Успешна приказна:Промена на кариера и jump-start како Head of Marketing во IMA

Денес разговараме со Лилјана од Скопје, поранешен студент на Академијата за дигитален маркетинг. Нејзината приказна е многу интересна. Од артист, одностно изработувач на накит Лилјана одлучува да се преквалификува во дигитален маркетинг. Започнува со пракса, која резултира со вработување. Во моментов работи како Head of Marketing во International Marketing Agency, заедно со други 5 колеги […]
Лилјана Ачковска - Head of Marketing
01.12.2022

Денес разговараме со Лилјана од Скопје, поранешен студент на Академијата за дигитален маркетинг. Нејзината приказна е многу интересна. Од артист, одностно изработувач на накит Лилјана одлучува да се преквалификува во дигитален маркетинг. Започнува со пракса, која резултира со вработување. Во моментов работи како Head of Marketing во International Marketing Agency, заедно со други 5 колеги од Академијата за дигитален маркетинг.

Во прилог ви го пренесуваме интервјуто помеѓу Ангела, нашиот алумни од Академијата за дигитален маркетинг и Лилјана наша успешна приказна за денес.

Во сеќавање ќе ми остане финалниот проект, маркетинг стратегија за брендот Signori, како и дружбите со групата. Всушност токму преку колешка од Академијата стапив во контакт со предавачот во чија сопственост е компанијата каде работам денес.

Ангела: Дали може да ни кажете како дојде до тоа, да започнете соработка со Борче?

Лилјана: Во периодот кога го запознав Борче активно барав работа. Со него стапив во контакт преку пријателка од мојата група од Академијата за дигитален маркетинг која ја слушавме во Creative Hub. Тогаш таа работеше во IMA. Со Борче направивме интервју и ги разменивме нашите искуства како двајца претприемачи. Мислам дека беше обостран избор да се започне соработка, каде секој ќе го даде најдоброто од себеси во работата.

Праксата е одлична можност за истакнување на знаењето

Ангела: Дали бевте прво на пракса и колку време Ви беше потребно за да се вработите?

Лилјана:  Се вработив една година по завршување на Академијата за дигитален маркетинг. Првите три месеци всушност беа пракса, а потоа и вработување. Мислам дека овој период е потребен и на компанијата и на кандидатот за да се препознаат себеси. Да видат дали се спремни заеднички да се справат со предизвиците кои ги носи работата. Иако имав претходни искуства, сепак сметав дека периодот на пракса е добро да го има. Тоа е период на адаптација и меѓусебно запознавање од човечки и професионален аспект.

Ангела: Колку време сте на позицијата и дали може да ни објасните како се одвива еден Ваш ден како Head of Marketing?

Лилјана:  Официјална од неодамна работам како Head of Marketing. Неофицијално релативно брзо почнав со задачи кои припаѓаат на описот на позицијата. Со Борче уште од самиот почеток заеднички и во консултации разработувавме маркетинг и комуникациска стратегија. Работните денови ми се различни и воглавно опфаќаат разговор со demand generation specialist за детали од нивната работа. Разговор со клиентите, истражување на пазарот, проверка на моменталниот статус на тековните кампањи и активности.

Од фриленсер до Head of Marketing во IMA

Ангела: Пред да започнете со Академијата за дигитален маркетинг, изработувавте рачен накит под брендот “Ѓердан”. Колку има разлика од тоа да се работи како фриленсер и да се изработува накит до тоа да се работи со клиенти и да се води тим?

Лилјана:  Мислам дека главната разлика е флексибилноста на работното време и степенот на слобода. Дисциплината е особено важна при самостојна работа и работа во тим. Поставените цели и задачи треба да бидат исполнети во зададените рокови. Водењето на тим има свои предности како можност за размена на идеи, поголема сигурност збогатени гледишта и намален ризик од неуспех. Имав можност за личен развој додека го водев Студио Ѓердан. Убавината на дизајнирање и изработување на накит отсекогаш било моја склоност.

Ангела: Кажете ни некоја случка од Академијата што Ви останала во сеќавање?

Лилјана: Финалниот проект ми остана во сеќавање, со задоволство го изработивме. Работевме маркетинг стратегија за Signori и навистина уживав во тоа. Сакам предизвици, нови нешта и интересно ми е кога правам истражување и креирам решенија. Завршниот проект го работевме во тим и врз основа на истражувањата и целите на брендот креиравме стратегија со конкретни визуелни решенија.

Ангела: Каде се Вашите колеги од групата? Дали се среќавате?

Лилјана: Да, со дел од колегите сеуште сме во контакт. Сите работат во различни компании во маркетинг тимовите. Се надевам дека на сите им оди добро.

Ангела: Дали имате и други студенти од Creative Hub во новите групи во тимот?

Лилјана: Да, во International Marketing Agency имаме тројца поранешни студенти кои работат во нашиот тим и се од различни Академии на Creative Hub.

Предизвик е да обучуваш млади кадри

Ангела: Како ментор на помлади кадри што Ви претставува предизвик во обучувањето?

Лилјана: Времето и спецификите на карактерите ми се предизвик во обучувањето. Сметам дека секој има специфични интереси и вештини. Затоа се обидувам колку е можно попристапно да им ги претставам вештините, содржините и предизвиците кои би требало да ги совладаат. Би било убаво да имаме повеќе време да посветиме на учење на нови вештини и менторство. Секогаш има нешто да се научи, бидејќи дигиталниот маркетинг ги менува своите трендови.

Ангела: Сега кога би се свртеле назад, дали можете да кажете дека сте ја донеле правилната одлука за да се запишете на Академија за дигитален маркетинг?

Лилјана: Апсолутно сметам дека е правилна одлука. Среќна сум што се запишав на Академијата, бидејќи се стекнав со знаење, запознав одлични луѓе, нови искуства и работа на проекти. Имав можност да учам од квалитетни предавачи со повеќе годишно искуство. Уписот на Академијата беше најдобриот избор што го направив.

Заклучок

Успешната приказна на Лилјана ни покажува дека со труд и упорност можеш да направиш промени во животот. Покажува дека независно во која кариера си и период во животот дека можеш да променишго промениш тоа. Апропо и да стигнеш до висока позиција за период од една година и да работиш со странски клиенти. Успехот зависи од нас самите, и од знаењето кое го имаме за да почнеме на патот на промена.

За повеќе успешни приказни прочитајте на: https://creativehub.mk/blog/

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This