fbpx

Академијата за дигитален маркетинг ми помогна да го доусовршам креирањето содржини за социјални медиуми

Симона, нашиот студент на Академијата за дигитален маркетинг е дипломиран правник која работејќи како извршен асистент во блиска соработка со тимовите за маркетинг, комуникации и односи со јавност била константно инспирирана, па оттука и се родила и желбата за дигиталниот маркетинг. Таа беше избрана за ѕвезда на модулот дури два пати, какво достигнување, нели? Но […]
Академијата за дигитален маркетинг ми обезбеди интензивна практична подготовка во сите аспекти на оваа област - Симона Бигагли
10.19.2023

Симона, нашиот студент на Академијата за дигитален маркетинг е дипломиран правник која работејќи како извршен асистент во блиска соработка со тимовите за маркетинг, комуникации и односи со јавност била константно инспирирана, па оттука и се родила и желбата за дигиталниот маркетинг. Таа беше избрана за ѕвезда на модулот дури два пати, какво достигнување, нели? Но ајде прво да објасниме што кај нас значи ѕвезда на модулот, па сам/а одлучи дали е тоа голема титула. Ѕвезда на модулот е всушност студентот чија финална домашна задача е најдобро оценета од страна на менторот, а Симона имаше најдобра финална задача по модулот Content Marketing и потоа по модулот ПР каде задачата ја работеше тимски со нејзините две колешки Дани и Дени, па однесе и една тимска победа. 

Вештините кои ги стекнала на Академијата за дигитален маркетинг веќе ги применува на своето работно место и како што таа самата ќе каже нејзината кариерна трансформација веќе е во тек.

Во прилог прочитај го интервјуто со Симона и дознај какво е нејзиното искуство на Академијата.

Ефективната комуникација може да има огромно влијание врз успехот на една компанија

Creative Hub: Симона, во моментов работите како извршен асистент во водечка фармацевтска компанија. Од каде желбата за дигитален маркетинг?

Симона:  Сите сме сведоци на тоа како ефективната комуникација може да има огромно влијание врз успехот на една компанија. Како дипломиран правник сум ориентирана кон детали и  значењето на точната порака. Но, искуството ме научи дека не станува збор само за тоа ШТО комуницираш, туку и КАКО тоа го правиш.

Од секогаш сум имала креативна страна која тлее во позадина, а мојата позиција опфаќа и блиска соработка со тимовите за маркетинг, комуникации и односи со јавност кои константно ме инспирираат, па оттука и желбата за дигитален маркетинг кој не е само тренд, туку клучна алатка во современиот деловен свет.

 

Интензивна практична подготовка

Creative Hub: Бидејќи веќе речиси ја завршивте Академијата би сакале да Ве прашаме кои практични вештини ги стекнавте во текот на изминатите месеци како дел од Академијата за дигитален маркетинг?

Симона: Академијата за дигитален маркетинг ми обезбеди интензивна практична подготовка во сите аспекти на оваа област. ЅЕО (оптимизација на пребарувачи) и PPC рекламирање, кои се клучни за дигиталната видливост на брендовите. 

Дополнително, го доусовршив креирањето содржини за социјални медиуми, научив да анализирам податоци преку алатките како Google Analytics, и како да развивам стратегии за email маркетинг. 

Секоја од овие вештини овозможува подготвеност за реални предизвици кои ги носи овој динамичен свет.

 

Задоволна сум од сите предавачи, достапноста, трпението и желбата да го извлечат најдоброто од сите нас

Creative Hub: Кој предавач Ви остави најголем впечаток и зошто?

Симона: Задоволна сум од сите предавачи, достапноста, трпението и желбата да го извлечат најдоброто од сите нас. Сепак, ако морам да одберам, најголем впечаток ми остави Катерина Попова, која освен што несебично го пренесе своето знаење и на извонредно креативен и автентичен начин, ја доживувам и како инспиративна личност која дополнително ми даде поттик максимално да се фокусирам на ова поле.

 

Вистинската моќ лежи во соработката

Creative Hub: По модулот ПР, вашата финална задача која ја сработивте тимски со Дeни и Дани беше одбрана за најдобра односно вие 3 бевте избрани за ѕвезди на ПР модулот. Какво е чувството да се биде ѕвезда на модулот и тоа во вашиот случај два пати бидејќи бевте избрана и за ѕвезда на модулот Content Marketing? Како се снајдовте со задачата, дали наидовте на предизвици и потешкотии? Кои клучни работи ги научивте работејќи на оваа задача и како е да се работи во тим?

Симона: Чувството да бидеш избран за ѕвезда на модулот, не еднаш, туку два пати е непроценливо и потврда дека секогаш треба да ги следиш своите страсти и потенцијали. 

Задачата со Дени и Дани беше дополнителна потврда дека вистинската моќ лежи во соработката. Ние, како тим, успеавме не само да се справиме со предизвиците, туку и да ги совладаме со нашите креативните решенија. 

Една од клучните работи беше да го разбереме значењето на правилната комуникација и како ефикасно да се пристапи кон целната група. Но, исто така,  научивме колку е важно да сме отворени кон мислењата на другите, и како тие можат да бидат корисни во понатамошниот процес на развој на стратегијата. 

 

Анализа на стратешките аспекти на маркетингот

Creative Hub: Дали би можеле да издвоите омилен модул и модул кој Ви беше најпредизвикувачки?

Симона: Мојот омилен модул беше Маркетинг менаџмент. Деталната анализа на стратешките аспекти на маркетингот, како и примената на најдобрите практики ми беа посебно интересни. 

Како најпредизвикувачки ќе го издвојам SEO Content Marketing. Тоа е доста комплексна област во дигиталниот маркетинг, со огромно влијание. Дефинитивно е предизвик содржината да биде оптимизирана за пребарувачите, но истовремено да резонира и со корисниците, а јас сѐ уште ги гледам видеата и си ги работам задачите 🙂.

 

Новостекнатите вештини ги применив на работното место

Creative Hub: Дали имавте можност да ги примените знаењата и вештините стекнати на Академијата директно во вашата професионална кариера и во која мера ги најдовте тие знаења корисни и апликабилни?

Симона: Имајќи привилегија да работам во компанија која ги цени иницијативата и континуираното надградување, имам можност да ги употребам новостекнатите вештини на работното место. Тоа беше препознаено, и поради тоа, мојата кариерна трансформација веќе е во тек.

 

Препорака

Creative Hub: Дали би ја препорачале Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub на некој што сака да направи кариерна преквалификација?

Симона: Без двоумење!

 

Информирај се повеќе за програмата, закажи состанок со поранешен студент!

Creative Hub Student  Creative Hub Student Creative Hub Student

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This