fbpx

Coaching, Employer Branding и Регрутација, кои се темите на првата мини HR Академија?

Аријана Вие сте член на Forbes Business Council, како и ко-основач на Creative Hub, ментор на Fast-track програмата на Академијата за човечки ресурси. Во моментов живеете и работите во САД каде што го лансирате Creative Hub на американскиот пазар. Дали можете да ни кажете од каде е идејата за концептот на Мини Академиите? Creative Hub […]
Mini HR Academy
05.20.2022

Аријана Вие сте член на Forbes Business Council, како и ко-основач на Creative Hub, ментор на Fast-track програмата на Академијата за човечки ресурси. Во моментов живеете и работите во САД каде што го лансирате Creative Hub на американскиот пазар.

Mini HR Academy

Дознај повеќе за нашата Мини HR Академија

Дали можете да ни кажете од каде е идејата за концептот на Мини Академиите?

Creative Hub е бренд кој постои скоро 5 години на пазарот. Имаме канцеларии во Скопје и Приштина, а во моментов работиме активно и да се позиционираме во Мајами. Сме им помогнале на голем број студенти да ја променат кариерата, да најдат вработување, меѓутоа она што се почесто го гледаме е дека пазарот има потреба од кратки и со 100% активно вклучување на студентот односно практични програми. Тоа е идејата позади концептот на Мини Академиите. 

Рековте целосно практични и кратки програми. Дали може накратко да ни ја објасните програмата на Мини HR Академијата? 

Идејата ни е да лансираме 2 Мини HR Академии на различни теми. Првата Академија ќе се базира на Coaching, Employer Branding и Регрутација. Втората Мини HR Академија ќе биде целосно ориентирана на Перфроманс менаџмент. 

И двете програми ќе се работат по материјали од Harvard Business Review. Часовите ќе бидат целосно практично ориентирани, со активно учество и инпут на студентите на секој час, бидејќи сакаме да се тргнеме од класичниот начин на учење со фаќање прибелешки и читање презентации. 

По завршувањето на оваа Мини Академија целта ни е учесниците сами да можат практично да го применат тоа што го научиле и да стекнат самодоверба. 

Каков е профилот на студенти очекувате да се запишат на Мини програмата ? 

Оваа програма е наменета за почетници и лица кои сакаат да стекнат некоја од вештините кои се изучуваат, како на пример коучинг или перфроманс менаџмент или она што го гледаме како доста барано на пазарот е регрутација. 

Оние кои ќе се запишат ќе научат самите да одговорат на следните прашања:

Дали знаеш кои се твоите најдобри кандидати за регрутација? Кои онлајн алатки да ги користиш за регрутација? Како да регрутираш некој што никогаш не си запознал во живо? Што е Skills-based-approach ?  

Секако ова е само дел од темите кои ќе се обработуваат на модулот регрутација. 

Тука погледни ја програмата за нашата Мини HR Академија

Дали можете да ни кажете нешто подетално за програмата? 

Веќе го објаснивме накратко модулот по регрутација. Останатите два модули од првата Мини HR Академија која ќе започне на 13ти јуни се Коучинг и Employer Branding.

Employer Branding-от ми е особено омилена тема бидејќи е нов концепт кој ги поврзува културата на компанијата, општествената одговорност, квалитетот на работењето и вработените пред се како центар ка сликата која се формира во јавноста и позиционирањето на компанијата како добро место за работа. 

Особено денес, кога имаме буквално борба за талент помеѓу компаниите, се помал број на талентирани кадри, без Employer Branding стратегија компаниите би воделе буквално “red blood sea” борба. 

За коучингот не би откривала во ова интервју, ќе прочитаат подетално во следниот пост. 

Би сакала да додадам еден елемент за дипломата, ние сме членови на SHRM, најголемата HR асоцијација со седиште во САД, и студентите кои сакаат да се стекнат со американски сертификат ќе можат да го направат тоа и на оваа мини Аакадемија. 

Која е цената на мини Академијата и кои се можностите за плаќање? 

Бидејќи сме пионери во формирањето на овие мини Академии, оваа година воведовме и Super Early Bird цена која трае за уписи до 25ти мај. Истата е дури 40% пониска од регуларната цена. Сакаме да им дадеме можност на сите кои навистина сакаат да стекнат вештина или да започнат да работат во HR да можат да го направат тоа.

Мини Академиите можат да се платат до 8 рати без камата преку Creative Hub. 

Ако студентите донесат и пријател добиваат двајцата по 10% попуст. 

Како може да се пријават студентите? 

Пријавувањето може да биде на нашата веб страна или пак да не контактираат на 071 214 849. Доколку имаат подетални прашања можат да закажат и состанок со координаторот на следниот линк – 

 

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This