fbpx

Коучинг моделот во образовните институции

Коучинг во образовните институции Коучингот  е еден моделите кои се проучува во нашата Академија за човечки ресурси. Во насока на практична примена на стекнатите знаења на Академијата за човечки ресурси, учесниците добија идеја да ги споделат знаењата стекнати  од одредени предавања. Марија Конеска, психолог и едукатор во образование а и еден од учесниците во четвртата […]
02.18.2021

Коучинг во образовните институции

Коучингот  е еден моделите кои се проучува во нашата Академија за човечки ресурси. Во насока на практична примена на стекнатите знаења на Академијата за човечки ресурси, учесниците добија идеја да ги споделат знаењата стекнати  од одредени предавања. Марија Конеска, психолог и едукатор во образование а и еден од учесниците во четвртата група на Академијата за човечки ресурси, дискутира за Коучинг моделот.Коучинг моделот и негова примена

 

Практики применети од предметот: Training and Development – Коучинг

Ефикасноста во работењето на вработените во една огранизација, се должи на обезбедување брзи сигурни програми за развој на вработените. Развојната програма Коучинг, носи брзо усвојување на конкретни навики на однесување за подобрување на перформансите на сите вработени во една организација. Како резулат на коучингот. се добива брз и сигурен раст на компетенциите на целата организација во однос на дирекни решенија кои водат до долгорочните цели. Со оглед на тоа, применувањето на коучингот за развој во воспитно-образовните институции, како модел бара место и во развојот на воспитно-образовните институции и во нашата земја.

КОУЧИНГ ВО ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ

Потребата од брз развој

Се движиме кон ера со нови предизвици и поголеми побарувања во сферата на човечките ресурси во организациите. Моментално, во една организација, развојот на вработените како ресурси е клучен. Користејќи го нивниот потенцијал како алатка, мораме да присвојуваме поспецифичен и посигурен развој на вработените кој нуди дирекни и брзи резултати.

Како последица на брзиот развој на организациите, се бараат и брзи начини на изнаоѓање решенија за унапредување на организацијата за поефикасно функционирање во иднина. Во организациите каде што развојот на колективот се воочува како есенцијален за целокупниот развој, се подготвуваат стратешки  методи со ефективни развојни алатки. Со овие развојни алатки би се обезбедил развој на конкретна индивидуа, или конкретна потреба која е од моментална корист за организацијата, а со тоа и се придонесува до сеопфатен развој на пошироко ниво.

Коучингот како алатка за развој на вработени

Коучингот е една од методите на учење/подучување и поширок развој на еден вработен (индивидуален коучинг) или група на вработени во една организација (организациски коучинг). Истовремено е и метод кој води кон дирекни решенија. Бидејќи денес се бараат краткорочни резултати, коучингот почна да се користи и како најефикасен метод на работа со вработените за развој на организациите. Меѓутоа, иако е најефикасен метод, исто така е и најскап метод.

Се користи кога треба да ја зголемиме перформансата на одреден вработен во организацијата. Понатаму, преку коучингот се поттикнуваат и развиваат поседуваните вештини на вработениот.  Со цел да се постигне посакувани резултати, потребна е идеална употреба на истите тие вештини. Коучингот е релативно, нова метода на развој на вработените. Најраспространета е во Северна Америка каде 70% од организациите го користат како метод за развој на вработените. Во Македонија донесен е како метод во 2000-та година, кој наспроти тоа, прво се проучува, па потоа да се користи во организациите. Во последните 5 години, се користи во неколку организации кои работат со дирекна продажба и маркетинг.

Како процес, коучингот е обостран: коучот од една и клиентот (индивидуа или компанија) од друга страна. Се користат оригинални техники, алатки за процена и методи со кои се будат скриените потенцијали и ресурси на клиентот. Всушност се работи на целта, со што се открива што е тоа што го попречува да ги користи сопствените потенцијали и како да се дојде до нивна примена. Преку структурирано интервју, коучот му овозможува на клиентот да истражува повеќе и самиот да стигне до вистинскиот одговор или решение, што е важен предизвик за клиентот.

GROW- Моделот како најчесто користена алатка

Најчесто користен модел на коучинг е GROW-моделот кој има четири чекори:

1 Цел: Фокусирање на вистинската цел/проблем кој треба да се реши.

2. Реалност: Која е реалноста во моментот и што се случува токму сега во однос на целта.

3. Опции за разгледување на решенија: Кои се можните решенија.

4. Пристап кон решавање/акции: конкретни чекори на акција и паралелно следење на коучираниот од коучот.

Потребата од коучинг во воспитно-образовни институции

Поради тоа што образованите промени се постојани во последниве години, зголемени се барањата кон наставните кадри. Самата професијата наставник или воспитно-образовен работник е една од круцијалните и најважни професии на светот, која носи голема одговорност и бара голем труд. Моментално, најпотребен е развој на потенцијалот на образовниот кадар како би се исполниле очекувањата на образовната институција, родителите и учениците.

Со оглед на тоа дека квалитетот на образовниот систем нашата земја е на долнитите граници во однос на светско ниво, потребно е да се воведе Коучингот како алатка за развој на вработените. Постојат кадри кои не го применуваат својот потенцијал и знаење на ниво на потребите на образовниот систем. Значајноста на истакнувањето на индивидуалниот потенцијал како ресурс е истиот да биде транзитивен кон идните генерации.

Потребно е воспитно-образовните институции да вложат во своите кадри, за развивање на нивниот потенцијал. Со тоа би се подобрила перформансата на образовниот колектив, во склоп на реализираната настава.

Улогата на коучингот во образовните инстиуции е да ги ослободи човечките потенцијали за доаѓање до нови идеи, модели и однесувањa кои водат кон успех кај учениците. Поради тоа, потребата од креативен кадар кој го пренесува своето знаење, станува се поголема во воспитно-образовните институции во нашата земја.

Методи на коучинг во воспитно-образовни институции

Преку коучингот треба да се развијат селф-вештини (начини на однесување) со кои ќе се дојде до посакуваните резултати. Но, овој модел е сеуште насочен во нашата земја кон лидерските позиции. Неодамна, овие програми за развој преку индивидуален коучинг (директор или менаџер) се привлечни на училиштата чија цел е поголем кредибилитет и развој на пошироко ниво. На директори/менаџерите на училиштата се нудат програми кои се од организации кои нудат коучинг за лидери. Истите тие системски програми, што подразбира креирање целосна слика за клиентот комплетно верувајќи во неговите квалитети, способности, планови и цели.

Во овие програми за лидери (директори од училишта, индивидуален коучинг) се опфатени следниве вештини:

Подобра работна перформанса;

Поефикасен бизнис менаџмент;

Покоординиран менаџмент на времето;

Поуспешна тимската ефикасност;

Подобрени комуникациски вештини;

Поквалитетен персонален-деловен баланс;

Пренесување на енергијата на вработените;

Враќање на инвестиција

Коучингот на група вработени кои се посветени и имаат потенцијал за развој (и личен и професионален) овозможува во голем процент позитивна промена кај нив. Исто така се подобрува  и организациската клима, менаџирањето со времето и кредибилитетот на институцијата.

Преку методите на коучингот на вработените (организациски коучинг) во воспитно – образовна институција, вработените се здобиваат со методи за интеракција со ученици:

Вештини за водење и фасилитирање на дискусии и процеси.

Можности за користење на дигитални алатки во предавањата.

Конкретни примери и активности применливи на часовите.

Вештини за работа со различни видови на ученици.

Усвојување на Вештини за менторирање и пренесување на знаење.

Учење на Вештини за подготовка на проектни апликации.

Придобивки од коучингот во училиште

Коучингот е начин на менторирање од страна на коуч во целиот процес. Со ваквиот начин на развој на сите вработени во училиштето, се создава полесно управување со идните промени и подобра клима во училиштето. Поради подобрената комуникација помеѓу сите вработени, особено, помеѓу директорот и вработените, се  подобрува и огранизациската структура во училиштето. Се учат и развиваат нови пофлексибилни и модерни начини на комуникација помеѓу наставник-ученик. Истовремено се зголемува мотивот за работа и креативност кај вработените а со тоа и кај самите ученици.  Поради брзиот развој на кадарот кој е ориентиран кон дирекни решенија, се очекуваат и поефикасни и побрзи промени во функционирањето на училиштето. Не само што се подобрува рангот на училиштето  на повисоко ниво во државата, туку и пошироко. Развојните аспекти на коучингот водат до пренесување на знаењата и континуирано усовршување на вработените во образовната институција.

По завршувањето на коучингот се очекува позитивен напредок во воспитно-образовната институција кој се воочува преку желбата на учење кај учениците. Напредокот се воочува и во желбата за континуиран професионален и личен развој кај наставниот кадар. Мотивирајќи ги вработените со поттикнување на нивниот потенцијал, директорот на училиштето може да очекува нивна поголема продуктивност и ефикасност.

Воедно ваквиот развој, создава и нови стандарди на процена на компетенциите на вработените во воспитно-образовните институции во нашата земја. Како последица на тоа се поттикнува потенцијалот кај наставниот кадар. Тоа овозможува континуиран развој на ниво на целата институција. Конечно, за вработените во воспитно-образовните институции во нашата држава кои сакаат да растат и да се унапредуваат, ова е одлична можност за движење кон личен и професионален развој!

Поврзани постови

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Со цел да биде поблиску до остварување на неговата музичка кариера, Филип Пецовски одлучи да биде дел од Академијата за графички дизајн но и од Академијата за дигитален маркетинг и акаунт менаџмент. Тој го сподели неговото искуство со нас.

          Pin It on Pinterest

          Share This