Јована е нашиот мотиватор на неделата бидејќи самата е пример за некој што активно работи на промена на кариера. За себе ќе каже дека отсекогаш имала афинитет за креативност, а најголем предизвик на Академијата и било креирање на Wireframes.
Се запишав на Академијата за да променам професија како медициска сестра, а кон цртање секогаш имав афинитети
Creative Hub : Јована вие сте медицинска сестра, со тоа што тоа е професија која е тотално различна од UX UI професијата. Кои ви беа мотивите за запишување на Aкадемијата за UX UI?
Јована: Првичен мотив за запишување на Aкадемијата за UX UI дизајн беше тоа што сакав моменталната професија да ја променам за некоја покреативна професија.
Сметам дека секој би требало да се занимава со онаа за што има најголем интерес и онаа за што смета дека е најдобар. Секој содржи таква карактеристика во себе со која се разликува, само треба да се најде соодветна професија со која тоа ќе го истакне.
Мојот интерес за разни креативности беше искажан уште како дете.
Секогаш имав интерес за цртање, креирање и комбинирање на разни креативности, музика, пеење, актерство, комбинација на бои, облека, шминка, дизајн на нокти и се’ што содржи било каква креативност и уметност.
Па на крај решив тоа да го продлабочам и со академијата.
Досега научив дека за да направиш добра апликација треба прво да направиш детално истражување на визуелниот дел
Creative Hub : Како ви се предавањата досега, што се имате научено?
Јована: Предавањата се јасни, конкретни и ефективни. Лично, мене многу битен дел ми е што по секое предавање имаме разни предизвикувачки задачи со кои уште повеќе ја зајакнуваме и разгрануваме нашата креативна страна и се збогатуваме со повеќе информации кои подоцна ни се корисни.
Презентациите се исто така одлични водичи и содржат сосема доволно материјал т.е не се пренатрупани.
Досега, научив дека за да направиш добра апликација прво мора да направиш многу истражувања за визуелниот дел со кој ќе привлечеш што повеќе корисници, но повеќе би требало да се насочиме на функционалниот дел со кој ќе задржиме што повеќе корисници. Лесно е корисниците да се привлечат, но тешко е да се задржат. За да се стигне до Wireframes каде што започнува првичното креирање на некоја апликација и сл. мора да се направат прецизни истражувања и анкети. Тоа е најбитниот дел во UX . Треба што подобро да знаеш кои ти се корисниците и како полесно и поефикасно да ги решиш нивните потреби и проблеми. Но, истовремено треба да знаеш како тоа да е профитабилно и за клиентите кои би ја купиле таа апликација. Со нетрпение го исчекувам изучувањето на UI.
Дејан е одличен предавач бидејќи ни го задржува вниманието, не учи се што тој самиот знае и е достапен за плус предавање
Creative Hub : Како би го опишале Дејан Зафироски како предавач?
Јована: Дејан е одличен предавач, каде што преку своите презентации, разни примери и лично искуство одлично успева да ни го пренесе знаењето. Исто така, успешно ни го држи вниманието за време на предавањата и секогаш е достапен за нас студентите доколку имаме некое плус прашање.
Иако сметам дека добро се снаоѓам, најголем предизвик ми беше креирање на Wireframes
Creative Hub :Кој ви беше најголемиот предизвик досега на академијата?
Јована: Јас сметам дека добро се снаоѓам со материјалот. Успешно ги извршувам задачите, истражувањата и анкетите во врска со конкуренцијата, корисниците, клиентите и др. што сметам дка е најбитниот дел. Врз основа на тоа супер ги исцртав и именував Screen-овите кои планирам да ги вметнам во Figma како Wireframes. Моментално, најголем предизвик ми е сега креирање на Wireframes, бидејќи претходно не сум имала многу искуство со алатките во Figma. Но, мислам дека со текот на времето и понатамошната пракса тоа може само да се подобри.
По завршување на Академијата сакам да започнам со пракса, а потоа и вработување
Creative Hub :Кои ви се плановите по завршување на академијата?
Јована:По завршување на академијата, целосно ќе се посветам на практичниот дел и барање на работа. Секако, се надевам дека со помош на Creative Hub успешно ќе стекнам пракса а понатаму и понуди за вработување.
Ја препорачувам Aкадемијата за UX UI дизајн бидејќи има премногу реални проекти каде го зајакнуваш практичниот дел
Creative Hub :Дали би ја препорачале Aкадемијата за UX UI?
Јована Секако дека да. Топло ја препорачувам Aкадемијата за UX UI дизајн на секој што е креативен не само за визуелниот дел – како што е UI дизајнот, туку и како да најде решение за тоа таа креативност да е функционална – како што е UX дизајнот.
Академијата има реални проекти на кои практичниот дел го зајакнуваш.
Секој што сака да си ја промени професијата ова е одличен избор за тоа, бидејќи моментално спаѓа и во една од најбараните и најпрофитабилни професии. Професија со која преку истражувањата ќе имаш познавање и од многу теми и со која можеш да работиш online ширум светот.
Доколку ти се допадна интервјуто со Јована побарај не на 071 214 849 за да се информираш за Академија за UX UI. На нашата веб страна можеш да симнеш видео од бесплатен курс како и да добиеш бонус предавање со регистрација на формата.