Creative Hub поврзува докажани компании со вистински таленти

Потрагата по вистински таленти во современото општество е вистински предизвик за секој современ HR менаџер. Бизнис средината предвидува дека нашата способност да учиме и да стекнуваме нови вештини, постојано надградувајќи ги, е важна за нашата иднина. Како што рекол Бенџамин Франклин: – “An investment in knowledge pays the best interest”. пишува Ирена Богдановска Дичов, Академија […]
Поврзување на компании со студенти Емилија Богдановска Дичов
06.23.2021

Потрагата по вистински таленти во современото општество е вистински предизвик за секој современ HR менаџер. Бизнис средината предвидува дека нашата способност да учиме и да стекнуваме нови вештини, постојано надградувајќи ги, е важна за нашата иднина. Како што рекол Бенџамин Франклин: – “An investment in knowledge pays the best interest”.

пишува Ирена Богдановска Дичов, Академија за дигитален макетинг

Според British Council, дури 75 милиони од тековните работни места ќе бидат променети. На пример, работните задачи ќе бидат поделени меѓу луѓе, машини и алгоритми. Истовремено, ќе се појават 133 милиони нови работни места. Се очекува дека до 2020 година, вработените ќе користат 58% од веќе постоечките вештини и ќе им биде потребно да научат дури 42% од новите вештини за извршување на веќе постоечките работни позиции.

Тоа значи дека сме соочени со предизвик не само да измислуваме нови работни позиции, туку и да работиме на развојот на веќе постоечките работни позиции. Бидејќи глобализацијата и брзиот напредок на технологијата се повеќе го менуваат светот кој го знаеме, се повеќе станува актуелно прашањето за постојаната надградба на вештините и знаењата.

Creative Hub е вистинското место. Дел од магазинот “Форбс”, Creative Hub e вистинското место каде се нуди можност за унапредување на кариерата преку развивање на сопствените вештини. Потоа и поврзување на веќе докажани компании со вистински таленти. Секако, талентите излегуваат на површина при студиите на некоја од Академиите или пак Курсевите.

Поврзувајќи ги студентите со соодветните компании, Creative Hub им помага на поединците да ги постигнат своите цели и да ги остварат своите соништа.

Зошто секоја компанија би требало да соработува со Creative Hub?

Најголем потфат за раст и развој на компаниите е паметна инвестиција во знаењето на вработените. Едноставно е потребно да се постават краткорочни и долгорочни цели. Исто и да се одреди нивната вредност и да се процени подготвеноста да ги постигнат овие цели. Така, објективно ќе се идентификува каде има потреба од надградба на компетенциите на вработените.

Секоја компанија има способност да го преживее ова време на огромна неизвесност и промени. Секако доколку го стави развојот на своите вработени како главен приоритет. 

Земајќи ги во предвид преференциите и реалните потреби на вработените, но и на компаниите, развојот на компетенции треба да се темели на креативни принципи за учење за возрасни. Но и за користење на софистицирани технологии. На пример: онлајн обуки, виртуелен коучинг, работа на реални (online) проекти, итн.

  1. Дали сте во потрага по квалитетен кадар?
  2. Зошто е важно посредувањето од искусен тренинг центар при избор на вработени?

Целта на Creative Hub во текот на студиите, во секоја од групите студенти, е да ги препознае талентите за одредена област. Тоа ќе биде главен линк којшто ги поврзува компаниите кои се во потрага по високо квалификуван кадар со студентите/кандидатите.

Компаниите, покрај можноста да вработат истакнати таленти може и да ги надградат квалификациите на своите вработени!

Creative Hub е секогаш тука за потребите на сите оние кои сакаат надоградување на своите вештини. Тука се и за сите компании кои се во потрага по добро квалификуван кадар или пак усовршување на веќе постоечкиот.

Соработката со тренинг центри како што е Creative Hub го заштедува времето и финансиите, потребни за процесот на регрутација и селекција на кандидати. Како? Па преку поврзување со талентирани студенти како потенцијални кандидати за вработување, согласно специфичните потреби на компаниите. 

Според Udemy, 42% од барателите на работа велат дека проширувањето на нивните вештини е врвен приоритет при избор на следно работно место.

Creative Hub нуди академии на македонски и албански јазик, моментално со интерактивна онлајн настава. Дефинитивно е еден тренинг центар составен од тим професионалци во различни области. Истите се секогаш спремни да излезат во пресрет на потребите на своите клиенти. Несебично и учествуваат во процесот на развој и превземање следен чекор кон изборот на кариера.

Дали сте во потрага по вработување во докажана компанија?

Creative Hub се води од ставот дека, “не е можноста таа која Ви го менува животот, туку чекорот кој го правите кон таа можност. Тоа е и целта на овој тренинг центар – почеток, материјал и потпора за промена на Вашиот живот.

Првиот чекор е да станете дел од некои од Академиите или курсевите, при што ќе ви се отворат нови погледи кон иднината, додека работите на реални проекти и задачи. Истите се под соодветно професионално менторство од предавачите, заедно работејќи на тоа да се изгради професионално портфолио кое вработува.

Истовремено на сите вистински таленти им се отвораат врати кон можности за соработка и вработување во веќе докажани компании со кои соработува Creative Hub.

Како Creative Hub отвора врати кон нови можности за своите вистински таленти?

Тимот на Creative Hub е изграден од професионалци од различни области. Тие заедно креаираат огромни можности за напредок и отвораат нови видици кон иднината преку своите Академии и Курсеви кои се достапни на нивната официјална веб страна.

Од Creative Hub потекнуваат многу успешни приказни кои напредуваа во својата кариера и ги пренесоа своите стекнати знаења и вештини во компаниите каде ја продолжија својата кариера.

Компаниите се во потрага кандидатот не само да биде адекватно подготвен за работната позиција, туку и да покаже спремност за понатамошно учење и проширување на своите знаења, при што личните вредности на кандидатот ќе бидат усогласени со вредностите и потребите на компанијата и тимот. Токму тоа можете да го постигнете преку Creative Hub.

Биди дизајнерот на твојата иднина! Инвестирај во себе и оствари ги твоите соништа со помош на тимот на Creative Hub.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This