fbpx

Академија чии ментори се експерти во полето во кое работат и кои можат да пренесат искуство од секојдневието што би им помогнало на студентите во иднина.

Во денешното интервју разговараме со Мирослав Славковски, предавач на Академија за Дигитален Маркетинг по предметот Facebook Ads. Мирослав е Digital Marketing Specialist со повеќе од 6 години во областа на маркетингот. Прочитајте го целосното интервју и дознајте нешто повеќе за него, неговата работа како и модулот што тој го предава на Академијата. Мирослав, кажете ни […]
01.16.2023

Во денешното интервју разговараме со Мирослав Славковски, предавач на Академија за Дигитален Маркетинг по предметот Facebook Ads. Мирослав е Digital Marketing Specialist со повеќе од 6 години во областа на маркетингот. Прочитајте го целосното интервју и дознајте нешто повеќе за него, неговата работа како и модулот што тој го предава на Академијата.

Мирослав, кажете ни нешто повеќе за Вас и Вашата професија.

Мирослав е еден дечко кој работи во маркетинг светот, со average screen time од 3 часа на мобилен телефон, а во слободно време гледа серии и TikTok видеа. Во моментов мојата професија е дигитален маркетинг координатор во East Gate Mall, и сум задолжен за целокупното присуството на компанијта на дигиталните платформи и социјални мрежи.

Кое достигнување во Вашата кариера Ве прави најмногу горди?

Сите успешни кампањи и проекти кои ги надминале очекувањата ме прават горд. Она што ме научило од анализирање на кампањите или проектите кои ги постигнале потребните или речиси ги постигнале резултатите е како да ги предвидам идните грешки и да не ги повторам истите.

Како се одлучивте за соработката со Creative Hub? 

Тоа се случи на почетокот на 2020 година. По првото видување со тимот, ми оставија одличен впечаток во она што сакаат да го реализираат во иднина, но и во ентузијазмот кој го имаат за хабот. Самиот старт на пандемијата нè одведе целосно онлајн, но тоа секако не беше причина за време на периодите кога бевме дома студентите да се развиваат и учат нешто сосема ново.

Колку време предавате на Академија за Дигитален маркетинг?

На Академијата за дигитален маркетинг предавам речиси три години. Поминавме голем број на групи, со многу студенти и многу успешни приказни. Со дел од студентите сме сè уште во контакт, разменуваме мислења за кампањи и проекти, како и дискусија за подобрување на резултатите.

Може ли да издвоите некој студент на кого сте особено горди? 

Не би било фер да издвојам некој посебно, но можам да кажам дека ми е многу драго што голем дел од нив гледам како успешно напредуваат во својата кариера или започнале кариера со дигиталниот маркетинг. Секој успех на студентот е успех за менторите и академијата. 

Во текот на годините работите со различни групи, што е она што сметате дека најмногу им е потребно на студентите да го научат на Вашиот предмет, Facebook Ads?

Потребно е студентите да бидат активни на предавањата, да развиваме што е можно повеќе дискусии околу тематиката која ја работиме. Креативноста, стратешкото размислување и колку ја совладале материјата можеме да ја погледнеме преку задачите кои ги работиме во текот на предавањата. Најважна е практичната работа каде навистина ќе можат да покажат што знаат и умеат преку работите кои ги имаат научено на часовите за време на предавањата на Академијата.

Зошто сметате дека Академиите како Creative Hub се добри? Како ова го промени начинот на учење? 

Менторите во Creative Hub кои лично ги познавам, но и оние со кои не се познаваме знам дека се одлични во нивната област, затоа можеме на студентите да им пренесеме солидно искуство од секојдневнието. Академиите го променија начинот на стандардно студирање и студентите го искористија за брза промена на својата кариера. Потребно е тоа знаење да го искосристат во практична работа за да постигнат успех во кариерата и да го постигнат она што го сакаат, започнување на нова кариера. Јас и по Академијата, им останувам на располагање на студентите доколку имаат некое прашање или им е потребна помош во работата.

На огласите за вработување сè повеќе се бара апликантите да поседуваат практични вештини. Кои вештини ќе ги стекнат студентите на Вашиот предмет?

Речиси сите позиции поврзани со дигитален маркетинг бараат познавање на сетирање на Meta реклами. Моја задача како ментор е да пренесам најпрво техничко знаење на студентите, а потоа да ги насочам како да размислуваат при сетирање на рекламите. Со текот на времето и со практична работа, но и по анализирањето на резултатите ќе можат да најдат што е она што е добро, што е она што не функционира и што е она што може да се подобри.

Aкадемијата за Дигитален Маркетинг е единствената акредитирана академија од CPD-UK во Македонија! Студентите на Fast-track програмата се стекнуваат со британска диплома која е светски признаена. За вредноста и признавањето на CPD прочитајте на следниов линк

Во тек се уписи на нови групи на Академијата за Дигитален Маркетинг и моментално има попуст од 300евра доколку се одлучите да за запишете на академијата најдоцна до 31ви јануари. Закажи состанок со нашиот кариерен консултант Стојанчо тука!

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This