fbpx

Академијата е искуство за цел живот и отскочна даска за понатамошно градење на кариерата

Весна нашиот студент на Академијата за графички дизајн се одлучила за графичкиот дизајн како своја професија бидејќи себеси се смета за креативна личност и има пасија кон се што е креативно, а за Академијата за графички дизајн на Creative Hub се одлучила поради мноштвото препораки и големиот број на студенти со позитивно искуство од Академијата. […]
Академијата е искуство за цел живот и отскочна даска за понатамошно градење на кариерата, а со оваа професија мислам дека креативноста можам да ја пренесам на вистинскиот начин - Весна
11.15.2023

Весна нашиот студент на Академијата за графички дизајн се одлучила за графичкиот дизајн како своја професија бидејќи себеси се смета за креативна личност и има пасија кон се што е креативно, а за Академијата за графички дизајн на Creative Hub се одлучила поради мноштвото препораки и големиот број на студенти со позитивно искуство од Академијата. А што вели за менторите и како изгледа нејзиниот прв реален проект дознај во интервјуто.

Програма: 9 месеци работа, 2 пати неделно предавања, Facebook Community со предавачите.

Какво е досегашното искуство на Весна на Академијата за графички дизајн прочитај во прилог.

Пасија кон сè што е креативно

Creative Hub: Весна, зошто баш графички дизајн? Што Ви се допаѓа највеќе кај оваа професија?

Весна: Се одлучив за графички дизајн бидејќи себеси се сметам за креативна личност и имам пасија кон сè она што е креативно. Академијата е искуство за цел живот и отскочна даска за понатамошно градење на кариерата, а со оваа професија мислам дека креативноста можам да ја пренесам на вистинскиот начин. Дизајнот е моќна алатка која им овозможува на луѓето визуелно да ги пренесат своите идеи на другите.

 

Голем број препораки и студенти со позитивно искуствоМн

Creative Hub: Пред да го одберете Creative Hub дали направивте истражување и на понуди од други академии? Што беше пресудно да ја одберете Академијата за графички дизајн на Creative Hub?

Весна: Секако, моментално има голем број на Академии во нашата држава каде што часовите можат да се следат и онлајн, но изборот за Creative Hub беше сигурен бидејќи добив голем број препораки и позитивни искуства од студенти кои веќе студирале на некоја од вашите Академии.

 

Упорност, research, посветеност, think out of the box & practice

Creative Hub: До сега ги имате поминато модулите Adobe Illustrator и Adobe InDesign, дали би можеле да издвоите 5 важни работи кои ги научивте на овие два модули? Со кои вештини се стекнавте?

Весна: 5 важни работи кои ги научив до сега се:

  1. Упорност – со тоа што нема нешто што е невозможно!
  2. Research – константно да се биде во тек со новостите, трендовите и технологијата. Ова е професија која постојано се развива и секогаш има нешто ново да се научи.
  3. Посветеност – секогаш има предизвици но со тек на време, вложен труд, посветеност и напорна работа сите предизвици може да се совладаат.
  4. Think out of the box – и креативноста ќе си го најде патот до решението!
  5. Practice, practice, practice!

Желбата за надградување на самата себеси, успех и упорност, а најважно од сѐ треба да се сака тоа што се работи и кон тоа што целиме.

 

Маја е одличен и посветен ментор

Creative Hub: Ќе можете ли накратко да ни опишете како изгледаат вашите часови со Маја и каков ментор е таа?

Весна: Секое предавање е интересно и различно на свој начин зависно од материјалот и модулот кој што го изучуваме. Маја како ментор е одлична, супер комуникативна, посветена на студентите. На секој час се труди да даде сѐ од себе, знаењето и искуството кое што го стекнала низ годините да ни го предаде максимално со цел на крајот од Академијата да излеземе како успешни дизајнери.

 

Првиот реален проект успешно завршен

Creative Hub: Иако имате поминато само два модули веќе го изработивте вашиот прв реален проект. Четститки, навистина изгледа одлично! Работевте проект за Mondo Padel, па раскажете ни како изгледаше целиот процес, кои стекнати вештини ги применивте, дали наидовте на одредени предизвици и како ги надминавте истите?

Весна: Пред сѐ, Ви благодарам на честитките. Мило ми е што првиот реален проект се одвиваше за време на Академијата, секако секој почеток е тежок и се соочуваш со предизвици особено кога станува збор за реален проект. Но, со помош и поддршка од менторот, со многу труд и посветеност се совладаа сите тие предизвици и потешкотии со цел на крај сето тоа да се исплати. 

 

Никогаш не е доцна за промена на кариера

Creative Hub: Земајќи го предвид досегашното искуство на Академијата за графички дизајн дали би ја препорачале Академијата на некој друг?

Весна: Дефинитивно би им ја препорачала Академијата на сите што имаат желба за учење, креативно изразување и напредок, како и љубов кон естетиката и технологијата. Никогаш не е доцна да се почне да се учи нешто ново или да се промени професија, само треба да се има мотив и ништо не е невозможно. Среќно!

 

Уписите за новата група за графички дизајн која започнува во февруари се во тек! Доколку одлучи да се запишеш или пак имаш потреба од дополнителни информации секогаш можеш да нѐ контактираш на 071 214 849 или да закажеш состанок со нашиот координатор.

 

Закажи состанок со координаторот овде!

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This