fbpx

Графички дизајнер – опција која носи дупла добивка

Нашиот студент Бојан Ристовски ни откри зошто професијата графички дизајнер е опција која носи дупла добивка за неговата иднина.
akademija za graficki dizajn
02.23.2021

Денес поразговаравме со Бојан Ристовски, иден графички дизајнер и еден од најдобрите студенти во Creative Hub.

Бојан, кој е и студент на Правен Факултет “Јустинијан први” ни откри зошто професијата графички дизајнер е опција која носи дупла добивка за неговата иднина.

Истовремено, тој ни раскажа и за сите предизвици и предности на учењето на далечина со кои учениците се соочуваат во време на пандемија.

Академијата за графички дизајн – место каде што можеш да се изразиш креативно

Creative Hub: Бојан, кажете ни нешто повеќе за Вас и како Вие се одлучивте да ја изберете нашата Академија за графички дизајн?

Бојан Ристовски: Јас сум Бојан Ристовски, доаѓам од Скопје и студирам на Правен факултет “Јустинијан први”. Одлучив да се запишам на Академијата за графички дизајн бидејќи сакам да имам уште една опција за работа во текот на животот. Според мене, графичкиот дизајнер како професија носи дупла добивка, и голема шанса за кариерен напредок. Истовремено, хонорарно работам и во печатница.

Creative Hub: Кој е вашиот feedback во врска со досегашните предавања?

Бојан Ристовски: Предавањата кои досега сум ги слушал се одлични. Нудат знаење, и квалитетно и исполнето време. Секој час имаме нови теми за размислување и дејствување за истите.

Creative Hub: Дали може да ни кажете нешто повеќе за предавачите? Кои ви оставија најголем впечаток и зошто баш тие?

Бојан Ристовски: Сите предавачи на Академијата досега ми оставија позитивен впечаток. Но, кога би морал да одберам, и да раскажам нешто повеќе за нив, би ги одбрал Маја Цветкова и Мартин Трајановски. Мартин е лик којшто е секогаш насмеан и спремен за добра соработка со студентите. Маја пак? Таа е професор кој си ја врши работата на најпрофесионален начин. Маја е секогаш достапна за нас па дури и надвор од времето предвидено за час. Насмеана, сталожена и секогаш спремна за соработка.

Графички дизајн - опција која не треба да се пропушти

Creative Hub: Дали бевте дел од некои реални проекти во текот на Академијата и што можете да ни кажете повеќе во врска со тоа?

Бојан Ристовски: Сеуште се немам соочено со реален проект. Тоа е бидејќи сум на почеток на студии. Се надевам дека што поскоро ќе се соочам со реален проект кој ќе ми помогне подобро да го испроцесирам графичкиот дизајн.

Секој час имаме нови теми за размислување и дејствување за истите.

Creative Hub: Дали доволно добро се снаоѓате со онлајн предавањата и дали успевате да ги следите сите успешно?

Бојан Ристовски: Оналјн предавањата во Creative Hub се одлично организирани. Виртуелноста не претставува никаков проблем бидејќи интеркацијата се одвива слеано, без прекин. Линковите на часовите се секогаш навремено испратени и нема никакви компликации. Тимот на Creative Hub исто така и ги снима часовите. Тоа дополнително ми помага не само мене туку и на безброј други студенти да ги слушаат часовите на кои не успеваат да присуствуваат поради лични или професионални обврски.

Creative Hub: Која оценка би си ја дале себеси во врска со вашиот напредок од почеток на Академијата до сега?

Бојан Ристовски: Мислам дека сега за сега е одлично. Академијата е сеуште во тек па така, би рекол дека може и уште подобро во иднина. Ако треба да се оценам сам себе, би си дал дефинитвно 10ка поради целиот одлично прифатен и научен материјал.

Поврзани постови

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Со цел да биде поблиску до остварување на неговата музичка кариера, Филип Пецовски одлучи да биде дел од Академијата за графички дизајн но и од Академијата за дигитален маркетинг и акаунт менаџмент. Тој го сподели неговото искуство со нас.

          Pin It on Pinterest

          Share This