По воведната презентација на Дејан студентите беа поделени во три групи и добија задача да направат competitive analysis. Сите групи добија различна задача, па што беа задачите?
Група 1- Веб сајт за пиво
Оваа група имаше за задача да направи competitive analysis на повеќе локални и странски сајтови и какви услуги тие нудат. Што може нивниот сајт да има плус за да се издвојува од конкуренцијата.
Кое е решението што оваа група го предложи?
Од брендовите за пиво кои тие ги истражија само 3 од нив имале вебсајт што дава простор на некој бренд за пиво да му понудите да му креирате вебсајт.
Брендовите кои имаат веб страна се скопско, златен даб и хајнекен. Прво нешто кое го разгледувале е дали на веб сајтот треба да се потврдат години и дали има некои одредени критериуми.
Второ нешто кое разгледувале е позицијата на логото и установиле дека логото на сите овие три веб страни е позиционирано на левата страна.
Нешто кое фали кај сите веб страни е search копче така што одлучија нивната верзија да има и search копче.
Она што исто така недостатувало кај две од три веб страни е приказ на сите производи.
Од аспект на безбедност сите веб страни кои ги истражувале се безбедни бидејќи поседувале SSL сертификат.
Тие одлучија да ја подобрат страната на Скопско. Она што сметаа дека е збунувачки на веб сајтот е тоа што на сликите е фокус само градот Охрид, но нигде нема пиво па не се знае дали е сајт за Охрид или за пиво. Втора работа што би ја промениле е да додадат јазик за да секој може да одбере јазик што највеќе му годи. Како избор на јазик би ги ставиле македонски, албански и англиски.
Исто така тие би додале и повеќе копчиња односно би ги навеле производите и нивната достапност односно каде можат да се најдат истите. Покрај производите би ги прикажале и видовите на пакувања.
Нешто што сметаат дека недостасува е блог страна каде ќе се постираат различни приказни. Многу луѓе се запознале и спријателиле баш поради тоа што пијат исто пиво па затоа потребно е место каде тие приказни ќе се прикажат.
Би додале и хамбургер и search бар за луѓето да можат полесно да го најдат она што им е потребно.
И за крај би побарале да се внесуваат број на години за да се знае дали лицето што сака да пристапи до веб сајтот е полнолетно.
Група 2- Музичка стриминг платформа
Оваа група имаше за задача да направи competitive analysis на постоечките гигантски стриминг платформи Spotify, YouTube Music, Tidal, Apple Music. Што нудат едните, а што другите? Што би имало во нивната нова апликација што би ги издвоило од овие гиганти?
Кое е решението што оваа група го предложи?
Најпрво го истражиле начинот на најавување на овие платформи и сфатиле дека секоја од нив нуди синхронизација со други мрежи како Google, email или Apple ID. За подобро корисничко искуство и побрзо најавување нивната апликација ќе ги овозможи сите три опции.
Пристапот да биде овозможен со само два клика. Кога станува збор за вклучување на песните во full screen тие одлучиле дека втората песна ќе оди на footer.
Корисникот ќе може да си креира своја плеј листа преку која ќе може да се мери дали апликацијата е успешна или не односно дали таа ќе ги задоволи потребите на корисникот.
Да креира респонзивен дизајн или дизајн што ќе одговара и за телефон и за таблет и за компјутер.
Апликацијата ќе биде достапна за сите без разлика кој оперативен систем го користат дали android или apple.
Како новитет би додале поврзување со други апликации. Платформите кои тие ги истражувале овозможуваат само поврзување со персонални асистенти како siri a тие би сакале да овозможат и поврзување со апликацијата Shazam.
Нешто што сметаат дека треба да се додаде е и customized autostop. Корисникот сам да си го одреди времето кога песната треба да се прекине.
Нивната платформа би овозможила и слушање на песни офлајн од претходно креирана плеј листа, а пристап до интернет би се побарало само доколку корисникот сака да додаде песна што ја нема на плеј листата. Една плеј листа би ја органичиле на 15.000 песни.
Ќе имаат верзија од апликацијата на која нема да се прикажуваат реклами. Кога станува збор за free trial ќе понудат поголема временска рамка која ќе биде 5 месеци.
На нивната апликација би имало и екслузивен контент како подкасти, мини клипови и слично.
Како последно би го олесниле начинот на споделување и испраќање песни. Тие би овозможиле споделување директно преку апликацијата, но и syncing with friends каде корисникот ќе го синхронизира уредот со уредот на неговиот пријател и истовремено ќе слушаат песни заедно.
Група 3- Платформа за рекламирање
Оваа група имаше за задача да направи competitive analysis на постоечките платформи за огласување. Имаат потенцијален клиент кој сака да креира платформа за рекламирање на социјалните мрежи. Колку би заработувале корисниците ако се рекламираат преку Google Ads или Meta Ads, а колку преку новата платформа на корисникот. Што им недостасува на овие гиганти? Дали постои реална потреба од нова платформа?
Кое е решението што оваа група го предложи?
Оваа група смета дека на овие гигантски платформи за рекламирање и не им се баш потребни некои промени.
Според нивното истражување најисплатливо е рекламирање на YouTube.
Денес луѓето повеќе сакаат да гледаат видеа отколку да читаат некаква содржина или да читаат било какви информации. Но и видеата кои ги гледаат сакаат да се пократки.
Иако сметаат дека овие платформи се добри сепак можеби би направиле и платформа која ќе е комбинација од Google Ads и Мeta Ads и платформа која би се користела од повеќе корисници.
Уписите на Академијата за UX/UI дизајн се во тек.
Следната група ќе започне на 04.04.2023.
Доколку сакаш да се приклучиш на оваа група регистрирај се со пополнување на формата на нашата веб-страна овде или јави се на 071 214 849.