fbpx

Одлична Академија пред се фокусирана во краток временски рок да им овозможи на луѓето адаптација на нивните кариери во вистинска насока.

Во денешното интервју разговараме со Валон Ибраими, предавач на Академијата по предметите PR и Marketing Management. Валон е PR & marketing specialist со повеќе од 10 години искуство и основач на маркетинг и PR агенција, Synopsis Ads. Прочитајте го целосното интервју и дознајте нешто повеќе за него, неговата работа како и предметите што тој ги […]
Valon - lecturer Академија за Дигитален маркетинг
11.28.2022

Во денешното интервју разговараме со Валон Ибраими, предавач на Академијата по предметите PR и Marketing Management. Валон е PR & marketing specialist со повеќе од 10 години искуство и основач на маркетинг и PR агенција, Synopsis Ads. Прочитајте го целосното интервју и дознајте нешто повеќе за него, неговата работа како и предметите што тој ги предава на Академијата.

Валон, кажете ни нешто повеќе за Вас и вашата професија.

Да работите во маркетинг светот и во делот на ПР и односи со јавност е навистина голем предизивик, а истовремено ви овозможува и големо задоволство во работата. Динамична професија, многу барана во последно време, бидејќи и потребата на компаниите е голема за креативни активности, со кои ќе се истакнат пред конкуренцијата, а вие сте тука да го испорачате тоа.

Кое достигнување во вашата кариера Ве прави најмногу горди?

Постојано низ кариерата се усовршував бидејќи секогаш мора да сте спремни да учите нови работи, тоа е клучот на успехот. Како достигнување би ја издвоил мојата работа како маркетинг менаџер во Опел Германија во период од две години, таму имате можност од прва рака да работите со експерти и врвни професионалци во својата област. Но, најмногу сум горд што после долги години работа во други компании конечно имав можност да основам своја маркетинг и ПР агенција Synopsis Ads, каде што имаме одличен тим на млади и искусни професионалци со повеќегодишно искуство, и преку која сакаме да понудиме иновативност и различен пристап во маркетингот за нашите клиенти кои веќе тоа го препознаваат.

Академија за дигитален маркетинг

Како се одлучивте за соработката со Creative Hub? 

Одлична Академија пред се фокусирана во краток временски рок да им овозможи на луѓето адаптација на нивните кариери во вистинска насока. Ми се допадна моментот што главниот фокус е практичната настава која е најдобра преку вистински и реални примери да го пренесете вашето знаење, нешто што недостасува во класичното формално образование.

Колку време предавате на Академијата за Дигитален маркетинг?

Ова е веќе трета година како што предавам во Академијата за Дигитален маркетинг.

Може ли да издвоите некој студент на кого сте особено горди? 

Има повеќе студенти, не би ги именувал сега, но некои од нив се веќе дел од компанијата Synopsis Ads, која ја основавме бидејќи кај нив препознав желба талент и изразена креативност со која може да допринесат и ја подобрат работата во агенцијата.

Во текот на годините работите со различни групи, што е она што сметате дека најмногу им е потребно на студентите да ги научат Вашите предмети PR и Marketing Management?

Повеќе реални примери, работа на вистински проекти, тоа е единствениот начин преку кој најбрзо и најдобро може да ги научат предметите PR и Marketing Management.

Зошто сметате дека Академиите како Creative Hub се добри? Како ова го промени начинот на учење? 

Како што претходно напоменав, Академиите се многу поразлични од класичното формално образование каде многу непотребно време се троши на теорија без пракса воопшто. Тука е и главната разлика, човек најдобро учи кога ќе се соочи со проблем и предизвик и кога ќе успее да го реши. Тоа знаење стекнато на овој начин многу тешко се заборава и единствено може само да се надгради.

Академија за дигитален маркетинг

На огласите за вработување се повеќе се бара апликантите да поседуваат практични вештини. Кои вештини ќе ги стекнат студентите на Вашите предмети?

Имено, тоа е и целта, кога студентите ќе завршат со Академијата веќе да имаат во нивните биографии искуство со реални проекти, да имаат дополнителна вредност стекнато покрај формалното образование. На тој начин се повеќе барани и на пазарот на трудот и на идните работодавци.

За сите заинтересирани за Академија за Дигитален маркетинг имаме Black Friday попуст од 400 евра кој може да го искористите најдоцна до 2ри декември. Побрзајте и искористете го најголемиот попуст на годината. Регистрирај се сега!

Поврзани постови

Академија чии ментори се експерти во полето во кое работат и кои можат да пренесат искуство од секојдневието што би им помогнало на студентите во иднина.

Академија чии ментори се експерти во полето во кое работат и кои можат да пренесат искуство од секојдневието што би им помогнало на студентите во иднина.

Во денешното интервју разговараме со Мирослав Славковски, предавач на Академија за Дигитален Маркетинг по предметот Facebook...

          Pin It on Pinterest

          Share This