fbpx

Ангела од Академијата за дигитален маркетинг на пракса во International Marketing Agency

Студент на Економскиот факултет во Скопје на одделот за маркетинг и истовремено дипломец на Академијата за дигитален маркетинг во Creative Hub - Ангела Танушовска.
Ангела од Академијата за дигитален маркетинг на пракса
04.26.2021

Студент на Економскиот факултет во Скопје на одделот за маркетинг и истовремено дипломец на Академијата за дигитален маркетинг во Creative Hub – Ангела Танушовска.

Ангела беше една од најдобрите студенти на Академијата која успешно ги изработи сите зададени проекти и беше максимално посветена на зголемување на своето знаење. Нејзината посветеност и истрајност и го донесоа почетокот на нејзината кариера во дигиталниот свет во компанијата International Marketing Agency.

Чест ни е да разговараме со студенти кои успеале и кои благодарение на Академијата го започнале својот кариерен пат. Затоа, со Ангела поразговаравме за нејзиното искуство како студент и нејзиното ново работно место.

Која е Ангела?

Ангела е личност која се стреми кон нешто повеќе и подобро секој ден. Навреме согледува дека има потреба од сознавање на дигиталните вештини кои се клучни за упешна кариера во маркетингот. Екстремно друштвена и подготвена за секаков предизвик, дознава за Creative Hub преку близок пријател. 

“Станав дел од вас неодамна со тоа што се запишав на курсот по Copywriting кој го предаваше професорот Трајко Џиков. Научив многу работи со него и сфатив дека ми треба дополнително надоградување веднаш по завршувањето на истиот. Низ курсот се спомнуваа многу работи за кои јас не бев информирана па така, дојде одлуката и за Академијата.”

После темелно разгледување на програмата сфаќа дека Академијата за дигитален маркетинг е вистинското место за неа. Таа ни раскажа дека се што и недостигало кога станува збор за дигиталните алатки го добила кај нас.

“Благодарение на Академијата за дигитален маркетинг се стекнав со вештини кои се релативно нови во дигиталната ера а се клучни за почеток на кариера”.

Таа неодамна почна да чекори низ својот професионален пат. Стекнатите вештини на Академијата и овозможија да се вработи во една од најдобрите македонски lead generation компании, International Marketing Agency.

Како од Академијата за дигитален маркетинг до International Marketing Agency?

“Добив е-мејл порака од Creative Hub дека International Marketing Agency има потреба од Lead generation практикант. Видов прилика која според мене не се испушташе и аплицирав. Секако, со воето знаење гдокажав и покажав дека сум вистинскиот човек кој им е потребен.”

Кои се професионалните ангажмани на Ангела во моментов и дали таа го применува стекнатото знаење во својата работа денес?

“Моментално мојата функција е во Business to Business Lead Generation отсекот. Задоволна сум со својата улога и ги применувам сите стекнати знаења по предметот на професорот Борче Манев. Истовремено, учам и нови работи кои уште повеќе ме надоградуваат. ”

Со упорност и посветеност во текот на Академијата, Ангела ги совлада сите предизвици. Омилениот дел и биле проектите на кои работеле, односно практичниот дел од Академијата.

“Колку е корисен практичниот дел сфаќаме во моментот кога почнуваме да го работиме она кое сме го изучувале. Пример, за секој теоретски дел имавме и практичен дел кој ни направи слика и прилика како е во вистинскиот свет односно кога ќе ја добиеш работата. Да напоменам, на Академијата се изучуваат и основните работи без кои не можеш да почнеш да градиш кариера во оваа сфера. Тоа е добро и за сите оние кои немаат никакво претходно знаење но и за оние кои сакаат едноставно да се потсетат и научат како правилно треба.”

Што би им препорачала Ангела на сите идни студенти?

“Не двоумете се да го направите вистинскиот чекор потребен за успех и обезбедена иднина. Запишете се, дозволете знаењето кое ќе го стекнете во Creative Hub да ви донесе еден тон предности и шанса за нешто повеќе.”

Колку нејзината успешна приказна е важна за тебе?

Нејзината успешна приказна е доказ дека со посветеност и упорност можеш да научиш се и истовремено да си обезбедиш иднина која ја заслужуваш. Побрзај, новата група на Академијата за дигитален маркетинг започнува на 10.05. Пријави се тука.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This