беше да разберете како се работи маркетинг за стартап. Кои работи ги научивте од ова предавање?

Мартин: Од господин Кирил научив дека секогаш во животот треба да ризикуваме, затоа што еден ден тој ризик може да се исплати. Научив дека е потребно да веруваме во тоа што го правиме и да бидеме упорни.

Creative Hub: На Академијата се работат 7 проекти, односно 19 на Забрзаната програма. На 9ти април ќе имаме посета во маркетинг агенцијата Њу Момент од каде доаѓа и нашиот предавач Филип Димитров. Дали сметате дека овој концепт со 7 реални проекти е добар за валдирање на знаењето?

Мартин: Да, сметам дека го валидираат нашето знаење затоа што ни помагааат практично да ги извршуваме задачите кои би ни помогнале во иднина успешно да ги реализираме истите во областа на дигиталниот маркетинг. Секоја пракса е еден чекор поблиску до реализација на успешен проект.

Creative Hub: После секој час имате домашна задача, дали имате предизвици додека ги пишувате домашните?

Мартин: Јас лично се соочувам со многу предизвици, но напротив сметам дека тие предизвици влијаат позитивно на мене затоа што со помош на истите го зголемувам моето знаење.

Creative Hub: По секој модул имате финален проект, колку тоа сметате дека Ви помага да ги валидирате Вашите знаења?

Мартин: После секоја завршена финална задача, предавачот не оценува и ни дава критики. Тие критики лично јас многу ги ценам затоа што со помош на нив ние стануваме се подобри и подобри.

Creative Hub: Дали се чувствувате спремни да работите како дигитален маркетер сега кога веќе сте на крајот од Академијата?

Мартин: Сметам дека го немам совладено целиот материјал затоа што ми остануваат уште неколку модули, меѓутоа по завршување на Академијата можам самоуверено да кажам дека моите способности и вештини би биле поразлични. Би бил доволно спремен за моето прво работно искуство како дигитален маркетер.

Creative Hub: Вашата група започнува и со програма за вработување, тоа значи дека по завршувањето на Академијата ќе бидете дел од обука која ќе Ве научи како да креирате професионално CV, како да се однесувате за време на интервју, итн. Исто така ќе се среќавате со ментор 2 пати месечно се додека не се вработите. Како мислите дека тоа ќе влијае врз вашето вработување?

Мартин: Сметам дека со редовно следење на програмата за вработување ќе стекнам многу нови знаења за усовршување на CV и ќе научам како да се однесувам кога би одел на интервјуа.

Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за дигитален маркетинг на некој друг?

Мартин: Апсолутно, ДА! За многу кратко време научив многу повеќе од Академијата во споредба со факултетот.

Creative Hub: Ја избравте ЕУ Академијата. Зошто? Дали поради фактот дека ја гледате својата идна работа во некоја од ЕУ земјите?

Мартин: Ја избрав ЕУ Академијата затоа што сметам дека ми нуди многу повеќе опции за работа во странство. Доколку би нашол некоја соодветна работа надвор од нашите граници, со задоволство би сакал да го искористам моето знаење во областа на дигиталниот маркетинг и да се вработам како дигитален маркетер во некоја компанија.

Дали ја гледаш твојата иднина во некоја од ЕУ земјите работејќи како дигитален маркетер?

На Академијата за дигитален маркетинг можеш да се стекнеш со два типа на диплома:

  • ЕУ Сертификат – Студентите на ЕУ Сертифицирана и Fast-Track Академија се стекнуваат со ЕУ диплома со ЕКТС кредити.
  • CPD диплома – Студентите на Fast-Track Академија се стекнуваат со CPD диплома.

 

       Информирај се повеќе за програмата 📌

состанок

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This