fbpx

Casual Friday – Успешен HR проект – интервју со нашиот поранешен студент Драган Димитров

Правник, кој сосем случајно влегува во водите на HR секторот - Драган Димитров. Тој беше студент на Академијата за човечки ресурси пред 2 години а денес со задоволство седна со нас и поразговара за искуството стекнато на Академијата.
Интервју со нашиот поранешен HR студент Драган Димитров
04.20.2021

Правник, кој сосем случајно влегува во водите на HR секторот – Драган Димитров. Тој беше студент на Академијата за човечки ресурси пред 2 години а денес со задоволство седна со нас и поразговара за искуството стекнато на Академијата.

Како правник почнува да работи во HR секторот за својата компанија и забележува дека нешто фали – дополнително знаење и вештини за истиот. Самоиницијативно, се запишува на Академијата за човечки ресурси бидејќи смета дека тоа е вистинското место за доусовршување. 

Подетално, за почетокот на Академијата тој вели:

Академјата за човечки ресурси во Creative Hub се случи тотално самоиницијативно. Бев вработен во HR одделот но ми фалеше знаење и некои вештини. После темелно разгледување на вашата програма, сфатив дека вие сте вистинското место и дека имам можности за голем напредок ако ве посетам и заедно испишеме една убава и успешна приказна. Уште од самиот почеток се изненадив. Се ми беше ново и многу интересно. Сфатив дека ова дефинитивно сакам да го работам во мојот живот, односно сфатив дека сум на вистинскиот професионален пат.

Што изучивте, на што највеќе ви текнува кога станува збор за Академијата за човечки ресурси во Creative Hub?

Па видете, на Академијата почнувате од почеток без разлика дали сте веќе инволвирани во сферата или не. Тоа ми се допадна многу бидејќи кога едноставните работи се добро пренесени и објаснети се понатаму е полесно. Навистина, ги поставивме темелите и потоа се фокусиравме на некои понапредни знаења.

Академијата ми ги отвори очите и ми покажа како навистина функционираат работите во HR секторот. 

Кога станува збор за предавачите, најголем впечаток на Драган му оставил Илија со предметот Training & Development. Со него, интеракцијата била секогаш на високо ниво а неговите часови биле исполнети со практични проекти и вежби. Секој студент бил вклучен и преку интеракцијата многу добро се запознале и оствариле контакт кој трае се до ден денес. 

Не го изостави и предавачот Стефан, бидејќи со него се запознал со сите непознати работи од одделот. Тој секогаш вметнувал нешто ново во материјалот за предавање и ги усовршил во вистинска смисла на зборот.  

Што се случи пое Академијата? Како напредувавте?

Се случија доста работи. Моите идеи беа прифатени од страна на мојата компанија и јас почнав да го развивам HR одделот кај нас. На пример нашата агенција беше прва на нашите простори која го креираше “Casual Friday”. Знаете, не секој ден треба да ви биде ист на работната позиција. Не треба секој ден биро и компјутер пред вас. Овие петоци беа резервирани за обуки, дознавање на нешто повеќе и надоградба за многу подалеку. Околу 60 луѓе бевме присутни во една просторија (вработени и понекогаш и гости) во која преку различен предавач се запознававме со различни компјутерски вештини, soft skills, hard skills. Исто така, ако ние вработените бевме дел од некоја обука надвор од компанијата, еден петок после посетувањето на таа обука требаше да го пренесеме своето знаење.

Исто така морам да ја спомнам и соработката со една литванска агенција. Односно, ние имавме twinning проект со нив па искористивме можност да размениме мислења, знаења и вештини. Многу работи дознав и од нив, односно, HR вработените во нивниот оддел ми го образложија нивниот начин на функционирање а јас нашиот. 

Сите реализирани идеи на Драган можете да ги погледнете на нивната официјална фејсбук страница.

Што мислите за моменталната состојба на HR секторот во нашата држава? Дали е поразлично нешто од порано?

Да, дефинитивно. Разликата е огромна. Пред две години не беше ни приближно како сега. Сум бил дел порано од многу HR настани но бидејќи секторот не беше толку добро развиен тогаш, присутни беа се едни исти луѓе. Секако, зборувам за класични HR презентации и кафе дружби. Сите разговори и прашања се повторуваа, едноставно немаше новитет бидејќи немаше нови членови. За разлика од тогаш, сега се е поинаку. Убаво е што почнува да се развива секторот, во висок пораст е и луѓето дознаваат се повеќе и повеќе за него. 

Зошто да не бидеш и ти успешна приказна како Драган? Зошто и ти да не бидеш оној кој ќе вметне нови, невидени HR решенија во твојата компанија? Стани и ти дел од HR друштвото и пријави се тука за новата група на Академијата за човечки ресурси која стартува од 10 мај.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This