fbpx

Во светот на програмирањето

Денес разговараме со Давид Наунов студент на Академијата за Front-End програмирање. Тој пред 5 месеци го започна своето патешествие и започна со градење на вештини кои ќе му помогнат да по завршување на Академијата започне со работа како front-end developer што е и неговата цел. Давид имал огромен интерес за веб девелопмент и по направеното […]
Front-End програмирање
03.21.2023

Денес разговараме со Давид Наунов студент на Академијата за Front-End програмирање. Тој пред 5 месеци го започна своето патешествие и започна со градење на вештини кои ќе му помогнат да по завршување на Академијата започне со работа како front-end developer што е и неговата цел.

Давид имал огромен интерес за веб девелопмент и по направеното истражување и креирањето на неколку сајтови одлучил дека Front-End е вистинскиот избор за него.

За неговото искуство на Академијата прочитај во прилог.

Creative Hub: Кажете ни повеќе за Вашиот background, односно повеќе за Вас како индивидуа!

Давид: Претходно студирање на Правен факултет и завршени пракси кај адвокат.

Creative Hub: Зошто конкретно се одлучивте да се запишете на Академијата за Front-End?

Давид: Пред да се запишам на Front-End истражував што е можно повеќе за веб девелопмент во глобала (Front & Back end). Откако имав направено неколку сајтови тогаш се одлучив за Front-End.

Creative Hub: Што за Вас ја издвојува Front-End професријата за разлика од другите?
Давид: Градење на апликација или вебсајт од самиот корен,мулти-динамичност т.е повеќе начини да се достигне одреден изглед на истиот сајт.
Creative Hub: Пред да го изберете Creative Hub, дали направивте истражување за сите избори на академии и колку време Ви одзеде самиот процес?
Давид: Ги разгледав сите академии во Македонија кои нудат програми за Front-end developer, и Creative Hub беше избран со причина. Процесот траеше еден месец.
Front-End програмирање
Creative Hub: После истражувањето, што го издвои Creative Hub од останатите и што Ве предизвика да го направите изборот за да се запишете кај нас?
Давид: Creative Hub беше селектиран а причината е тоа што нудат одлична програма која ги опфаќа сите технологии кои му требаат на еден Front End developer, истите распоредени на одличен начин.
Creative Hub: Веќе сте 5 месеци дел од академијата, што успеавте да научите до сега?
Давид: Во текот на изминатите месеци го совладавме материјалот кој се состоеше од три дела: HTML,CSS и Bootstrap. Градење на статични и динамични веб сајтови од 0, кои што имаат мобилна, таблет и десктоп верзија.
Creative Hub: Дали можете да ни објасните како се одвиваат предавањата со Вашиот прв ментор Саше Митковски?
Давид: Иако предавањата се одвиваа онлајн, успеавме да изградиме одлична атмосфера за учење уште од самиот почеток заедно со менторот Саше и колегите.
Пристапот на Саше е професионален и со негова помош лесно ги совладавме првите 3 технологии.
Creative Hub: Секоја Сабота хибридно имате по 3 часа вежби во нашите простории со асистентот Никола Ризовски. Дали може да ни кажете какво Ви е искуството до сега? Дали е добро да се работи и со асистент? Колку тоа помага во совладување на материјата?
Давид: Хибридните вежби со Никола беа одличен начин да го примениме во пракса она што сме го учеле во текот на неделата. Учењето со асистент е огромен плус за сите нас како студенти.
Creative Hub: Вашиот предавач Сашо Ве рангираше како студент на месецот, какво чувство буди тоа кај Вас?

Давид: Тоа ме мотивира уште повеќе за понатамошниот напредок. Убаво чувството кога вашиот труд е ценет.

Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за Front-End програмирање?
Давид: Токму оваа Академија ја препорачувам на сите тие коишто сакаат да навлезат во светот на програмирањето, а не знаат од каде да почнат.
Creative Hub: Ја избравте ЕУ Академијата. Зошто? Дали поради фактот дека ја гледате својата идна работа во некоја од ЕУ земјите?
Давид: Мојот фокус моментално е изучувањето на материјалот. Ако во иднина се пружи прилика за работа во ЕУ земјите, зашто да не би можел да започнам кариера и таму.
Ако и твојата цел е да започнеш кариера како front-end developеr, но сè уште не знаеш од каде да почнеш те покануваме да закажеш разговор со нашиот координатор Стојанчо овде.

Што вклучува програмата на Академијата за Front-End програмирање:

  • HTML
  • CSS
  • Bootstrap
  • Git
  • JavaScript
  • jQuery
  • React Beginner
  • React Advanced

Следната група започнува на 20 април.

Закажи Online Состанок

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This