Практичен маркетинг проект за клиент

Практичните проекти на Академијата имаат за цел студентите да ги покажат стекнатите знаења. Воедно, со самите проекти студентите добиваат можност за вработување. Creative Hub има склучено меморандум со компанијата Еко Вент. За таа цел компанијата изработи бриф и истиот го презентираше пред студентите од Академијата за дигитален маркетинг. Студентите имаа можност да работат на реален […]
Проект: Дигитална маркетинг стратегија
01.05.2022

Практичните проекти на Академијата имаат за цел студентите да ги покажат стекнатите знаења. Воедно, со самите проекти студентите добиваат можност за вработување.

Creative Hub има склучено меморандум со компанијата Еко Вент. За таа цел компанијата изработи бриф и истиот го презентираше пред студентите од Академијата за дигитален маркетинг. Студентите имаа можност да работат на реален проект за клиент. Еко Вент е општествено одговорна компанија која се грижи за подобрување на квалитетот на воздухот. Компанијата е B2B и B2C ориентирана и нуди производи како инвертер клими и прочистувачи на воздухот.

Што содржеше брифот?

соработка со еко вент

Потпишан договор со Еко Вент

  • Предлог за креирање на оптимизирана web страница
  • Креација на дигитална стратегија за social media
  • Еmail marketing содржини со дефиниран контент
  • Осмислување на целосна комуникациска стратегија која ќе биде во корелација со постојната

Што се очекува од студентите?

Од студентите се очекуваше да ги применат стекнатите знаења од предметите на Академијата за Дигитален маркетинг.  Предметите како Facebook Ads, Email маркетинг, SEO и односи со јавноста. Да направат анализа и  да дадат предлог сугестии за водење на маркетингот на компанијата. Да дадат свои предлози за промена и подобрување  на тековниот слоган на Еко Вент.

Решенија од студентот Габриела Јакимовиќ

Во однос на општествено одговорниот елемент на компанијата првото решение на Габриела беше да се донираат клима уреди на институтот за белодробни заболувања.

  • Дополнително предложи да се избере заштитно лице ( како на пример фудбалер на ФФМ поради големиот успех и радост која ја донесоа во 2021 година).
    Истото да се изведе преку снимање на АТЛ и БТЛ реклами.
  • B2B соработки и договори со потенцијални клиенти.

Предложени слогани беа:

  • Во чекор со природата
  • Welcome to the ECO ERA
  •  Join the ECO ERA

Заклучок

Студентите од Академијата за дигитален маркетинг најефикасно учат преку работа на реални проекти. Тие се одлична можност студентите да го покажат своето теоретско знаење во пракса. Работата на реални проекти е она што не прави добри дигитални маркетери. Дополнително компаниите можат лично да се запознаат со студентот и да изберат кој ќе го вработат.

Во следниот блог прочитајте за нашиот нов партнер за соработка Рептил маркети.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This