Денес со вас сакаме да споделиме уште една успешна приказна за која сме особено горди. Ненад Бојковски кој е сѐ уште студент при Академијата за дигитален маркетинг ја започна својата посакувана кариера со повеќе freelance проекти како дигитален маркетер.
Пасијата за маркетинг отсекогаш беше присутна, а љубопитноста како се создаваат и кој стои позади рекламите што ги гледаме на социлајните мрежи и на телевизија, беше пресудна за да се решам на овој чекор.
Здраво Ненад, пред сѐ сакаме да ти го честитаме твојот постигнат успех, започнување кариера во дигиталниот маркетинг! Бидејќи ние веќе одлично те познаваме може ли да споделиш нешто повеќе за себе ?
Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub дава многу можности и ти помага да ги оствариш своите цели кон посакуваната кариера. Поради тоа би сакал да се заблагодарам на менторите и на тимот од Creative Hub што ми ја пружија можноста да бидам дел од оваа Академија. Научив многу работи и слушнав искуства од нашите ментори кои ќе ми помогнат со сигурност за во иднина. Академијата ми овозможи да работам на реални проекти, со цел да се стекнам со практично знаење.
Зошто баш Академијата за дигитален маркетинг ?
Дигиталниот маркетинг е професија која ти дава многу можности. Големиот спектар на вештини дозволува да работиш во секое поле на дигиталниот маркетинг и да се специјализираш во истото. Пасијата за маркетинг отсекогаш беше присутна, а љубопитноста како се создаваат и кој стои позади рекламите што ги гледаме на социлајните мрежи и на телевизија, беше пресудна за да се решам на овој чекор.
Дали Creative Hub ги исполни твоите очекувања како студент и што најмногу ти се допаѓа во самата програма?
Можам да кажам дека сум направил вистински избор што се запишав на академијата во Creative Hub. Многу сум задоволен од самите предавања, но и од професорите кои се трудат своето знаење и искуство максимално да го споделат со нас и да не научат. Сите овие работи кога ќе се соберат носат краен производ, а тоа се вештини и знаења кои со сигурност носат успех. Самата програма ни дава можност да се соочиме со реални проекти и да работиме на нив. Секако тука се и работилниците и визитинг предавањата кои што ми помогнаа да се стекнам со дополнително искуство.
Кој е твојот омилен модул на Академијата за дигитален маркетинг и раскажи ни нешто за самите ментори?
Сите модули беа многу корисни за мене, ама кога веќе треба да издвојам тоа би бил модулот SEO. Менторот Миле Давчевски, со големо трпение се трудеше да ни го објасни самиот модул кој поради самата комплексност е комплициран сам по себе. Задачите кои ни беа дадени, но и финалната задача кој ни беше зададена беше вистинскиот дел каде што сфатив дека веќе ја имав совладано оваа материја, која по мене се издвојува од останатите.
Како изгледа твојот работен ден и со кои предизвици се соочуваш секојдневно?
Мојот работен ден се базира на истражување, затоа што сѐ уште сум на почеток. Секојдневно учам нови работи и се трудам да го надополнувам своето знаење секој ден. Секоја нова задача што треба да ја завршам претставува предизвик за мене, бидејќи сакам да биде завршена успешно, без разлика дали е content writing, email marketing или постови за социјални мрежи.
Како се гледаш себе си за неколку години во полето на дигиталниот маркетинг ?
Себеси се гледам како Head of Marketing во некоја компанија, каде што ќе имам зад себе голем број успешни проекти и тим со кој што ќе работам.
И за на крај што би сакал да им порачаш на останатите кои сакаат да ја променат својата постоечка професија и да започнат кариера во дигиталниот маркетинг?
Сакам да ги охрабрам сите кои се двоумат или пак сакаат да ја променат својата кариера да го сторат тоа. Сега за голема среќа имаме Академија како што е Creative Hub, која со одлична програма и ментори кои се професионалци во своето поле со сигурност ни го покажуваат патот по кој сме тргнати. Дигиталниот маркетинг е професија која што ти нуди многу голем спектар на полиња во кои можеш да се специјализираш. Самата професија е невозможно да ти стане монотона, затоа што секој нов проект е нов предизвик, а од секој нов проект излегуваш со поголемо знаење и искуство.
Посакуваш целосна промена на кариера и тоа во областа на дигиталниот маркетинг?
Запиши се на Академија за дигитален маркетинг сега и искористи го моменталниот попуст од 200 евра.
Можеш да се стекнеш со два типа на диплома:
ЕУ Сертификат – Студентите на ЕУ Сертифицирана и Fast-Track Академија се стекнуваат со ЕУ диплома со ЕКТС кредити.
CPD диплома – Студентите на Fast-Track Академија се стекнуваат со CPD диплома.
Информирај се повеќе за програмата 📌