fbpx

Creative Hub ја додава токму онаа практична компонента која недостасува на академското образование кај нас

Денеска разговараме со Филип Димитров, предавач на Академијата за Дигитален маркетинг по предметот Account management. Филип е Client Service директор во New Moment со повеќе од 15 години искуство кој е одговорен за стратешкото планирање на компанијата. Во продолжение прочитајте го интервјуто со него. Филип, кажете ни нешто повеќе за Вас и вашата професија. Сакам […]
Digital Marketing Academy lecturer Filip
11.01.2022

Денеска разговараме со Филип Димитров, предавач на Академијата за Дигитален маркетинг по предметот Account management. Филип е Client Service директор во New Moment со повеќе од 15 години искуство кој е одговорен за стратешкото планирање на компанијата. Во продолжение прочитајте го интервјуто со него.

Филип, кажете ни нешто повеќе за Вас и вашата професија.

Сакам да трчам, да слушам музика, да готвам, да се дружам со жена ми, ќерка ми, а се надевам повеќе и со син ми кога малку ќе подпорасне. Исто така се уште сакам да го користам терминот адвертајзинг. Доволно е широк за да опфати многу дисциплини.

Кое достигнување во вашата кариера Ве прави најмногу горди?

Би рекол секој следен проект. Ретко гледам на минати проекти со гордост, повеќе ги анализирам од аспект каде настанала грешка и како таа да се спречи во следниот проект. Се разбира, гордост е и што сум имал удел во голем дел од наградените кампањи на Њу Момент Скопје.

Како се одлучивте за соработката со Creative Hub?

 Повеќе пати сум бил повикан од различни образовни организации да одржам предавање. Creative Hub имаше различни студенти од сите други. Беа заинтересирани, поставуваа прашања и покажаа вистински интерес за темата. Тие се главната причина зошто.

Академија за дигитален маркетинг

Колку време предавате на Академијата за Дигитален маркетинг?

Не сакам да се бавам со броење години, а најискрено ретко памтам кога нешто се случило. Од прва, не знам да кажам колку години сум во брак, ми треба време за да избројам колку години работам во Њу Момент, ама додека е нешто убаво, не ме ни интересира. Мислам дека ова ми е трета година во Creative Hub како предавам на Академијата за Дигитален маркетинг.

Може ли да издвоите некој студент на кого сте особено горди?

 Премногу е кратко нашето дружење за да можам да кажам дека толку сум влијаел на некој студент што сега сум и горд на него. Горд сум што имам шанса да запознавам нови, млади луѓе, со различни способности кои ми помагаат јас да си ја изострам мислата.

Во текот на годините работите со различни групи, што е она што сметате дека најмногу им е потребно на студентите да гo научат на Вашиот предмет Account Management?

Да размислуваат, да носат одлуки и да поедностават процеси во менаџирање на кампањи.

Зошто сметате дека Академиите како Creative Hub се добри? Како ова го промени начинот на учење? 

Дел од студиите ми беа во Холандија. Таму посебно значење беше дадено на праксата и реалниот бизнис, скоро изедначено со теоријата. Кога се вратив од таму, се чуствував дека нешто сум научил и знам што можам да работам. Creative Hub ја додава токму онаа практична компонента која недостасува на академското образование кај нас.

Академија за дигитален маркетинг

 На огласите за вработување се повеќе се бара апликантите да поседуваат практични вештини, кои вештини ќе ги стекнат студентите на Вашиот предмет?

Одговорот е ист како што кажав претходно. Она што ќе го научат на предметот Account Management практично се вештините кои ќе ги добијат, да размислуваат, да носат одлуки и да поедностават процеси во менаџирање на кампањи.

Предметот Account Management е еден од поинтересните предмети на Академијата за Дигитален маркетинг.

Наредната група на Академијата ќе започне во декември. Доколку и ти сакаш да бидеш дел од Академијата пријави се денес. Ние имаме специјална понуда за Вас, попуст од 200 евра кој важи во 12ти ноември.

Регистрирај се за да го искористиш попустот на следниов линк.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This