”Импресиониран сум од концептот на Академијата како и понудениот предизвик за раст и развој во кариерата во иднина.“
Интервју со Горан Трајковски, студент на Академијата за Маркетинг и ПР.
Почитувани читатели, огромна чест и задоволство ни е што денес разговараме со еден супер успешен студент. Тоа е Горан Трајковски – во моментов ангажиран како маркетинг и ПР асистент во “МакПромет”.
Желбата на повеќето професионалци од комуникациската индустрија е веројатно предизвик за лојална конкуренција која има да понуди знаење и професионализам, наспроти импровизација и пропаганда. Затоа во моментов работиме на презентирање на успешните приказни од Академијата за маркетинг и ПР.
Имаме една навистина напредна визија за тоа како во догледно време ќе се зголеми бројот на успешни студенти.
Creative Hub: Горан, како си задоволен од предавањата и атмосферата на Академијата за Маркетинг и ПР?
Горан: Од предавањата сум многу задоволен. Исто така и атмосферата на предавањата е пријатна. Сите се трудат да создадат добар однос.
Creative Hub: Според тебе, кој беше твојот клучен момент и предизвик да одлучиш да се занимаваш со маркетинг во иднина?
Горан: Клучен момент беше кога се најдов во ситуација каде не бев среќен со изборот на мојата кариера и насоката која ја има мојата иднина..
Creative Hub: Маркетинг е моментално во подем и е многу барана професија. Зошто го одбра Creative Hub за твојата обука во областа на маркетинг и ПР?
Горан: Да, маркетингот е динамична и креативна професија која е во голем подем и нуди голем предизвик. Creative Hub ги одбрав бидејќи сметам дека можат соодветно да одговорат на предизвикот.
Creative Hub: Иако се уште ја немаш завршено цела академија, пред брзо време се вработи, честитки. Како Creative Hub ти помогна при кариерата ?
Горан: Ви благодарам. Ми помогна на многу начини, не само за работното место. При започнување на нова кариера во непозната област без искуство можев да се потпрам на нив за било каква поддршка и помош.
Creative Hub: Дали би ја препорачал академијата на твои блиски пријатели или на некој кој се пронаоѓа во делот на маркетинг?
Горан: Искрено би ја препорачал, бидејќи секој кој сака да се надогради со обуки за било која област која е во подем во иднина може да го најде кај нив.
Creative Hub: За крај, каков впечаток ти оставија предвачите и кој е твојот омилен предмет и предавач?
Горан: Јас сум импресиониран од целиот концепт на академијата, нивната работа и придонесот кон општеството. Од предавачите Сергеј ми остави поголеми импресии.