Академија за дигитален маркетинг и пр, е првата програма која ја воведовме и низ која поминаа голем број професионалци од различни професии. Поради целокупноста оваа програма вклучува дигитален маркетинг, пр но и истражување на пазар и brand engineering.
Разговараме со Милена Николиќ Симоновска за нејзиното искуство, очекувањата и идните планови.
Creative Hub: Милена, најпрво би сакала да Ве прашам што очекувавте од Академијата за дигитален маркетинг и пр?
М.Н.:Очекувам завршената Академија да ми овозможи подобар работен пласман и статус.
Creative Hub: Какво е Вашето искуство на Академијата за маркетинг и пр?
М.Н.: Презадoволна сум и од предавачите и од условите, начинот на кој беа опфатени сите предмети, овозможената пракса и пристапот и професионалноста на организацијата.
Creative Hub: Дали може да ни кажете нешто повеќе за ребрендрирањето кое го правевте на часовите по Brand Engineering?
М.Н.: Самата можност да се ребрендира производ на голема и успешна компанија беше предизвик.
Да набавевме и повеќе матерјали сигурна сум дека ќе бевме ште подобри.
Creative Hub: Слушавте дигитален маркетинг, но и евент менаџмент, пр, кризен пр, истржување на пазар, копирајтинг. Што Ви остави најголем впечаток?
М.Н.:Евент менаџмент и копирајтинг. Дигитален маркетинг не проследив, се надевам ќе имам можност да ги ислушам и тие 3 предавања.
Creative Hub: За сите студенти кои не биле во можност да проследат предавање им даваме можност да го направат тоа со друга група. Ќе имате можност и Вие да ги проследите предавањата дигитален маркетинг кои сте ги пропуштиле. Би сакале да Ве прашаме кој предавач Ви оставил најголем впечаток?
М.Н.: Дина Муцунска и Трајко Џиков.
Creative Hub: Што најмногу Ви се допадна од програмата на Creative Hub?
М.Н.:Отворениот дијалог, можноста за прашања,пристапот на предавачитедека тие се тука за нас и нивната достапност живоста во повеќето предавања , позитивниот амбиент во Creative hub, охрабрувањето од страна на организаторите да веруваме во себе и да создаваме големи планови и проекти.
Ова беше интервјуто со Милена Николиќ Симоновска- студент на Академија за Дигитален Маркетинг и ПР.
Ти Благодариме Милен за одвоеното време, и се надевам на повторна соработка во иднина. Во меѓу време ти посакувам многу професионални успеси и развој од областа на Дигиталниот маркетинг и ПР.
На блогот на Creative Hub, може да прочитате и што останатите студенти имаат да кажат во врска со академиите на кои присуствувале.