fbpx

Creative Hub – мојот предизвик и како студент и како професор

Вистински пример за професионален раст и максимален развој на личните капацитетие нашиот поранешен студент – Марија Конеска. Таа е психолог по професија и воедно сопственик на Центарот за развој, едукација и советување на деца и млади – МАША Марија. Во Creative Hub дојде бидејќи виде можност за учење на нешто ново, блиско и корисно за […]
Creative Hub - мојот предизвик и како студент и како професор
04.13.2021

Вистински пример за професионален раст и максимален развој на личните капацитетие нашиот поранешен студент – Марија Конеска.

Таа е психолог по професија и воедно сопственик на Центарот за развој, едукација и советување на деца и млади – МАША Марија. Во Creative Hub дојде бидејќи виде можност за учење на нешто ново, блиско и корисно за својата професија. 

Нејзината приказна со нас е несекојдневна бидејќи таа се предизвика и како студент и како професор. 

“Јас сум психолог по образование и тоа го работам и како своја професија. На HR Академијата се запишав за да можам подлабоко да навлезам во таа специјалност каде мојата професија исто така игра голема улога..Creative Hub ме исправи пред два предизвика – можност на зголемување на моето знаење но и можност за реализирање како професор по предметот “Психолошки тактики и талент аквизиција”. Накратко, се предизвикав и како студент но и како професор со вас,” ни нагласи таа. 

Како HR Академијата Ви помогна во Вашиот веќе реализиран професионален живот?

Академијата всушност беше она плус што ми требаше за да се дореализирам во она што јас сакав. HR Академијата, одличните предавачи, и посебниот предизвик/ проект за секој предмет, ми го дближија значењето на психологијата во градењето на компании и луѓе.. Тоа всушност е и една од моите одлуки, да им помагам на вработените во различни компании да се изградат и да продолжат да растат преку своите работни места. 

Какво беше Вашето искуство како предавач, беше ли голем предизвик за Вас?

Шансата да бидам предавач кај вас беше од оние кои не би требало да се пропуштат. Едноставно, Аријана ја препозна мојата професионалност и ми понуди позиција. Имав можност да го преставам мојот предмет “Психолошки тактики и талент аквизиција” најдобро што можам а студентите беа презадоволни. Ми беше мило што сум предавач бидејќи стекнав искуство плус, можност за нешто поинакво и шанса за интеракција со прекрасни луѓе. 

Бидејќи сте биле и предавач и слушател, што мислите, која е главната одлика на Creative Hub?

Creative Hub е место и предизвик за секој кој сака да се напредува не само професионално, туку и лично. Се беше многу природно, блиско и дофатливо.

Колку, според Вас, е значајна неформалната едукација?

Неформалното образование секогаш носело големи придобивки. Самата неформална едукација произлегла од луѓе кои увиделе дека факултетските дипломи се премалку за добро работење. Исто и дека формалните едукации и предавања не не подготвиле за она што не чека на нашите работни места. Затоа, она што го носи неформалната едукација е тоа што се бара на пазарот, што ни треба на работното место. Затоа, значајноста е многу поголема отколку што тоа изгледа. 

Кое е твоето мото и мотивација за сите идни студенти?

Малку е се што учиме, ако тоа што сме го стекнале не го истакнеме и не го насочиме во поголема продуктивност. Се што ќе научите во Creative Hub, може да го искористите за уште поголеми успеси! 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This