fbpx

Американската сертификација SHRM на HR Академија

АМЕРИКАНСКАТА SHRM СЕРТИФИКАЦИЈА ОФИЦИЈАЛНО ДЕЛ ОД CREATIVE HUB
Американската сертификација SHRM на HR Академија
04.19.2021

АМЕРИКАНСКАТА SHRM СЕРТИФИКАЦИЈА ОФИЦИЈАЛНО ДЕЛ ОД CREATIVE HUB

Имплементацијата на ресертификацијата SHRM на Академијата за човечки ресурси во Creative Hub беше неопходна со една цел. Значително да се подобри статусот на HR дипломата не само на нашите простори туку и во светот.

Основана во 1948 година од 28 професионалци, сертификацијата SHRM е една од најпрестижните сертификации во одделот за човечки ресурси. Сертификацијата сама по себе е доказ за високо знаење во областа и поседување на неспоредливи вештини потребни во секој оддел за човечки ресурси.

Одделот за човечки ресурси е еден од најперспективните во земјава – со SHRM ресерфиткацијата која Creative Hub ќе ти ја обезбеди ќе ја добиеш и работата за која аплицираш и стануваш компетитивен и на светскиот пазар. Зошто?

Бидејќи најпрво твојата диплома е признаена во странство.

Покрај тоа, оваа ресертификација е знак дека поседуваш знаење и вештини во облата на човечки ресурси и си во тек со најновите алатки во сферата. Кој не би сакал да биде реномиран експерт и лидер во HR одделот?

Исто така, стануваш дел од организација која има доделено над 300,000 дипломи во светот и е присутна и воедно прифатена во 165 земји. Дали тоа значи дека со нејзе може да аплицираш во некоја од овие држави? Секако!

Со SHRM можеш да напредуваш глобално и да го освоиш било кој HR сектор.

Секој оној кој сака да напредува во својата работа и сака да стекне нови вештини би требало да ја поседува. Со овој сертификат вашето знаење е мерливо и препознатливо и имате многу поголеми можности за напредок.

Како до сертификација SHRM?

Се што треба да направиш е да станеш дел од Академијата за човечки ресурси кај нас и да добиеш шанса за глобална препознатливост и неспоредливи вештини. Аплицирај тука.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This