Кети Стефановска дипомиран економист е студент на Академија за дигитален маркетинг која работејќи во банкарскиот сектор и запознавајќи се одблизу со одредени сегменти од маркетингот се одлучила да се стекне со вештини во областа на дигиталниот маркетинг. Она што најмногу ја мотивирало да се одлучи токму за дигитален маркетинг е фактот што на инвестирањето во нови знаења гледа како на најисплатлива инвестиција која во иднина ќе и донесе кариерен раст и развој.
Причината поради која ја одбрала Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub е токму програмата. За програмата смета дека е најдетална во споредба со програмите на другите академии, опфатени се голем број на модули и предавачите се врвни професионалци. Големо влијание на нејзиниот избор имале и позитивните искуства со Creative Hub споделени од нејзините пријатели и познаници.
⚠️ Потсетување: Новата група студенти на Академијата за дигитален маркетинг започнуваат на 23.05.2023⚠️
Аплицирај за 200€ попуст овде 📌
Во прилог прочитај го интервјуто со Кети и дознај какво е нејзиното искуство на Академијата.
Creative Hub: Кажете ни повеќе за Вашиот background, односно повеќе за Вас како индивидуа!
Кети: Дипломиран економист, со неколку годишно работно искуство во банкарскиот, односно финансиски сектор, моментално вработена на позиција кредитен референт и аналитичар.
Creative Hub: Зошто конкретно се одлучивте да се запишете на Академијата за дигитален маркетинг?
Кети: Во текот на моето формално образование учев Маркетинг, иако конвенционалниот модел на маркетинг е многу поразличен од дигиталниот, сепак ја чувствував оваа област како ’’сродна’’. Се запишав на оваа академија со цел да ги усовршам, надоградам постоечките, односно да стекнам нови вештини. Работата во front-office, меѓудругото, подразбира и продажба на кредитни производи. За да процесот на продажба се заврши успешно, потребно е да ја дефинираме, односно пронајдеме нашата таргет група и нејзините потреби. Самиот процес на продажба, во традиционална смисла, се поистоветува со поимот маркетинг, кој подразбира реклама, промоција, продажба на производ или услуга. Во денешно време, каде е-трговијата го зема својот замав, со голема желба, амбиција и верба во себе, одлучив моите продажни вештини, стекнати преку моето работно искуство во продажниот сектор, да ги пренасочам кон усовршување во дигиталниот свет, односно во сферата на дигиталниот маркетинг, како најбрзорастечка индустрија, чиј тренд на пораст се очекува да продолжи и во текот на наредните години.
Усовршувањето на самиот процес на менаџирање со социјалните медиуми, и продажбата преку нив, сметам дека е најисплатлива инвестиција, од аспект на кариерен раст и развој, што на некој начин беше крајна мотивација за да се запишам на оваа Академија, каде што ќе можам да учам од експерти во областа, а воедно и да воспоставам комуникација со истите, со единствена и крајна цел – да се запознаам одблиску, и да ги научам сите сфери на дигиталниот маркетинг.
Creative Hub: Пред да го изберете Creative Hub, дали направивте истражување за сите избори на академии и колку време Ви одзеде самиот процес?
Кети: По направената споредба помеѓу студиската програма за дигитален маркетинг во Creative Hub и останатите академии, без големо размислување се одлучив за Creative Hub, бидејќи воочив дека е Академија со најдетална програма, со опфатен голем број на модули, но и поради можноста да учам од вистински професионалци од оваа област. Дополнително, препораките кои ги добивав од мои пријатели и познаници, се само уште една потврда за мојата одлука.
Creative Hub: Веќе 5 месеци сте дел од академијата, што успеавте да научите до сега, кој модул Ви е омилен?
Кети: Со максимално вложен труд, во изминативе месеци, меѓудругото, го научив она што, според мене, е најважано – ниту еден успешен бренд не може да постои и опстои без неговото присуство на интернет. Особено во денешно време, кога дигиталните канали се шират со таков интензитет, при што бизнисите имаат многубројни можности за промовирање на своите производи и услуги онлајн.
Во однос на тоа кој ми е најомилен модул – сите, без исклучок, ми беа многу интересни, а ако ме прашате кој ми е најпредизвикувачки – дефинитивно SEO и Google Ads.
Creative Hub: Кој предавач Ви остави најголем впечаток и зошто?
Кети: Искрено, би било неблагодарно да издвојам еден, во услови кога секој од нив, несебично споделуваше дел од нивното професионално искуство и со максимална посветеност, ни пренесе знаење, вештини и практики кои треба да ги применуваме доколку сакаме да стигнеме, барем приближно до таму каде што се тие денес.
Creative Hub: До сега работевте на 3 реални проекти. Првиот беше Мастерклас кој траеше 2 дена и на кој научивте како да пишувате блог пост, а вториот ден беше ориентиран кон користење на Ads copy Framework. Како ви се допадна практичниот дел од овој настан со менторот од Забрзаната програма, Аријана Коскарова?
Кети: Драго ми е што имавме можност да присуствуваме на тие реални проекти, бидејќи се многу корисни за нашето понатамошно искуство во пракса. Честа е уште поголема кога учиме од професионалец како што е Аријана.
Creative Hub: Пред неколку недели организиравме и визитинг предавање со Кирил од македонскиот стартап Influeners.Club. Целта беше да разберете како се работи маркетинг за стартап. Кои работи ги
научивте од ова предавање?
Кети: Кирил го пренесе и сподели неговото искуство со нас, морам да признаам дека од тој човек се учи многу, но најмногу бев воодушевена од неговиот кариерен пат и од инспиративните приказни што ги сподели со нас, кои се уште еден доказ дека кога желбата е посилна од се и со силна волја за успех, нема граници што не можат да се надминат.
Creative Hub: На Академијата се работат 7 проекти, односно 19 на Забрзаната програма. На 9ти април ќе имаме посета во маркетинг агенцијата Њу Момент од каде доаѓа и нашиот предавач Филип Димитров. Дали сметате дека овој концепт со 7 реални проекти е добар за валдирање на знаењето?
Кети: Апсолутно! Без постоење на реални проекти, самиот процес на валидирање на нашето знаење, несомнено ќе беше прилично подолг и потежок. Особено ми се предизвикувачки, бидејќи, пред се, се реални а не импровизација, се соочуваме со реалната слика – на реален начин е прикажан проблемот и не предизвикуваат да го откриеме решението за истиот. Дополнително, се можност за стекнување на искуство и зголемување на самодовербата.
Creative Hub: После секој час имате домашна задача, дали имате предизвици додека ги пишувате домашните?
Кети: Домашните задачи се голем предизвик бидејќи претставуваат начин на самоевалуација на знаењето.
Creative Hub: По секој модул имате финален проект, колку тоа сметате дека Ви помага да ги валидирате Вашите знаења?
Кети: Финалните проекти ги доживувам како начин за потврдување на стекнатите знаење од модулот, можност за подобрување и усовршување на истите, преку дадениот feedback од менторите.
Creative Hub: Дали се чуствувате спремни да работите како дигитален маркетер сега кога веќе сте на крајот од Академијата?
Кети: После успешно завршени модули од Академијата, со задоволство можам да кажам дека се чувствувам подготвена да работам како дигитален маркетер благодарение на извонредната програма а особено предавачите кои своето искуство го пренесоа на начин секој да го разбере и да стане иден дигитален маркетер.
Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за Дигитален Маркетинг на некој друг?
Кети: Сум ја препорачала досега во многу наврати, а со истото ќе продолжам и во иднина, за да ги охрабрам сите оние кои сакаат да се стекнат со дигитални вештини и да навлезат во светот на дигиталниот маркетинг, преку правење на вистинскиот избор – Creative Hub.
Планираш да инвестираш во кариерен раст и развој и да градиш кариера како дигитален маркетер?
На Академијата за дигитален маркетинг можеш да се стекнеш со два типа на диплома:
- ЕУ Сертификат – Студентите на ЕУ Сертифицирана и Fast-Track Академија се стекнуваат со ЕУ диплома со ЕКТС кредити.
- CPD диплома – Студентите на Fast-Track Академија за стекнуваат со CPD диплома.
Информирај се повеќе за програмата 📌