fbpx

Копирајтинг Мастерклас – Што научивме ?

Доколку можеби до сега не сте прочитале , концептот на Академиите во Creative Hub се заснова на :  Предавања со искусни експерти Реални проекти и  Програма за вработување. Фонд на часови  Студентите на Академијата за дигитален маркетинг работат 90 часа со предавачи. Фондот на часови се зголемува за 50+ часа за студентите на Забрзана програма.  […]
копирајтинг
02.14.2023

Доколку можеби до сега не сте прочитале , концептот на Академиите во Creative Hub се заснова на : 

  • Предавања со искусни експерти
  • Реални проекти и 
  • Програма за вработување.

Фонд на часови 

Студентите на Академијата за дигитален маркетинг работат 90 часа со предавачи. Фондот на часови се зголемува за 50+ часа за студентите на Забрзана програма

Реални проекти 

Секој месец паралелно со класичните предавања студентите учествуваат во работа со визитинг предавачи, гости или ментори во работилници каде практично ги вежбаат знаењата и стекнуваат искуство. Она што е уште познајачно, е оние студенти кои немаат претходно искуство во работа со дигитален маркетинг, овие проекти можат да ги наведат во своето CV како реален проект. 

Копирајтинг Мастерклас со Аријана Коскарова 

Во декември го одржавме првиот Копирајтинг Мастерклас кој беше 2 часовна работилница. 

На овој Мастерклас, 20 студенти од групата за дигитален маркетинг ја имаа 30 минути за да ја напишат својата приказна – зошто се одлучиле да се запишат на Академија за дигитален маркетинг. 

Иако оваа вежба навидум може да ви изгледа лесна, но основата на секој добар текст е добра приказна. А која приказна можете најдобро да ја раскажете? Секако својата! 

Затоа и првата вежба и првиот Мастерклас се посветени на токму тоа, писмена работа на тема вашата лична приказна во 150 збора. 

Што научија студентите? 

  • Најпрво, дека и не е толку лесно да се пишува во ограничен временски интервал добро артикулиран текст.  

За да се подобриме мораме најпрво да ги согледаме слабостите. 

  • Второ кога пишуваме текст мораме да формираме начин на размислување, односно структура по која ќе се движиме. 

Вовед, главен дел ( заплет ) и завршен дел ( расплет ), ова е структурата која ја учиме уште од рана возраст на описменување, но тоа е и структурата на секој добро напишан текст. 

  • Трето, прво приказна потоа оптимизација.

Откако ја напишаа својата приказна, без воопшто да мислат дали текстот е оптимизиран, студентите добија насоки како да го оптимизираат.

  • Оптимизација се учи на посебен предмет – Search Engine Optimization 

Искусните маркетери кои ќе го читаат овој текст, веднаш ќе препознаат дека по приказна, следи оптимизација. Но, тоа е посебен сегмент од дигиталниот маркетинг кој се изучува на предметот SEO кој го предава Миле Давчевски. Миле е еден од најистакнатите експерти за Гугл адвертајзинг и SEO кај нас, кој работи како консултант за една од најголемите гејминг компании во САД. 

Мета тагови, мета дескрипции, image тагови, фонд на зборови на текстот, клучни фрази, outbound / inbound линкови, се дел од работите кои треба да ги подобрите во приказната која ја напишавте за да биде оптимизирана. 

  • Оптимизација се учи, копирајтинг се учи од читање книги 

Оптимизација лесно се учи од предавања, навидум тоа се правила кои треба да ги следите. CMS како Вордпрес ви нуди и опција за инсталација за плагини како Yoast SEO кои веднаш ќе ве корегираат и ќе ви дадат насоки ако текстот не ви е оптимизиран. 

Но како ќе научиме да пишуваме? Дали пишувањето е талент или се учи? 

Најчесто прашање или дилема кое го имаме со студентите од Забрзаната програма на која 20 часа се посветени на копирајтинг е токму ова. Вистината е дека секој може да стане копирајтер. 

Да! Секој човек што сака да чита книги, да слуша подкасти, да црпи инспирации, тој може да стане одличен копирајтер. 

За да пишуваш, треба да читаш, да го збогатуваш речникот и да вежбаш пишување. 

Нашиот прв Мастерклас помина доста забавно, а ова е и првиот проект со кој ќе се соочат сите студенти од другите групи на Академии. 

Ако нашата програма ти се допаѓа и сакаш да се информираш дополнително, во моментов имаме активна промоција од 300 ЕУР

копирајтинг

Регистрирај се!

Контактирај го нашиот координатор Стојанчо и информирај се за начините на плаќање на 15, 36 и 50 рати за Академија за дигитален маркетинг

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This