fbpx

Дали знаеш што е content writing?

Content writing претставува процес на планирање, пишување и едитирање на текст, со определена цел. Текстовите можат да бидат со едукативна, маркетинг или продажна содржина и можат да се користат за блог постови, веб сајт, разни статии, видео скрипти, подкаст и слично.
Дали знаеш што е content writing?
03.30.2021

Content writing претставува процес на планирање, пишување и едитирање на текст, со определена цел. Текстовите можат да бидат со едукативна, маркетинг или продажна содржина и можат да се користат за блог постови, веб сајт, разни статии, видео скрипти, подкаст и слично.

 

Пријави се

Дали содржината е важна?

Кога станува збор за терминот “content writing” многу луѓе мислат дека станува збор за пишување на блог постови или пак статии за одредена веб страна. Важно е да се знае дека контентот е многу повеќе од тоа.

Всушност, content writing ги опфаќа сите форми на содржина покрај блог постови и статии – видео скрипти, email содржина, newsletters, постови на социјални медиуми, содржина за веб страна, описи на видеа или слики и слично.

Целта на целата онлајн содржина е високо да го позиционира твоето присуство во дигиталниот свет, да те поврзе со публиката и да шири позитивна слика за твојот бренд.

Не е тајна дека огромен број на компании се борат за исто внимание на публиката. Поради тоа потребна им е висококвалитетна и корисна содржина за да го задржат вниманието и да допрат до што повеќе потенцијални клиенти.

Видови на содржина

Како што веќе напоменавме текстот може да биде прикажан во различна форма. Секој вид има различна цел и те промовира пред публиката на различен начин.

Најчесто употребуван контент вклучува статии, опис на продукти, текстови наменети за одредена веб страна, email newsletters, е-книги и слично.

Овие различни формати на содржина (content) можат да допрат до потенцијалните клиенти во различни фази од процесот на маркетинг и продажба. Нивната цел е да го придвижат потенцијалниот клиент до затворање на продажбата.

Секој од овие видови на содржина (content) бараат различен пристап од страна на писателот. Исто така, постојат правила кон кои присателот треба да се придржува при пишување на истите.

Пред да ја одбереш темата на која пишуваш многу е важно да се подготвиш. Oдносно, да ја истражуваш темата и да согледаш што поточно му треба на твојот клиент или што твојот клиент сака да прочита за твојот производ или услуга.

Истражување

Содржината што ја пишуваш треба да содржи факти и вистинити информации кои се базирани и напишани според истражување. Многу компании или брендови кои шират лажни информации не поминуваат добро и реакциите на потрошувачите се негативни.

Според едно истражување спроведено во Лос Анџелес, доколку некоја компанија или бренд објавува лажен контент за нивните услуги или производи, 60% од потрошувачите се откажуваат од купување во истиот момент. Истражувањето исто така открило дека 65% од луѓето се изјасниле дека ќе купуваат од истата марка доколку знаат се за нивниот бренд/компанија. Секако и доколку содржината што тие ја објавуваат е вистинита.

Важно е твојата содржина да биде фактичка и подкрепена со вистинити случувања или пак карактеристики на услугите или производите. Резултатите од истражувањето на пазарот, твојата идеална buyer persona и целите се одличен почеток. Пред да почнеш да пишуваш фокусирај се и истражувај го следното:

  • Целите на твојот бизнис/ компанија (каков вид на контент ти е потребен, кој стил на пишување ти е потребен, која е твојата цел за секое напишано дело)
  • Твојата идеална buyer persona (детален опис за твојот идеален потрошувач)
  • SEO и keyword research (твојата содржина мора да биде добро оптимизирана за да се рангира високо)
  • Контент стратегија (каков вид на содржина ќе пишуваш, на која социјална мрежа ќе биде објавен, кој ќе го објавува, како ќе го конструираш, на кој начин ќе го анализираш)
  • Темата на која пишуваш (што сака твојата публика, истражување спроведено на социјалните медиуми)

Планирање

Детално планирање за пишување, објавување и анализа на твојата содржина е дефинитно нешто на кое што треба да посветиш внимание. Детално објасни ја секоја твоја намера, запиши ја секоја твоја тема или пак цели кои ги имаш. Организацијата е многу важна посебно кога се работи во тим. Постојат многу онлајн календар опции кои дозволуваат вметнување на секакви задачи.

Пишување

Писателот на делото можеш да бидеш ти но може да биде и професионалец во областа. Content writers се луѓе кои лесно се вклопуваат во маркетинг тимот и кои ја разбираат поентата и целите на твојот бренд или компанија. 

Тие се спремни да дизајнираат дело кое ќе ги заинтересира твоите читатели и често истите дела можат да конвертираат потенцијални клиенти во клиенти. 

Секоја твоја содржина треба да биде чиста и да ги содржи деловите потребни за постигнување на твојата цел/ цели. За да привлечеш внимание, треба да вметнеш добар но и ефективен наслов. Визуализацијата е исто така нешто на кое треба да посветиш внимание бидејќи видеа, слики и инфографици се ефективен начин за комуницирање.

Истражување, планирање и пишување се само првиот дел од предметот Content Writing – предметна Академијата за дигитален маркетинг во Creative Hub. Научи како да го напишеш а потоа и да го оптимизираш твојот контент низ низа проекти уште денес.

 

Пријави се

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This