Најголемиот успех се мери преку портфолиото на студентите на крајот на Академијата.
На која и Академија да се запишете прво побарајте да ги видите портфолијата на студентите што завршиле.
Тука ќе дознаете дали на таа Академија ќе стекнете реални вештини.
Во следните неколку дена ќе ги претставиме портфолијата на студентите од групата која само што заврши со програмата за вработување и на кои сме особено горди.
Денес започнуваме со првото портфолио, на нашиот студент од програмата Академија + Работа, Марија Коруноска.
Марија работеше со тројца ментори, како и беше еден месец во САД на стажирање каде работеше со координаторот на Академијата.
Доколку не сте го прочитале текстот за стажирањето на Марија во Мајами можете тоа да го направите на следниот линк.
Во прилог погледнете го Behance портфолиото на Марија Коруноска.
Како идни студенти ви препорачуваме да ги кликнете сите Case Studies и да прочитате како се одвивал процесот на креирање на дизајнот.
Ќе научите многу, а можеби и ќе примените и вие елементи во вашите UX UI дизајни.
Уписите на Академија за UX UI се скоро при крај.
За да стекнеш применливи вештини и вистинско реално искуство искористи ја Last Call понудата на Академија за UX UI или јави се на 071 214 849.