fbpx

„Многу покорисно е да учиш од експерти во своето поле со кои можеш и да комуницираш“ – Ана

Денеска разговараме со Ана Грујовска, студент на Академијата за Дигитален маркетинг. Во продолжение во интервјуто дознајте зошто Ана реши да ја промени нејзината кариера, која била нејзината мотивација за да го направи тоа и какво е нејзиното искуство со досегашните предавања. Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите?  Дипломирав на […]
Digital marketing student - Ana
07.11.2022

Денеска разговараме со Ана Грујовска, студент на Академијата за Дигитален маркетинг. Во продолжение во интервјуто дознајте зошто Ана реши да ја промени нејзината кариера, која била нејзината мотивација за да го направи тоа и какво е нејзиното искуство со досегашните предавања.

Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите? 

Дипломирав на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за Класични Студии. Но, по кратко време работејќи по професијата, решив да направам промена на кариера и да се пренасочам кон маркетинг сферата. Маркетингот ми беше привлечен и од порано, така што одлуката да влезам во тие води не ми беше тешка.
Почнав како практикант во BizzBee Solutions во Marketing Operations одделот, каде почнав да се занимавам со lead generations и малку со email outreach/cold emails. По праксата, се вработив таму и останав во фирмата околу година и пол, занимавајќи се со lead generation и LinkedIn Outreach. Неодамна прифатив remote позиција во британско-шпанска SEO компанија како Outreach Specialist.
 

Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место?

Опцијата да работам во SEO фирма ме поттикна да се свртам повеќе кон SEO курсеви. Морам да признаам дека SEO е интересна и привлечна гранка од полето на дигиталниот маркетинг. Но, искрено, се уште не сум дефинитивно одлучена на која гранка од дигиталниот маркетинг би сакала да се посветам. Затоа не можам со сигурност да кажам кои вештини би ми биле потребни до идеалното работно место.
Но, за да успеам на моменталното работно место, сметам дека од најголема корист би ми биле вештини од областа на email marketing и SEO. 

Која беше Вашата мотивација да се запишете на Академијата за Дигитален маркетинг?

За да се усовршам во новата работа кога почнав да работам во BizzBee Solutions, почнав да слушам читам и да слушам курсеви. Курсеви од областа на маркетингот и други вештини кои сметав дека ќе ми се од корист како Excel. Слушав и кратки и долги курсеви кои би ми биле од корист и во B2B и во B2C светот. Но, сепак дојдов до заклучок дека не можеш се да научиш сам од интернет. Многу покорисно е да учиш од експерти во своето поле со кои можеш и да комуницираш. Во секој случај, крајната мотивација да се запишам на Академијата беше моето искуство во B2B светот од кое добив желба да се запознаам повеќе и подетално со сите сфери на дигиталниот маркетингот.

Early Bird на Академија за Дигитален маркетинг

Регистрирај се!

Како сте задоволни од досегашните предавања?

Генерално сум задоволна од предавањата и предавачите на Академијата за Дигитален маркетинг. Сите ментори се посветени на работата и се трудат да ни ги пренесат лекциите кои тие ги научиле од своите искуства со цел подобро да се снаоѓаме со предизвиците на професијата. А тоа се лекции кои никако не би ги добиле со курсеви и материјали кои се достапни на интернет.

Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?


Секако дека стекнуваме практични познавања. Секој од менторите се труди преку практични задачи да не поттикне да ја развиеме и креативната и логичката страна неопходни за занимавање со оваа професија. Но, долг е патот до комплетирање на вештините неопходни за да станеме професионалци. Таа цел која несомнено ќе ја постигнеме со оглед на изборот на предавачи од страна на Creative Hub.

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

Немам посетувано други Академии до сега. Но имам присуствувано само на воведен курс одржан од Brainster во Mladi Hub. Секако, истражував на интернет за многуте Академии. Слушав искуства од луѓе кои посетувале различни Академии за да стекнат вештини од различни сфери. Разгледав и кои се професорите кои предаваат на Академиите пред да ја донесам финалната одлука.

Early Bird на Академија за Дигитален маркетинг

Регистрирај се!

Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?

Се одлучив за Creative Hub поради искуства на две пријателки кои посетуваа различни Академии таму. Нивните впечатоци од знаењата стекнати на соодветните Академии кои секоја ги избрала беа супер. Покрај предавачите тука се и материјалите кои самиот Creative Hub ги нуди за припрема пред часовите. Исто така и поддршката од Creative Hub во понатамошното наоѓање на пракса и работа. Нивните искуства ме поттикнаа да го изберам Creative Hub. Крајната одлука ја донесов по завршување на бесплатен курс кој беше еден тип на preview за што би можеле да очекуваме од Академијата. Дефинитивно би го препорачала Creative Hub на сите оние кои размислуваат да направат промена во својата кариера како мене.

За сите оние кои размислуваат за кариера во областа на дигитален маркетинг, спремивме Early Bird понуда со попуст од 200 евра за запишување на Академија. Оваа понуда важи до 15ти август.

За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

Но, ова не е се за Вас имаме и подарок, Бесплатна Е-книга за дигитален маркетинг. Примерокот може да го симнете на следниов линк.

За повеќе вакви приказни може да прочитате на нашиот блог.

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This